Јас имам од оние поголемите, кај што едниот крај ми доаѓа позади грб и топ ми е. Ама не мораш таква, можеш да си земеш и од помаливе а позади грб да си ставиш друга перница.
Со ова бебе прв пат ми се случи незнам дали има врска ама ми го гледа изразот на лицето и незнаев што да направам па почнав да и се смеам и да ја охрабрувам да цица па почна да фаќа , бидејќи ме гледа во очи и реагира на моите емоции па сега сум цела окезена и ќе ме простудира малку , ја гледам ќе ги опушти веѓичките па ќе земе да цица ... А бе кловн почнав да изигравам
Прво цице, после шише. Ама јас додавам понекогаш молзено зошто не ми фаќа на левата страна и морам да ја молзам. Од десната ќе се нацица и ако ја испразне шишето после. се изнамачив..
Од двете да цицне па после шише , сабајле скоро никогаш не давам дохрана, после спиење некако успева само од цице да се задоволи
Не сакам да кривам други, иако се други криви за ова што ми се случува. Ама и сама себе се кривам што дозволив да ми се мешаат. Како и да е.. Сакам да му давам мајчино колку што можам и колку што имам. Да кажам дека кога ќе пијам по 3 литри вода следниот ден имам доста млеко, а кога не пијам едвај вадам 30мл.
Мене многу ми помогна бистар сок од јаболко пиев 1л на ден ама секако не со сила туку ми се пиеше. Преполна бев иако не ни цицаше како што треба
Јас имав во болница бистар сок од јаболко и докторката го виде и ми вика. Зошто го пиеш тој сок полн е со шеќери, ем што на бебето ќе му го пренесиш и ти ќе се здебелиш, ништо не ти помага тој сок, само вода многу вода рече да пиеш и подобро 5 јаболки да изедеш отколку тој сок да го пиеш..
Па можеш и така да јадеш јаболки. Ја па не сум по овошје бирав од тие што се 100% природни ( секако дека не се баш 100%) ама па така ако гледаме сета храна содржи пестициди, хормони ( пример пилешко)... што знам нас ни даваа во болница се дупнав ми бараше организмот
Тука имаше чаеви за доилки во бокали ти носеа, ама јас ниту еднаш не побарав, депресија јака имав, па не ме интересираше многу јадење/пиење. Затоа сега уште 2кг да спуштам и до почетната тежина ќе си дојдам. Најдобро е чај и вода да пиете за доење.
Досега немав никаков проблем со доењето (освен за млеко што се нервирав). Значи гладна е, ја земам се соблекувам и како ја приближувам таа се посилно плачи. Пробувам да ја ставам брадавицата (силиконска) кај неа в уста таа се стега ме турка и плачи, ме греби со рацете, црвенее и плачи. Овие два дена нерви искинав. Пробав и алва каснав ама кратко траеше. А можда и немаше никаква врска тоа. Аптамил си пие, нема проблем. Не знам повеќе што да правам. Секој совет е добредојден
Тоа и јас се прашувам цело време. Од ареолата само мал дел фаќа, ама па немам никакви проблеми поради тоа(болки, рани...) На видеата што сум ги гледала ко ќе им ја набутаат цела града... Градите ми се ок, бебето си напредува, значи добро е.
Здраво мајки.Бебето ми е 9 месеци од старт е на комбинирано доење .од 6 ти месец цицаше само навечер преку ден јаде и адаптирано пие.во последно време одбива да цица .сакам да продолжам да го дојам .ако има некоја со слично искуство ве молам за совет
Се напив бебето кога наполни 8 месеци, цедев за маж ми и мене немавме проблем, секое утро пијам вода со лимон
Мајки чаре за намалување на млеко ? Син ми има 9 месеци и дека јаде оброци храна не ме цица доволно и секој ден сум со гритки во градиве. А не ми се одбива барем до годинка сакам да го дојам кога веќе имам млеко. А плус и на работа почнувам и сакам да го намалам млеково некој совет нешто ?
И јас се грижев за ова, и сопругот знаете што ми рече? Ај не се глупирај гледаш дека си цица убаво, и си напредува, јас не можам да ти ја опфатам целата, нели пак бебето .
Само да кажам ми се згади од тоа чајот за доилки. Цел месец скоро пиев по 4 чаши на ден. Се осеќам дека имам и повеќе од доволно млеко. Намалив на два пати на ден ради грутки. А денеска и само еднаш и ми се слоши. Да земам апчиња ако не? Повеќе одмор и дремките што ги делам со бебуш ми ги полнат градите отколку да се налевам по цел ден.