Не сакам да ти се правам паметна, ти секако имаш поголемо искуство од мене, ама дали имаш пробано вакви компресии да ставаш.Може ги има во ДМ . Исто можеш да ставаш и ладни облоги од црн чај.Вариш црн чај и го оставаш да излади па еден тупфер го мокриш од чајот и ставаш на градата да стои.Ја намалува болката, ама пред доење се мие за да не ти ја одбива градата бебето од што горчи. Се надевам ќе успеете во доењето
Дали некој настинал додека доел (болки во грло, глава, затнат нос, од денес и температура качив цело време го дојам со маска и цело време сум со маска дома, но и така сум цела затната уште со маска.. ваши искуства? Што правевте и пиевте за побрзо да ви помине? Не е ковид, правев тест..
Кое ад млеко и кои шишиња најбргу ги прифатија бебињата кои цицаат и имаат плус оброк ад? Мојата не сака никакво млеко,шише и лажливка
Синко пиеше мајчино молзено со авент шише. Друго не сакаше. Ад е многу индивидуално, може ке мораш да смениш неколку типа додека да му се допадне некое на бебе.
А што се овие ? Баш ќе одам до ДМ утре и ќе видам дали има. За црниот чај и една акушерка ми кажа, уште не сум зела.. и тоа ќе пробам.
Мајки ќе морам да преминам на АД дефинотивно будна не сака да цица.Мака мачеме,морам да ја заспам,тешко заспива со плачки,цуцлата ја смука,гледам дека сака да цице,ја ставам одма на града вадам цуцла и вриште! Што се случува незнам.Бебе е два месеци и една недела.Се измачив.Досега ни еднаш немам дадено ад,не прифаќа шише ни млеко.Мака мачам,оваа е измачување веќе.Дајте некој совет
И мојата вриштеше, сега помалку. Но ни ад не фати. Ништо не фати. Оставав, ја давам на маж ми, се смирува таа, а богами и јас. По некое време пробував пак. Затемнета соба со пригушено светло, тишина дома, таа полузаспана и така само ми цицаше.
Од кога почна вака да ти прави? И на колку часа цица?Како да темпирам да не е гладна? А и мака мачеме со заспивање,можеби е и гладна и и се спие и само вриште кенка цуцла смука а никако да фате цицка
Исто, вака ни е скоро 2 ипол недели. Во 4ти скок е ќерка ми. Цица јас кога ќе ја потсетам, на 3-3 ипол до 4 часа. Исто цуцла и раце шмука со сласт а на цице се буни. Кога е заспана цица без проблем. Пробај и АД ако мислиш, јас пробав и исто вриштеше, не сака ништо тогаш и толку. За да знаеш дали гладува ќе плаче и пократко по доење, ако мочка и има редовно полни пелени и на килажа качува не ти е гладно бебето
Е вие во четврти скок,а ние?Рано е за тој скок,незнам што да мислам.Некохаш после цицање пак кенка,ја ставам на града не фаќа и мислам дека е гладна.Пелените не се полни како што беа,кака некогаш два пати некогаш по 3-4
Мене и во втор и во трет скок исто вакА ми правеше. А таман ќе сс одвикнеше од цуцла, ете ти го скокот и станува неопходна..Цуцлата и ја ставав, чекав да се смири, да подзаспие па и давав да цица Често се случуваше и така пак да се развришти да не сака. Се одмолзувАв не сакаше ни молзено. Па ќе пробав пак после пола саат, саат и на крај ќе фатеше, ќе изгладнеше, немаше кај да бега. Колку пати плачев ама тоа што знаев дека е само фаза и што ноќе цицаше без проблем ме тешеше дека проблемот не е во моето млеко, туку во нејзиното расположение. Не се секирај, само биди трпелива.
И пелените не се толку полни како што беа,се плашам да не е гладна,а неможам ништо да помогнам кога не фаќа да цица.Не сака ни шише ни АД,ама ќе мора да сум упорна за шише.
Гледај да си упорна да цица, а не шише. Штом имаш млеко, греота е да не ја доиш. Штом вришти и за цице и за шише, вознемирена е. Смири ја, не ја форсирај во тие моменти.. нека задреме и такс во сон давај. Ноќно време прифаќа ли да цица? Вториот скок и е баш тогаш - во 8 и 9та недела. Гледај да форсираш ноќни подои и преку ден задремана. Кога вришти не ја ставај, уште толку ќе ја вознемириш. Во такви моменти можеби е подобро друг да ја земе да ја смири пошто и ти си нервозна, а она осеќа
Прифаќа ноќно време и преку ден мора прво да заспие.Одспива некои 15-20мин и се буди и цица ама не многу.Ако отвори очи толку е со цицањето.Знае да се искака на сред цицање и прекинува.Се надевам до скокот е...Уште колку време би требало да е така?Ептен сум нервозна...Само штом ја земам да ја залулам,она почнува да плаче
Јас дури мислев дека немам млеко сеа имам и повеќе од што може да исцица на десната града. Обавезно 2 пати на цицање ќе ми се засркнд ем ја држам високо. Потоа се молиме за ждригање, па ќе бљуцне, па почнува да ика и ај па на града да прекине и така преку ден ни е тој магичен круг. Навечер цица на 2/3 саати. Преку ден на саат/саат ипол. Цело време бара, ако не дадам да цица почнува да плаче да се витка, да помодрува од лутини. А 2ипол недели сме.
Веројатно е до скокот. А може и грчеви уште да ја мачат.. пробај пред да ја доиш да ги масираш градите и да ги стоплиш со тетра топла или со топол туш за да ги опуштиш каналите и одма да почне да тече млеко штом почне да цица.. можеби тоа ја нервира..
Исто се како влажни марамици малку подебели со неколку етерични масла и не се на база на ланолин, а кај многу жени ги намалува болките во брадавиците.Можеш една да пресечен на две оти е поголема. Сигурно и консултантката ти кажала да ја менуваш позицијата на доење со тоа ќе видиш во која позиција бебето најдобро ја фаќа брадавката и нема да ти се повторува се иста повреда Се надевам ќе ги има во ДМ
А зошто не ја паузираш градата и рачно молзи се за недела две ќе се среди што и да е. Спојлер: Брадавица да не згадам некој кај мене како откорната ( се двоеше не знам како да објаснам) не знам дали со тоа се соочуваш тука ни силиконска не помага толку лоша беше мислев ќе ми ја доискорне и преку силиконска се гледаше како местото се тегне нели од положбата уште имам како рана од заздравено ми е језа дури што се гледам иако се поминати скоро 3м откако доев. Мислам спас е да не ја даваш да ја лекуваш и рачно да молзиш може ќе се намали млеко но тука добив совети дека со една града успешно може да се дои па после ќе ја стимулираш оздравена....