Изговор е Многу лесно одеше преку ден, само првите 2-3 дена имаше плачки , и после бомбона беше. Може и сега ќе биде така, ама ај Се си мислам, кога ќе престане да цица нема да станува
@Kaetana Извини ама бев премногу загрижена зашто овде нема никој ни да ми каже ни пак да ми објасни нешто. Вчера бев кај друг педијатар и во право бевте вие дека сакало бебче од шише да јаде. Овие денови (од минатиот четврток) се сомневав дека немам доволно млеко и може за тоа е плачењето и одбивањето затоа ја дохранував по 120мл во 24ч со шише во легната положба. Бебче доби на тежина по 50г во ден (и за тоа ме искараа). Од сам почеток ја дојам со силиконска брадавица, уште од втор ден откако е родено. Да, употребувам цуцла лажалка зашто премногу е лакомо малото и почесто повраќа вишок. После подој или хранење беше нервозно и испушташе гасови со многу непријатна миризба. Се случува да нема какање до 7 дена (педијатар ни препиша микро клизма), а некни по 4 дена сама си се покака без клизма. Мислам дека не кака редовно од пробиотикот ваја, а само тој и ги ублажува грчевите. Од вчера сме само на доење, освен сношти кога ја чуваше сопругот за малку да одморам и и даде 60мл Аптамил и молзено мое млеко околу 40мл со шише во легната положба. Јас дури вчера дознав дека било доволно да цица по 5/10мин од една града. Од вчера практикувам така и бебче заспива и ужива во доењето. Имаше бунтовање не сакаше да цица во текот на ноќта ама среќа не беше страшно и си се помири за брзо. Сега се трудам да биде само на доење. Сакав да прашам дали ќе прави проблем ако и даваме со шише еднаш во денот (навистина морам да постојам бар 2часа). Ви благодарам што оддвоивте време за да ми одговорите.
@Nikinena Леле нема потреба од извинување, ама баш никаква. Извини што јас спонтано испадна да не се вклучам деновиве, и затоа пишав да ми пишувате пораки чисто за известувањето и да имам во предвид да се вклучам ако некој ме тагнал... Инаку секако можете да ме добиете и на инста или фб. Секако дека може да се даде еден оброк со шише. Пожелно е да не е од тебе даден, туку друг да го дохранува бебето и да се дава со ритмичен начин наречен paced bottle feeding. Искрено јас би одела и со дохранување со чашка, како метод кој е со многу помал ризик од одбивање. Ама сериозно ако се продолжи со шише нека е обавезно со PBF. Најпожелно е дохранувањето да е со мајчино млеко - ама не мора да е ако ти е напор. Тоа може да помогне и со какањето - а за какање искрено да видите со друг пробиотик кој содржи само lactobacillus reuteri - би требало да помогне доста. И пожелно е и ти да пиеш пробиотици истовремено, и да пиеш компот од сливи, да јадеш сливи, круши... И храна богата со растителни влакна.
На собна до 4 часа Во фрижидер 2-4 дена на полицата над фиоките во задниот дел Во замрзнувач 6-12 месеци во зависност од стерилноста на молзењето
Да. Или под млаз вода или во жепка вода. Млеко директ на плоча не, и водата т.е. гезвето да не е на плоча.
Мајки дали може да ми предложите некоја пумпа за одмолзување, ама некоја поефтина дека за ептен ретко ке ми треба.
И деновиве левата пупка ми е како потечена, зголемена. Бебе кога ке цица страшно ме боли, едвај се издржува, претходно никаков проблем сме немале од почеток на доење а веке сме 5 месеци. Првин осетив камо мала груткa ама ја снема за брзо и сега ова се случува. А исто така бебчо почна од десната многу малку да цица. Ке го ставам ке влече 2 мин и ке почне да вришти, го ставам пак и пак исто. Го ставам на левата страна продолжува без проблем.Пробував стискав тече млеко. Зошто сега вака ми прави? Искуство?
Од Чико пумпата околу 1500 денари е, јас ја имам и сум презадоволна. Компатибилна е со секое шише. Еднаш дневно ја користам, супер си врши работа.
Пијам сок од јаболко и чај за доилки. Пијам и вода доста, супа правам најчесто 2 пати во неделата. Почнав и сок од круша и компот од сливи заради проблем со некакање. Не јадам крставица, зелка, марула, грав, брокула, леќа - ова ради грчевите. Секако бебе пак си има грчеви, тоа е нешто што ќе мора да го помине, ама ете, да не и отежнувам дополнително. Јадев и јогурт со овесни за млеко да имам ама педијатар ми кажа да прекинам млечни производи, изгледа малата имаше алергиска реакција.
Јас по препорака на педијатар исфрлив млечно од исхрана и навистина имаше подобрување, ама да нагласам дека малиот имаше многу јаки грчеви. Првите два месеца пиев Лактамикс чај по литар ипол дневно и капсули Лактил ( мислам дека така се викаа). И исто така бебето мислам дека ми беше 24/7 на града првите два месеца, тоа му беше утеха за грчевите и тоа најмногу помогна за лактација.
Ako smees da dois posle kovid zaso clexanot da e problem toj e za krvta i kolku sto znam i posle carski proagaj se prima i se doi