Здраво, бебето е скоро 2 месеци. Кога ќе цица плаче многу и се нервира. Го подигам да ждригне и продолжувам со цицање, но пак е исто. Се случува и кога градите ми се полни и празни. Исто така откако направи еден месец, почна лошо да ја фаќа градата со уста, на секое влечење се осеќа како да се губи вакумот, се слуша кликање и млекото тече надвор од устата. Има некој со слично искуство?
Ставам шишиња со топла вода на градите. Многу слабо ми оди измолзувањето, а градите ме болат и тежат. Сабајле ја ставив на градите, ѝ ја мушкав брадавицата во усте ама не сака и не сака да влече. И од шише ептен малку влече и тоа што го извлече го исплука. Многу се нервирам и плакам од што не знам што да направам. Да фати таа да цица ќе биде полесно и за мене и за неа, ама ете не сака. Сега ќе пробам да ставам шишиња со топла вода и да се измолзам како на видеото. Само да почне да цица аман веќе од овие нервози
Нешто не ми е јасно. Викаш млеко шприца многу, дете сака често да цица, зошто тогаш ад? Само заради неговата тежина не би рекла. Се воспоставило лактација,колку повеќе цица градите се стимулирани да продуцираат и повеќе млеко и тоа си е ок. Мислам дека вие го надминавте периодот на адаптација. Дали плачи бебето кога цица, дека е гладно?
Жал ми е што се нервираш, но верувај нема мајка на која магично од прва бебето и фатило да цица и се било совршено. Ќе си дојдат работите на свое место, ќе видиш.. Давај и да цица пред да ја дохранат за да е гладна. Ако е најадена не отвара уста. За да отвори уста со брадавицата чешкај ја на делот меѓу устата и носето, така им се буди рефлексот за отварање уста. Кога ќе отвори, ‘бутни’ ја неа накај тебе и стави и ја брадавицата но и дел од ареолата - поентата е да се постигне асиметричен фат. Ќе помине периодов брзо, не дозволувај да помине со плачки, гушкајте се со бебуш и поврзете се, цицањето спонтано нека дојде
Запушени ти се каналите затоа не можеш да измолзиш ако си останала повеќе од 2ипол часа со тврди гради одма се запушиле масирај стискај многу боли ама издржи до вечер ќе ти пушти, најдобро под туш и земи пумпа мене пумпа највеќе ми помогна болничката може не е добра земи си ја на чико рачната нека ти ја донесат (да не ти се направи мастит)убава е ептен и лесна После секој жежок туш одма стави ладни облоги (мокра тетра) вака гинекологот ми кажа
Шприцаше, сега левата едвај вади 30мл, со десната сеуште се држиме добро. Ама никако не можам да испумпам 120мл за три сати не ми се полнат толку градите, а бебе е јадач по 120мл пие секогаш затоа додавам ад. Цица само кога е во полусон иначе не сака се нервира си го бара шишето.
Пумпањето не е никогаш исто со цицањето. Јас повеќе од 30мл неможам да испумпам, досега само еднаш измолзив 60мл. А бебе цица, и напредува. Ти си знаеш најдобро.
Ама што да прам ко се нервира на цице? Како да го заучам? И ко ќе се потроши млекото тоа си плаче си бара уште.. Јас не знам дал имам доволни ама мислам дека немам..
Почесто туширање, значи пред подој одприлика знаеш кога бебе ќе треба да цица, истуширај се и масира ги градите, да се омекнат каналчињата и ќе почне само да си тече млекото. Ова со мокри крпи функционира да ама се ладат многу брзо и треба да дремеш во купатило и да ги влажниш. Ова од искуство го зборам. прашај во аптека или во Дм дали има вакви термофор за гради. Можеш да го ладиш градите по подој, ги ставаш неколку минути во замрзнувач. И пред подој за да омекнат каналите неколку секунди или минути во микро за да се стоплат. За измозлување, рачна може да ти помогне ама мене не ми влечеше многу. Тоес ми се изместуваше постојано и се губеше притисокот над брадавицата и со тоа ништо не вадев.
Без нервози. Моја препорака е рачна пумпа, ако си во можност медела земи, јас сум презадоволна. За 10 мин вадев по 100 120 мл. За каналите туширање, значи насочи го млазот на грутката и триј. Потоа веднаш пумпај. За да не аи направиш проблеми мора да ги измазниш сите грутки а градите да не ти се тешки.
Се измолзувам само понекогаш после доење, чувам на собна температура 2 саати, таман дошло време за нов подој и го давам тогаш.
Значи бебе е најдобар стимул Преска кога ја земав во раце и од двете почна да тече млеко. Сега и полесно оди измолзувањето. Оваа вечер додека малку не омекнеат градите нема застој. Фала ви на сите за советите
Апсолутно. Пред се тоа е заради ослободување на хормони, а потоа и заради начинот на кој цица бебето, кој е поразличен од пумпа.
Ама она не ни цицаше. Само во раце ми беше, потоа ја ставив да цица, само 3,4 пати фати така нежно, не го ни голтна млекото, го исплука
Тоа сакав да ти кажам. Кога се почнува со дохрана, се нуди прво да цица бебето, па после се нуди кашата. Како сте сега? Инаку млекото не може драстично да се намали за толку кратко време. А ако се намалило, исто така може и да се зголеми. Значи зачести стимулации, нуди цело време да цица, молзи се, и давај со чашка.. ама најдобро зголеми контакт со бебето, и нуди му да цица пред и после јадење. Честитки. Имаш сосем нормално и прекрасно бебе. Само би ти рекла да не го фрлаш млекото, туку да го даваш со шприц или со чашка за ракија. Или замрзни го. Чај од камилица, парацетамол или ибупрофен... Веројатно е некој од скоковите во прашање. Направете една контрола и на тежината, да знаете на што сте. Прави компресии додека цица, обавезно измолзувај се после подој. Градите да ти се стимулирани на секои 2 часа. Ноќе обавезно стимулации на 3 часа. Количината што ќе ти ја препишат за формула, замени ја со мајчино млеко што ќе го собереш од молзењето после секој подој. На почетокот ќе биде помала количина, но многу набрзо ќе се зголеми. Како што гледаш дека се зголемува, намалувај молзење и давај што почесто да цица. Дохранувај со шприц или чашка. Гледај го подојот како оди. Дали бебето голта, колку е ефективен подојот. И многу контакт кожа на кожа со бебето. Многу. Како сте со напредок? Дали бљуцка често после цицање? Како е со грчеви? Дали е пријатно доењето? Дали имаш болки кога доиш? Смени позиција на доење, обавезно работи на тоа да е што подлабок фатот на града. Пробај биолошка позиција или фудбалска топка. Асиметричен фат. И види дали продолжува да губи вакуум... и пиши ми.
Истава ситуација беше а и делумно сеуште е кај мене. Буквално истите работи што си ги пишала, те читав и претходно. Е сега вака, според мое искуство би ти дала совет да не мешаш цицање и ад да додаваш после. Дај подобро еден цел оброк ад или два, а ти одмолзувај се неколку пати и задржи секвенца на 2, 3 саати. Откако ќе собереш за оброк дај му да цица од тебе па после на местото што додаваше ад, дај го твоето млеко. Запази отприлика кога би требало да јаде и извади го порано од фрижидер. Вака прави додека ти се регулира млекото.. Јас го правев истото додека ми надојде млеко. Потоа прекинав со измолзување надевајќи се да се воспостави лактација според потребите ама тоа е тешко. Кај мене е проблемот што имам поголеми гради, а он сака да цица ако се набрекнати полни. И во спротивно се нервира. Штом прекинав да се измолзувам после секој подој ми се намали мн млекото, почнав пак и сега имам ама мора да измолзувам отпосле. И сега му давам да цица, па измолзувам после цицање и ставам во фрижидер. После подој измолзувам околу 60 мл а он е сит 3 часа. Значи како имам млеко потешко му е да го извлече веројатно. Само навечер не го правам тоа. Ако сакаш и лп пиши ми. И да додадам, пред доење ставам пешкир на градите и малце ги држам до радијаторот и мн полесно тече млекото после, само почнува да капе.