По колку ви напредуваат бебињата на мајчино млеко ние сме скоро 3 месеци околу 600 и нешто грама за месец мене тоа ми изгледа малку. Имам млеко и бебе си цица цело време незнам зошто толку малку
Ќерка ми е иста, само на мајчино првиот месец качи 1кг а вториот и третиот само 500гр. И јас како тебе мислев малку е и се плашев многу, но докторот ми рече дека напредокот е сосем нормален. Доколку си полни пелени, е весела и спие добро јас мислам нема потреба од грижи.
Само на доење е. Првиот месец 1100гр, вториот 1500гр, еве на 01.03 три месеци ќе прави веќе има над кило качено, па сигурно до полни 3 ќе има уште 100-200гр плус.
Тоа е нормален напредок. Секое бебе е различно и освен вагата има други работи по кои забележуваме напредок. На пример мочкање, столици, општо однесување на бебето итн. Ако бебето изгледа задоволно, вие имате доверба во себе дека имате доволно млеко( што јас не се сомневам), тогаш се е ок.
20 гр е дневен просек и минимум на напредок кај здраво бебе. Се над тоа е одлично, ама и просек од 20 гр дневно е супер. Ако полни пелени, ако е весело и заспива по подој немај гајле, се е во ред. Твоето бебе качува супер, ама доени бебиња генерално качуваат помалку и мајките не треба да се плашат дека немаат млеко и од вакви примери да се сомневаат во себе. И синко качи скоро 2 кг првиот месец, пред 6 м ја дуплираше килажата, на година ја триплираше. Ама затоа од година до сега, 19 м не мрда со килажа и само во висина оди. Муабетот е, кај едно бебе не е само килажата показател дека е здраво, најадено и весело.
Малата во третиот месец качила 700 грама, педијатаров мој па ми вика малку е. За 1 недела да ја носам пак на мерење ми рече, ако не качува по минимум 20г дневно да и давам и ад. Пф, како не. Манекенка сака да биде, му велам Бебе весело, мочка, кака минимум еднаш денот златно-жолто така пообилно. Почна да ми преспива цела ноќ и јас сабајле се одмолзувам пред да цица зошто ми се преврди градите. Тоа млеко го замрзнувам, пошо не го пие, и на сето ова да давам плус ад? Мене ми е тоа глупост. Подобро ќе и дадам ноќе еднаш во спиење да цица. Пијам хипп за доилки 2-3 шолји денот, плус вода, зошто имавме период кога се молевме за цицање, а сега сме пред 4ти скок па ме фаќа страв..
Потполно се согласувам со тебе. Килажата е само еден параметар од многуте преку кои го следиме напредокот на бебето, ама не е ни најважен. Впрочем сите бебиња се различни. Баш како што кажуваш ти за твоето супер напредлано првиот месец, па сега стагнира. Така и мојот прв син додека беше бебе напредуваше солидно ама еве сега е 5год килажата веќе година дена му е иста, 17,900кг.
Женски, во фаза на одбивање сум кај малата. На една недела и кратев еден подој. Прво и го скратив во 12 саат. Наредната недела и скратив во 16 саат. И понаредната недела и го скратив тоа во 21 часот. Детето супер си прифати. Јас немам проблем со градите пу пу пу. Арно ама, не знам како да и го скратам тоа ноќното, секоја вечер станува истото време за цицање. Во 24 часа има само еден подој. Овој понеделник требаше да го прекинам и тој подој, ама ми е страв. Супер поминав со сите прекратувања, ама не знам зошто се плашам од овој. Совет ?
Бебе десната града не ја сака од трети месец ,сега има 6 ,на почетокот се одмолзував ,ама пополека почна да намалува млекото и многу малку излегува. И таа града ми е значително помала спрема другата. Сега ептен ако е задремана а цица успевам да и ја подметнам ,ама млекото од таа страна како поинакво е... По густо ,по тешко не знам како да опишам... Дали е проблем ?
Градите почнаа да ми се стврднуваат.Навечер бебе цица нон стоп и се плашам да не добијам хипер лактација. Левата града ми е на левата страна тврда како грутка, бебе цица ама не ја доцицува, треба ли да се молзам дополнително? Болките во брадавките за колку време ви поминуваат? Ова моето како со вилица да цица.
разбиј ја грутката со масажа под топол туш и плус домолзи се. јас така правев. грутки имав само првата недела. болки во брадавици 3-4 недели. еден месец мислам ми требаше да се стабилизира сѐ и да не ми е повеќе ништо околу доењето мачно. олеснувај си со масажи, луфтирање на градите, ланолин, витамин д3 исто така си капнував на рагадата што ја имав...
Обавезно одмолзувај се после подој, да биде мека градата цело време. Болките во брадавките еве месец дена ги имам, и кај мене сигурна сум нема да поминат за скоро.
Се мислам вода дали да давам, некаде читам да не се дава за да не станува, ама на 2 ума сум. Кај вас како оди одбивањето ?
Па јас имав планови за одбивање ама многу плачеше и се откажав. Тој сам си ги скрати дневните подои и останавме на ноќните и заради тоа ми се намали млекото ептен. Плачеше ноќе и се смируваше со вода, па останавме на еден или ниеден подој. Па си мислам кај и да е, ќе прекине скроз.
Смее без проблем. Нема потреба да се одмолзува човек, ниту да не дои одредено време. Ако некој лекар ти вика поинаку, најди друг. Може. Дури некаде читав дека се смета за галактогог (не е докажано). 600 грама е сосем во ред. Не сите деца качуваат кило, и тоа е ок. Гледај ја целата слика, и гледај го напредокот согласно кривите на раст и развој. Ако педијатарот ти вика минимум 20 грама дневно, колку се 700/30 дена? Мајндфак. Не е проблем. Прво, можеш да си доиш од една града без проблем. За големината, ќе се изедначат кога ќе го одбиеш бебето. Ако сакаш, можеш да пробуваш да нудиш, нема никаков проблем дури да нема цицано подолго време, па после да почне пак. Ниту од психички аспект, ниту заради млекото што е во градата. Ава обавезно да празниш гради, за да не дојде до проблем со затнати канали или маститис. @Nikinena извини што не сум ти пишала, се немам вклучено на форумот деновиве, бев во хаос со обврски. Седнав и исчитав сѐ што си пишала во темава. Значи ако сфатив добро, од раѓање па наваму во овие два месеци, вие почнавте со доење и дохранување само навечер со 90 мл. После тоа зголемивте на 60 преку ден и 60 навелер. Не знам како оди понатаму, имаш пишано дека добива 60 до 120 навечер, ама преку ден? Исто имаш пишано дека доењето е секогаш 20 минути од една и 20 минути од друга града. И дека доиш со силиконска брадавица. Исто имало ситуации во кои кај бебето изостанувала столица неколку дена. Моите прашања би биле следните: - дали уште од сам почеток доиш со силиконска брадавица? - дали бебето добива цуцла лажливка? - каква е дневната шема на доење и дорханување со формула, значи најдетално што можеш, колку мл добива екстра, кога доиш, дали се измолзуваш? - како ја добива дохраната? Дали преку шише? Како изгледа дохранувањето со шише? Стандардно (легнуваш бебе и му даваш да пие додека може) или ритмично (paced bottle feeding)? - како изгледа еден подој? Дали практикуваш уште 20 со 20? - како изгледа бебето после подој? задоволно, незадоволно? - пелените какви се на бебето? - напредокот на бебето? Ми треба детален напредок по датуми. Да почнеме од тука, па ќе видиме понатаму за податоци. Од она што можам јас сега да ти го кажам е дека може е скок, а може и да е веќе одбивање града, и она што го нарекуваат bottle preference. Во зависност од тоа каква ви е сега состојбата, и каква била динамиката на доење, дохранување и одмолзување, треба да се види и да се направи план. Ако сакаш да го задржиш доењето, мора да се реагира, и тоа што побрзо, тоа подобро. за сите кои ме тагнувате и имате прашање... пишете ми порака. Не мора во пораката да ми пишете проблем, значи може и тука да е пишано сѐ, само пишете ми порака пример „види во доење те тагнав“... личните пораки ми праќаат известување на мејл, додека тагови не ми стигаат, и не можам да знам. А кога ќе видам на мејл дека имам порака, обично веднаш се вклучувам за да одговорам.
Јас му давав вода, обавезно стануваше. Сега прекина да бара нешто да пие навечер, кога ќе мрдне цуцла му бутам и презаспива. Постепено све бидна
Значи он сам си намалил, тоа е друго. А ти станува често навечер? Јас така правам кога станува навечер, ама кога не е време за цицање. Си презаспива со цуцла. Се мислам ако и тогаш не и дадам да цица, и давам цуцла можеби за некој ден и тоа ќе го навикне. Ама сега и вади заби, еве од вчера е нервозна, и навечер по немирно спие. Може ќе почекам да ги извади, па после кога ќе се смири тогаш да го тргнам и последниот подој. А од друга страна пак, и многу ми е жал што крајот е тука некаде..па тоа ме кочи можеби, па си барам изговори
Сега овие, следен месец други заби ќе вади. Тоа ми личи на изговор . Инаку пробувај давај цуцла кога е време за цицање. Ако уште плаче дај вода и така полека ќе упали одбивањето.. Ако не, потежок и почест начин е со плачки. Само мојов не беше фан на цице па глатко одеше. Еднаш не побара цице.