Се пие ли сок од портокал кога се дои? Не знам кој ми рече дека не смеело бебе ќе имало грчеви. Точно ли е?
Јас пијам по 2 литри на ден , немаме некоја посебна мака со грчеви .... и ја читав исто ама само таков сок ми се пие нешто и ја сум наопаку
Мајки чајот за доилки лакта микс колку чаши пиете дневно? Можно ли е бебе да кака често од чајот? По 3-4 чаши пијам.Бев некаде прочитала дека грчкото семе може да предизвика почеста столица или грешка сум На кутијата пише до 1л може
Јас пијам по две чаши на ден , или една лакта микс и приквечер од хумана инстант бебешкиот што е .. Да зимам ли капки нешто или да чекам ако пројаве појаки тегоби или грчеви .. И кои е најдобро , читам биогаја и еспумисан не.. Јас пијам од старт чаевите само , ама очекуам неделава да почне забава со ќерка ми јако не дрмаа две недели грчеви 2 недели е бебуш кај мене.. Иии Реглан смее ли при доење да се пие и бруфен ?
Пробиотик земи секако - вака ми кажа патронажната а се пишуваше за ова пред некој ден и у темата за грчеви ако не грешам. Јас користам биогаја и е ОК ама ќе пробам следно ваја поради разлика во цена а и читав на форумов дека е ОК. Капки земав колиеф и беа ОК ама и нив ги сменив ради цена со колактаза и овие вториве како повеќе да и помагаат. За реглан не знам, бруфен може.
патронажна ништо не ми кажа да давам , следна недела сме на прв преглед кај педијатар она сигурно ќе препорача нешто.. Кои др пробиотици ги има , за првото користев и биогаја и провен до големка продолжив , ама сега биогаја не ми се зима , а може и ќе се предомислам Ќе земам нешто секако
Кај малата од Биогаја се засилуваат грчевите.Престанав да ги давам. На поголемата ќерка Ваја и давав, супер беа.
До кога бебе ќе кака често?Како да разликувам да не е пролив Каката си е жолта,течна,со некои грутки потемни и бели Два ипол месеци е малата Инаку сум заприметила дека кога и се спие а нема поминато два часа од доење и ако дадам да цице одма после кака Она бара да цице,ама како цуцла да и биде,а и потече млекце знае да се тргне,некогаш па продолжува.
Имаме 3 ипол месеци,само цицаме и супер напредува бебушко.Имаме мака со какањето,некогас и по 5,6 дена не кака.А си мочка машала Педијатарот вика чим цица ништо да не се дава само масаза на меше.Искуства нешто друго да помага?
Ти да пиеш компот од слива. Сум пиела по 2-3 тегли и одма имало ефект. Ако е пролив ќе има неколку столици во еден час .. И кај малата е баш течна,густа кака видов само еднаш кога дадов ад,првиот ден дома.. оттогаш е течна,жолта и ја има 4-5 пати во денот и на секоја мочкана печена трага од кака исто.. Кога ќе почне со густа храна ќе се намалат
Дали на некој друг му се случило да не сака да цица малата од града? Последниве два три дена пишти не сака да цица. Значи гладна е и ја ставам да цица и се стега цела и плачи. Со сила ја туркам и ја стегам градата да потече малку млеко и да цица. Ако излезе од устата брадавицата пак исто со пиштење почнува. Иначе со силиконска брадавица ја дојам. Давам и 60 до 120мл Аптамил навечер. Осма недела е. Дали е скок во развој и како да и помогнам? Исцрпена сум од неспиење
Слично е со моето задниве 2-3 дена. Екслузивно на доење е. Не користам силиконски. Моето е баш пред скок според апликација па мислам дека е до тоа... Ја местам колку можам, кога ќе почне премногу да пишти ја тргам, ја нишкам, смирувам и после некое време пробувам пак. Ако не сака пак, се одмолзувам и тоа и го давам да го допие.
Здраво мајкички Дојам успешно веќе месец дена, млекце имам таман, бебе си цица од двете гради, последниве неколку дена приметувам едната града ми е далеку поголема и по полна од другата. Загрижена сум да не снемувам млеко на десната, па затоа да е по празна. Некој со вакво искуство?
Мене три дена после ротата ми беше вака и во скок беше исто дојам со силиконски и дохрана давам , левата без силиконска ја фаќа десната не .... мислев ќе ми се одбие тие три дена ама упорна бев се измолзував и со шишенце и давав , после скокот се смири малку и еве сега тераме како порано .... плачеше премногу само на рака кога ќе ја легнев да ја наместам за цицање почнуваше да вришти.... измолзувај се и додавај дохрана според грамажа барем да не изгладнува тогаш уште понервозна ќе биде па ич нема да фати ....
Како знаете дека бебе има убав фат на градата? Мене ни приближно не ми фаќа ко на видета што ги гледам,таму баш цела аерола им е во уста Ја држам позади уши со едната, со другата ја држам градата во С форма, с брадавицата ја држам малку настрана, кога ќе ја отвори убаво устата и фати од аеролата,и ја вметнувам брадавицата во уста, во спротивно она би само брадавицата да ја шмука. Ама пак не знам дали вака треба .. Болката од раните се намалува со ваквото цицање, но за жал во текот на ноќта лежејќи и давам, па не сум во можност да ја местам вака правилно. Како сама да научи како правилно да цица?!
Мене си бара шише полесно и е да трга.. Мене само полузаспно ми дои иначе му давам со шише молзено. некогаш ако фати буден пресреќна сум и многу пазам брадавицата да не му излезе од уста. Ама јас имам и друг проблем, кај мене ко ќе фати на прво како фонтана му шприца и се трга и во лицето лом се прави и после се нервира не сака да цица.. Синоќа кога се молзев од левата страна, десната сама фати ко фонтана да шприца, се зачудив..
Ја немаме примено се уште таа вакцина. Многу ми е страв да не се одбие. Се одмолзувам и му давам и Аптамил и така јаде. Некој на мажот ми му рекол да каснам алва и да пробам да ја дојам. Ќе пробам подоцна. Ви благодарам за советите
Како сме вратени од болница мислам не сме станати од неа Во болница така се заучувавме, дома кога дојдовме продолживме. Некако поубаво ми е за да ја наместам за доење