Форумџика на годината

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. natasam

    natasam Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    630
    Леле исто...
    Фала ти за утеха дека сепак поминува кога тогаш :(
     
    На GolemaMala му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.834
    Допаѓања:
    33.848
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl: :rofl:Малото цуцко ми го направи денот:l: Мамо ти ништо не знаеш прстето дава млекце :D Да се стопиш:l:
     
    На Осе, K.Mari4ka и Alishan30 им се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    пика и моево :) Само работи со рацете нешто.
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Сама да си се цитирам, поминаа 24часа како синко ме нема гризнато. Славам!!!
    Дали е од гелчето, дали веќе ќе пробијат не знам. Битно ептен набабрено е непцето... Се надевам нема да се повтори гризањево, брзо ќе ми се опорават брадавиците и ќе продолжиме со безгрижно доење.
     
    На Осе, nadenadia, Филотеа и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Тоа што цица од една града не прави разлика. Ако стимулира доволно, ќе има доволно млеко. Е градите ќе се малку несиметрични, тоа да не те плаши. Инаку, ако сакаш да дадеш друго млеко, не знам што да те советувам за бренд, но би те советувала да даваш со чашка, а ако не оди, да даваш со шише ама обавезно со метод на paced bottle feeding. Во принцип сметам дека сите бебиња на кои им се дава да јадат со шише треба да се хранат со овој метод, дури и оние кои се на ексклузивно хранење со формула. Само со контрола на внесот и имитација на ритамот од града ги сведуваш шансите на одбивање од града на минимум.

    Ако имаш отповеќе млеко (а така изгледа по пишаното) треба редовно да ги празниш градите, но празни до степен да ти олесни и да омекнат, а не и понатаму. Секоја понатамошна стимуација зголемува или одржува продукција, а тоа кај тебе не е баш посакувана ситуација. Значи не празниш града скроз. Треба мала вештина со ова, бидејќи треба ем да измолзиш за да не се случи маститис, ем да не измолзиш многу за да се намали лактацијата. Топли облоги или топол туш пред измолзување, нежна масажа, па празнење гради (доење и или измолзување) и после стави ладни облоги или листови од зелка кои малку со сукало си ги поминала. Листовите и облогите околу градата. Инаку за температура подолга од 2 дена, би ти препорачала да се јавиш на лекар.

    Мој совет е да видите дали ги препознавате раните знаци за глад. Бидејќи кога ќе дојде до плач, тоа значи дека веќе сте ги пропуштиле раните сигнали, бебето е нервозно и може да не фати убаво града. Инаку прво правило е да се нахрани бебето, но и да се одржи лактација. Што значи измолзување и хранење со твое млеко. Пожелно со шприц или чашка.

    Добро е. И јас се надевам дека нема да се повтори, и дека ќе ти биде многу подобро. Брадавиците гледај ги и третирај ги да не случајно дојде до инфекција ако имаш баш рани на тие места.
     
    На kukla21, natasam, Butterfly1107 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. hammer

    hammer Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Фала за одговорот :) Супер напредува, првиот месец качуваше по 400г неделно и имаше повеќе грчеви па педијатарот не советуваше да цица на 2-3 часа, не почесто. Потоа качуваше по 200г за една недела. За една недела сме на контрола. Не бљуцка често. Грчеви има умерено, не е страшно, но има многу гасови. Немам болки при доење. Не ја отвара устата широко како порано, само ги испрчува усните :) некогаш ќе фати убаво широко, но многу лабаво. Пробав биолошка laid back позиција, но пак го губи вакумот. Исто така почнавме да користиме лажливка откако се регулираше лактацијата за да се смири кога плаче. Во врска со плачењето на града, можеби е од грчевите, бидејќи во исто време некогаш има и гасови :)
     
  7. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.607
    Допаѓања:
    10.039
    Пол:
    Женски
    Мајки ,некаде прочитав дека за повеќе млеко покрај многу други работи ,може и боза да се пие.Дали некоја има да сподели искуство,дали помага?
    Јас имам доволно,но сакам така и да продолжи.Пијам и чај за доилки на Хипп.Сакам да слушнам искуство од поискусни доилки и за него.:inlove:
     
    На A.n.g.e.l.a.V му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.441
    Допаѓања:
    8.823
    Пол:
    Женски
    Мајки, бебе нешто не сака да цица во последно. Ај мислев прво скок е, ама помина тоа, и еве уште. Ноќе цица супер, 1 до 2 пати, ама денски со плачки, зајдувања. Кога мислам дека е гладна, ја легнувам за цицање она вришти, и ставам цуцла се смирува. Некогаш фаќа цица убаво но најчесто со мамење прво со цуцла па подсле и ја давам градата. Цица на 3 саати па и повеќе. Редовно кака, мочка но некако ми стагнира со килажа последниве 2 недели. Ја мерам на домашна вага прво се мерам јас па со неа заедно и гледам отприлика... Инаку сме полни 3 месеци.
    Матичниот ми е во изолација уште неколку дена. Јас се нервирам вака, а од што се нервирам мислам и она осеќа и затоа нејќе. Плус ми е страв да не немам млеко. Кога сметам дека не цицала доволно, одмолзувам некогаш 10, некогаш 50мл за да стимулирам, но не ми го испива ни тоа и најчесто го фрлам. Вчера се одмолзував и масирав гради, и разбив некоја грутка. Имав една стресна ситуација па си велам да не е намалено млекото. Дали да пијам чај за доилки, и кое време и колку во денот?
    Не сакам да посегнам по Ад.
     
  9. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.441
    Допаѓања:
    8.823
    Пол:
    Женски
    Еден совет, немој да претеруваш со течности да не си направиш хиперлактација и други проблеми. Ако имаш млеко, не ти треба ни чај за доилки. Доволна стимулација е бебе ако си цица. Градите не треба да ти бидат тешки и полни.
     
    На Осе, Kaetana, Fatalnata и 2 други им се допаѓа ова.
  10. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.607
    Допаѓања:
    10.039
    Пол:
    Женски
    Бебе си цица да.а и градите не ги осеќам тешки...некако таман се.Се најадува убаво.Е сега дали само тоа што си бебе цица е доволно за да се одржи млекцето,затоа пијам чајче...сакам да си го дојам.Ќе треба да внимавам како што велиш
     
  11. A.n.g.e.l.a.V

    A.n.g.e.l.a.V Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    Јас само навечер можам да осетам полни гради со млеко:D, оти ноќе на 2/3 саати цица. А преку ден скоро на саат, два најмногу, и не дека е гладна ама сака си да е на цице. Цуцла не сака, и цело време си бара да си цица и градите тамн се поднаполнат она си исцицува се:D:D.
     
    На Kaetana, Fatalnata, Lovebug01 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Ако бебето било само на доење, генерална препорака е доење на барање на бебето, без да се наметнуваат термини на доење. Ова општо коментирам.
    Кликањето и губењето на вакуумот може да е и од пресилен рефлекс на испуштање па да се поттргнува, може да е ништо посебно, а може и да е нешто друго (орално кај бебето). Затоа прашав напредокот како е. Кај бебе кое има мака со фатот се препорачува да се избегнуваат цуцли и шишиња, барем додека не се коригира. Следи го бебето и следи го напредокот како е и како е количината. Пробај и други позиции - фудбалска топка со тоа што убаво ќе ја позиционираш градата со flipple техника да фати што подлабоко бебето.

    Не за друго, кликање и губење вакуум меѓу другото може да е и заради орална рестрикција на френулум на јазикот или на устата. Чисто да имаш во предвид ако продолжи ова да се случува, ако забележиш дека не се празнат градите, дека напредокот се намалил, дека брадавицата после доење има деформиран облик (најчесто како кармин). Пак ќе речам - многу ретко е ова, но вреди да се знае барем како податок.

    Тоа што си цица е единственото научно докажано решение за да го одржиш млекото и неговото производство. Колку млеко се отстранува, толку ќе се создава. Тоа е механизмот на лактација во оваа фаза во која сте сега.

    @Lovebug01 одржи лактација, тоа е правило број еден. Доењето како за во скокот кај што одбиваат деца - темна соба, полузаспана состојба, тишина и сл. Зголеми ноќен подој - понуди во спиење. И наоружај се со нерви. Верувам дека ќе помине само треба да пробаш да си смирена. Набљудувај како ќе оди, држи под контрола и види како ќе е деновиве ситуацијата.
     
    На Fatalnata, Lovebug01, hammer и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.695
    Допаѓања:
    5.662
    Пол:
    Женски
    Која цена е чајот на хипп , прашав на едно место 400ден ми вика , дали не разбрав јас или толку е :^)
     
  14. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.607
    Допаѓања:
    10.039
    Пол:
    Женски
    Мислам дека 380ден.го земав
     
    На Poppins му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    360јас го купувам, во Зегин и поефтин им е мислам ..
     
    На Poppins му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.748
    Допаѓања:
    18.466
    Пол:
    Женски
    Околу 320 беше хип, до 350 најскапо. Сега можеби ги смениле цените.
    Хумана ви е повкусен, а 180 190 е, иста грамажа. И повеќе млеко имав од него.
     
    На Poppins и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  17. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Јас имам приметено кога ќе пијам 3 литри вода имам млеко, но кога не пијам толку ептен малку одмолзувам..
    Навечер сеуште сум само на доење само од десната града, па левата кога ќе заспие бебче ја молзам или пред да се разбуди зависи кога како..
    Не фати и не фати на левата никако.
     
    На Poppins му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.695
    Допаѓања:
    5.662
    Пол:
    Женски
    Се штракнале со цената , а 3 билки обични е само (facepalm) Лакта микс си земав јас тој во кутија 170ден беше , и плус на Хумана бебешкиот инстант што е , и од нив си пијам
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    Внимавај да не се воспалат раните, ако имаш можност не облекувај ништо врз градите.
    Ако се само рани од гризење ланолин може ќе ти помогне. Од безопасна раничка, ми се инфицира и стана сериозен проблем, кој не трпеше масни креми како третман. Не би многу да зборувам за ова болно искуство, само биди претпазлива
     
    Последна измена: 16 февруари 2021
    На Kaetana и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  20. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Левата веќе ми заздраве, десната сеуште не ама имав голема дупка на неа.
    Мачкам ланолин, цел ден сум дома така да не носам ништо само маица памучна:)
    Како да знам дали има инфекција?
    Зошто ме боли кога го дојам од неа.
     
    На Филотеа и WonderGuurl им се допаѓа ова.