Се надевам дека е до скокот...незнам уште колку време ќе е така,се надевам за кратко,немам време да посветам на баткото
Таква е баш,откорната до половина. Се тоа е од неубав фат. Молзам рачно и што дека, џабе си го фрлам млекото. Ќе извадам убава количина млекце,и давам во шишенце, ако сум дала 60мл 30 ги повраќа во млаз после некоја минутка, и бљуцка цело време. Силиконска не сака, плаче нервозно и не цица со неа. Вака, блузата во уста и стискам додека не мине болката, и од сабајле почнав да давам и на таа града да цица. Болно е првите секунди дури повлече, ама ако е наместена правилно болката е минимална. Страшно изгледа битно. Ама ми минаа мушиците за престанок, ќе трпам ама ќе дојам. Ќе помине кад тад..
Ќе помине ја си признавам болката не можев да ја истрпам страшно е дефинитивно плачки бев. Гледај ако можеш одмарај ја и стимулирај ја со молзење јас така правев помина ама па после да знаеш кај мене се запуши и снема млеко не се врати до крај воопшто ни рачно ни сп бебе на града ни со пумпа секна едноставно и секако на крај се одбивме. Најдобро е ако можеш да истрпиш ако не можеш па боже мој никому ништо Со лесно дај боже брзо да ти помине
Сега па и не се сеќавам како низ магла ми се тие недели, до 1 мес цицаше ама беше комбинирано никогаш на ексклузивно доење додавав ад, а после кога ми настана проблемот молзев уште 1 месец сигурно не цицаше ( и тогаш беше комбинирано со ад) и толку
Јас молзам, дојам и ад. Повеќе на молзено е во шише му давам, ад само хитно кога немам доволно. Овај мојов голем јадач е.
Има тема за исхрана со молзено сигурно ќе најдеш некои совети ако ти требаат. Ја тоа што научив е важбо градите да бидат меки од молзење многу лесно се прават грутки маститис и други глупости ако неубаво празниш
Девојки моето бебуле е 3 дена ама ме врти како сака Шала на страна ми треба ваш совет. Утре здравје ќе не пуштат од болница мене дури сега пополека ми почнува колострумот. Но, тука даваат АД, ја сака цуцлата ептен таа на ремедика, сака да цица се врти и ако фати убаво влече и брзо пушта незнам дали нема стимул за влечење дека не тече ништо и кога ќе пушти неможе одма да фати и се нервира. Нервозна е ако во истата секунда не фати и буквално рика. Ќе ни дадат Хип за хранење сигурно ама јас стварно незнам како се да комбинирам и да се снајдам. Хаос сум скроз.
Пишав и во друга тема, синко значи ме искина од гризење, на секој подој. Сега дури гризе и не пушта, морам да му пикам прсти и така да си ја ослободам брадавицата. Вчера леташе крв насекаде, имаше и кај него во уста. Од нешто најубаво на свет, за една недела кошмар ми стана доењево. Сакам да купам силиконски, можеби така нема да боли или барем додека се одвикне од гризење. Кои би ми ги препорачале? И како да знам која големина да земам? Големината е во однос на пупката што ја имам? Така да споредувам?
И мојот тешко фаќаше и плачеше додека да фати. Тоа траеше едно две недели после се научи да фаќа без проблем. Се дешаваше по 30мин да пробувам да му ја ставам брадавицата во уста, не се откажував. Инаку и јас давав Ад првата недела, давав кога после подој ако го оставев во креветче не заспиеше и плачеше. Иначе ако си заспиеше или си разгледуваше не давав.
Бремена сум 28 недели, ама бидејќи во темава има доста искусни мајки ми треба ваше мислење. На ареолите имам точки на хиперпигментација. Тоа знам дека е нормално. Меѓутоа само на едната дојка имам жлездички од кои една е релативно поголема од другите. Како подбелени, како да се полни со некоја проѕирна или белузлава течност. Не ги чепкам, не ме болат, не ме чешаат. Само ме интересира дали е нормално. Во продолжение ќе прикачам слика во спојлер од интернет, за да ви доловам на што точно мислам. Спојлер
Давање цуцла на бебе кое уште не фатило цицка е огромна грешка. Како бебе да научи да цица од брадавица ако во старт му се нуди полесна алтернатива? Фрлај шише и давај со шриц додека да почне да цица. Дури и откако ке почне да цица шише е ризик. Катастрофа е на приватно да прават вакви пропусти. Големината е според брадавица да. Има s m l, ке мора од око да процениш. И кај мене беше вака, ама не за време на бременост, едноставно такви ми беа брадавиците. Никогаш не сум ни обрнала внимание на тоа. Успешно дојам 18 м, така да, немај гајле, тоа нема да ти е препрека во доење.
Купив силиконски, џабе... Тие му се уште поинтересни за гризење а и преку нив боли. Плус тоа ги вади, сака да си игра со нив. Така да не знам што ќе правам. Купив и млеко џабе тоа не става во уста па не знам што да е. Изгледа горните кецови го мачат, ајде нека искочат па ваљда ќе прекине да гризе.
Моево уште нема развиено рефлекс на цицање, го хранат преку сонда, јас имам млеко, градите ми се камен, пробувам да се одмолзам ама не тече, само неколку капки. Како полесно да се одмолзам, да ги пробијам тие канали? Да купам пумпа? Тука има една рачна ама не помага
Земи зелка, замотај листови околу градите. Или пелени натопени со топла вода ( зависи колку примаат, како убаво помочана пелена) и завиткани околу градите. Само брадавиците да ти се извадени на суво.
Масажи под топол (жежок) туш и тоа со нежен притисок од вратот накај ареолата, од под пазуви накај ареола, од под гради накај ареола.. не притискај многу туку нежно масирање. И зелка доста помага, ама претпоставувам дека си во болница уште, па нема да можеш, ама супер опција е за дома. Со рачна пумпа немам искуство, но ако планираш подолг период да молзеш би ти препорачала електрична. Но до тогаш би требало и рачната да заврши работа, знам луѓе што со рачна долго време молзеле. Исто така додека молзеш прави масажи и стимулации на градата... Исто така не знам колку време пумпаш, ама и со електрична доаѓањето на млекото или let down може да биде и по 2-3-4 минути, така што биди трпелива. Битно е и пупката да биде во центарот на инката - за максимален ефект и за да немаш болки и рани. Можеш да пробаш и рачно да се измолзеш, пуштам линк за објаснување. Ако ти го носат бебето во соба, ако имате можност да си направите кожа на кожа контакт, да ти лежи голо на голо гради би било супер. Ем она ќе се запознае со твојот мирис ем кај тебе хормоните за млеко ќе проработат и ќе се ослободат каналите. Мене лом ми беше спавачата само што беше бебето до мене и стално кога доев од едната, од другата течеше. Хормоните се чудо, многу влијаат. Влијае и стресот, па гледај да се олабавиш.. фала богу малото е здраво, ти имаш млеко и ќе го доиш бебуш за кратко и ќе си се гушкате. Мисли на тоа и на други убави работи за него и ќе биде подобро Те гушкам
Нормални се , ги имав уште пред бременоста со првото и гинекологот ми кажа дека се нормални ,се подготвувала градата за доењеПрашај си пак на нареден преглед
@MilaSs12 И тука во болница од почеток му додаваа ад со шише и цуцлапошо млекото не ми беше дојдено а тој си бараше да јаде, ама прво на мене цицаше 30мин колострум. Му додаваа и тоа 50мл и кога ги прашував колку ми викаа мора големо е.