Земи си инстант на хумана, превкусен е. Јас го пиев дооолго затоа што ми беше вкусен. Не мора да се мачиш со чај. Јогурт и овесни снегулки се бум за млеко.
Зошто пиеш ако ти се гади, подобро вода пиј, доволно е еднаш на ден чај за доилки. Јас по еднаш на ден пијам чај, а вода по 3 литри.
Вода пијам до 3 литри и без тоа. По препорака на педијатар појачав со чаеви ради околностите под кои се изборив за да дојам. @MilaSs12 ме свати што сакам да кажам, и ќе ја послушам ќе сменам малце. Подршката е битна.
@Nikinena видов дека прашањето ти е намемето за друг. Ама би се надоврзала како добронамерен совет. Да пробаш ноќе додека спие да ја понудуваш. Малку е понапорно ама рефлексот си го имаат земи ја нежно стимулирај и го муцето ќе фати да цица и најубаво цицаат тогаш.
И тоа го пробав. И исто прави. Ќе ја доближам до градата и почнува да се трга и да се стега. Мислам дека се грчеви во прашање. И давам ваја и ко лакс ама ништо подобро. И предходно имаше грчеви ама не одбиваше како сега да цица. Не знам повеќе што да правам. Исцрпена сум. Кога ќе побара да јаде пробувам еден час и повеќе да ја нахранам, на крај пак Аптамил или молзено млеко е резултат, и кога спие да молам млеко. Стварно не можам повеќе со ова темпо
Оф душа не ти е лесно. И мене синчето ми се трга понекогаш од града ради грчеви. Незнам колку месеци ти е малото. Јас ги одвоив доењата на три саати. Кога го доев на два и повеќе грчеви имаше и помалку ми јадеше на града. Секое бебе различно. Биди силна ќе помине. Оставам Каетана да ти изнајде решение. Со среќа мила.
Мојата е два месеци за 2 дена. Лакома е и бара некогаш на 1ч некогаш порано зашто малку ќе поцица и ќе заспие а никако не можам да ја разбудам. И порано е родена во 35 недела. Можеби има и тоа некаква врска. Ти благодарам за советите
Да пробам и јас да помогнам. Според возраста е во втор скок кога обично одбиваат да цицаат. А може и да се нервира ако се навикнува на шише и од града споро и тече. Да пробаш пред доење да се истушираш со топла вода да надојде убаво млеко и одма да понудиш. Менувај позиции, мене ми успеваше легнат во раце да го шетам низ соба и кога ќе се смири да му ја подметнам градата. А си пробала силиконските да ги извадиш дали ќе фати? Јас до 3 месеци доев со силиконски и почнав постепено на сред подој да ги вадам, ми ги извлече убаво брадавиците и сега нема проблем. Форсирав многу ноќни подои ама не го будев туку во спиење му ја ставав градата до уста и сам почнуваше да цица. Е сега ти викаш си пробала и така, па не знам друго решение за ноќе. Да се грчеви нема да плаче само кога ќе и се цица, баш тогаш бараат града за утеха.
Имам убав млаз на течење на млекото. Некогаш кога цицаше знаеше и да се засипне од наеднаш млеко. Исто и на пумпата кога се молзам излегува убав млаз. Пробав и со зборување и шетање низ соба. Ќе ја наместам да цица ама цело време се стега и се грчи. Очи широко отворени како да очекува нешто. Порано на града ми заспиваше, сега нема шанси. Се надевам е скок во развој зашто не сакам да се одбие, ни пак со моето млеко да и предизвикува болка. Вчера конечно одговори матичниот педијатар и вика или е скок или од премногу грчеви ќе се одбие, пробајте уште некој ден да ја ставате да цица и во никој случај бебе гладно не. Значи мора да се храни нормално и да става по 30/50 г денот. Многу ми е мака ако се одбие зашто се пробав за млеко и од како добив убаво ова се случува. Ти благодарам за советите
Мајки колку е доволно мл.млеко да исцица на едно доење бебче од 4недели.,знам секое бебе е приказна за себе,ама одприлика да знам,да споделите ваши искуства.
Еве ме и мене на темата како новопечена мајка.Второ бебе ,ама различно од првото.Како да не знае да фати града.плаче, ќе фати ќе потегне и плаче, така по саат време се мачиме.Имам колструм ми покажа консултантката.Исто и фатот и е плиток.Ме болат брадавиците,ама ќе поминат. Ми рекоа да се дои на барање или секој 2 максимум 3 часа.Навечер може и до 5 часа без доење. Па ќе се дружиме мајки.
А како би знаела? Никогаш не сум знаела нит колку е доволно, нит колку исцицала. Она-а, јас-на! Само мерењето ќе покаже дека убаво цица и напредува.
дали сте конзумирале ѓумбир додека доите? заради неговото поволно дејство логично ми е да не смета, ама тоа што лути...
Денеска имав ситуација да морав бебче да го оставам 2..3часа со друг,млекце измолзив,оставив 110мл.,во случај да притреба.а не знаев колку би било доволно..затоа така прашав... Инаку и јас така..таа : ааа,јас :наа
Јас да, со топла лимонада во прав, и чај од свеж ѓумбир пиев кога ме гребеше грло, баш тогаш читав дека поволно е да се конзумира и дека е дури и добро за лактација.
Супер! И мислам дека доволно си оставила. Јас еднаш така требаше да одам на фризер и шминкер за свадба, а малата точно 40 дена. Цела недела се измолзував за да извадам 150мл, ехее тоа беше настан со планови и припреми Знаеш што излезе на крај? Бебево си се изнаспало, не ме побарало ич! А и јас среќа јас брзо завршив, за 2 саата бев дома (а мислев ќе ме нема 4-5).
Ќе може некој совет? Сеуште одбива да цица. Пред 2ч поцица малку, сега и давам не сака ни уста да отвори а полубудна беше. Аптамилот го испи. Сношти цело мое молзено млеко го поврати а кога и дадов Аптамил не. Не знам повеќе што да правам. Почнувам и млекото да го губам