Форумџика на годината

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Му кажувам не, вреснувам. Он не се смее има озбилна фаца. Значи ме гризе, пушта и си ја врти главата и почнува да си лази по спална. Така да секако сам се трга од цице. Не знам што му значи ова.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.744
    Допаѓања:
    18.448
    Пол:
    Женски
    :drunk:
    Штом ке забележиш дека ке те гризе, реагирај вака. Направи баш лута фаца.
     
    На Butterfly1107 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Ја слушав еднаш Марина мислам беше или друга некоја летото за ова збореше баш најлошо дека е лута фаца да се прави и нервозно да одвраќаш може да се одбие. Раскажуваа баш за некои начини на пример глодалка пред цицање или да забележиш моментот пред отпуштање од града па сама да го тргнеш пред сам крај самиот инстинкт да ти каже кога. А треба со убаво да се каже " Не гризење" "Не ја гризи мама ја боли" со мирен тон
    Сигурно има на нет поопширно повеќе начини
     
    На Butterfly1107, Jana06 и Chuchanov им се допаѓа ова.
  4. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Пробај пиј чај од камилица или анасон. Краставица и брокула избегнувај.
     
    На A.n.g.e.l.a.V му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    За ова мислам @Kaetana може најубаво да ни објасни, ако не се лажам таа има пишано, за тоа на бебето треба јасно да му се стави до знаење дека тоа што го прави не е во ред и дека на мајката и предизвикува болка. Не со повишување на гласот туку со тргање од града и "лутење". Без смеење, за да знае дека тоа не е игра
     
    Последна измена: 8 февруари 2021
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Не знам не дојам само тогаш следев дури бев трудна и сум запамтила за тоа
     
  7. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Како е со напредокот? Дали добро напредува? Кога е последно мерење?

    - - -

    Бидејќи гризењето доаѓа кога бебето веќе е поголемо реакциите се со прекинување на подој. Значи не да викате, не да го карате, не да го извадите од памет, туку да го прекинете подојот и да кажете "не" со мала доза на лутина. Не смее реакцијата на бебето да провоцира да се смее, бидејќи тоа е контра ефект - ќе сака да направи пак така мислејќи дека е интересно. Но не смее ни да биде траума. Едноставно со прекинување подој и строго потенцирање дека тоа така не оди.

    И јас бивам инаку гризена. И тоа кај нас почна кога веќе е дете да речам, не бебе. Почна кога растеа четворките, дали му беше преболно, не знам.. со вриштење, нервирање, будење навечер, гризење облека ... Со страв му давав да цица..
    И уште знае да направи од време на време таков испад... За разлика од ќерка ми која ниту еднаш не ме гризна. Ниту еднаш.
     
    На Butterfly1107, Thallia, Ava.84 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Nikinena

    Nikinena Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    402
    Пол:
    Женски
    Мамички, на доење сме ама во комбинација со 60мл Аптамил навечер дека не можев да издржам неспана. Е сега малата е седма недела и млекото ми се намали. После подој ако се измолзам за наредното доење (после 1.30мин некогаш 2часа) нема доволно млеко. Ја ставам на една града 20мин и на другата исто. Не секогаш цица по точно 20мин ама гледам бар 15мин да цица. Вчера и денес морав денски да дадам 60мл Аптамил и навечер 60мл. Пијам боза и повеќе течности и не ги имам прекинато пред мама што ги пиев во бременоста. Некој совет ?!
     
  9. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Давај го и твоето измолзено да го пие, откако ќе заврши со цицање.

    Во исхрана можеш да пробаш да воведеш овесни+јогурт, ја и лактамикс чај пијам по 2-3 шољи дневно.
     
    На dromka, Nikinena и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  10. enaena

    enaena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    122
    Мајки хелп, пред 2 недели воведов дохрана, бебе е скоро 6 месеци. Почна да јади цела кашичка од малите, што мислам е замена за оброк, па цица дури после 2-3 часа. Значи сабајле цица 8:30-9:00, после јади каша во 11-30-12:00 и цица дури во 2:30 отприлика, значи 6 саати без цицање.
    Мислам дека поради тоа млекото ми се намали, кога цица поручек околу 18:00 плачи нервозна е, се трга се нервира, нејки да цица. После тоа веќе ја цицам 2 пати поспана и не прави толку проблем, но пак негодува.
    Алергична е на млеко, затоа немам паднато во искушение да дадам ад.
    Дали треба кога јади таа каша јас да се измолзувам за да одржам лактација, чуствувам вака млекото се намалува?
     
  11. enaena

    enaena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    122
    Е сега прогуглав значи скрос погрешно правам што едно доење го заменив со каша... сега чаре, дали може да си го вратам млекото некако? Ќе продолжам од утре да ја цицам пред каша
     
  12. LittleLilit

    LittleLilit Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2020
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Можеш за време кога јаде да се измолзуваш и тоа млеко да го користиш во кашичките, ем ќе стимулираш ем нема да рипате подој.. ова за во кашички низ форумов некој го имаше пишано како идеја, ако не само испумпувај за да не се намали млеко.. дури и после другите доења пумпај да стимулираш
     
    На dromka и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  13. hana@@

    hana@@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2020
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Мамички ке ве молам за искуства.Бебушко е веќе 3 ипол месеци,А јас незнам што ќе правам со ноќното потење.ПО 3 МАИЦИ МЕНУВАМ НОЌЕ.Бебе си цица ,супер си напредува ама потењево почнува да ме плаши.Се потам само над градите и позади на врат.Нормално ли е и после 3 мес.да трае ова?А прележав и корона пред месец ипол па ме фаќа страв да не е поврзано и со тоа?
    Извинете на долгиот пост.
     
  14. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    Со тешко срце ама мислам ќе го прекинам доењево.
    Утре сме на педијатар ќе и ја опишам ситуацијата, ама бебе иако сака да цица стално мене раниве и болката од кожа ме вадат, се трпи до негде ама ова е премногу.
    Проблем бр.1- бебе не знае да пие од шише. Молзам млеко и го фрлам, дали 10мл успева да испие.
    Проблем бр.2- не фаќа цуцла..
    Проблем бр.3- спие само на цицка. Ни нишкање,ни пеење.. ништо.
    Не знам како ќе бидеме, кое шишенце е слично на мајчина града, јас имам нук ама не пие од него?
    Или да ставам крпа во уста и стискам додека трпам болка или со плачки да ставам крај на доење од само две недели.. трето нема.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.744
    Допаѓања:
    18.448
    Пол:
    Женски
    @Kaetana мене синко ме гризеше за да ме тестира и за забава. Ме гледаше во очи и гризе. Ако давам знак, било каков, уште посилно гризе.
    Со строго не и прекинување подој успеав да го одвикнам.

    @Chanell* со силиконска пробавте ли? Раните најубаво ке заздрават ако диши кожата. Прашај за некој маст за рани, па одмивај пред секој подој.
    Јас со авент натурал давав молзено и океј беше.
     
    На dromka и Kaetana им се допаѓа ова.
  16. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    Да, ама ми дале С величина и не знам дали е до тоа ама не фаќа.
    Се нервирам ужасно ова крај нема.
    Ставам масти и тоа 4 врсти, трпение и време треба, ама не можам. Ни се трпи ни уживам во ова.
     
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.744
    Допаѓања:
    18.448
    Пол:
    Женски
    Големината е за твоите брадавици, не знам дали има улога кај бебе. Јас дали М имав, види да не ти се мали.
    Верувам дека е болно, јас имав болки на почеток додека се разработат каналите, синко влече а мене ми се плаче од болка.
    Стисни заби, знаеш и сама кој е бенефитот и колку е лесно да извадиш цице.
     
  18. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.062
    Допаѓања:
    119.014
    Пол:
    Женски
    М величина ми дадоа уште во болница мене, и уште е М. А мноогу поголема е од мојата брадавица, која како да ја немам е. Пробај смени величина.
    Моето бебе со молење цица, но упорна сум доста.
    Пробав да и дадам измолзено нема шанси да фати, дохрана исто.
    Затоа ми е страв дека ако не ја дојам ни друго нема да ми прифати.
    Советувај се баш и со педијатар да видиш што ќе ти каже.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    33.839
    Пол:
    Женски
    Еве јас не знаев дека имало цуцли што биле слични на градата и цуцли за ад.Нук се цуцли за ад.Јас имав со првото и никако не фати.Сега барав и најдов дека на МАМ цуцлите се слични на града, исто Lansinoh.Еве како изгледаат.
    20210210_144218.jpg 20210210_144249.jpg
    Второто ми одеше со пумпата од првото дете и само оваа цуцла ја прифаќаше.

    Инаку знаеш дека давам подршка за доење и подобро да стапиш во контакт со лактациски консултант.Они можат да ти помогнат околу местењето на бебето па и проблемите со рагади.Ама што и да одлучиш не е крај на светот ќе порасне овака или онака:)
     
    На Alishan30 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  20. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    Консултирав.
    Не се рагади кај мене, многу поголемо оштетување имам на градата.
    Ќе видам до кога можам да терам вака, ама секако нема да го сфатам ад така трагично.. иако нормално,желба ми беше доење и со ова бебе.
     
    На dromka, Ava.84, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.