Држ се мајка Имаш новороденче, тоа е причината Моето бебе вака се понашаше цели 3 месеци. Доев на саат, пола саат, 15 минути... Исцрпувачки, затоа чувај се, мисли на себе, фаќај ја секоја минутка за одмор, батали домашни обвски, муж нека помага, чисти и пегла @girl__20 ова погоре истото важи и за тебе. Следи пелени на бебето дали ги полни (се однесува и на мочки, не само каки) и давај да цица секогаш кога и да посака.
Неможев да најдам соодветна тема за прашањево, па еве овде ќе го поставам. Константно дојам, шише сеуште не сме употребиле, ама како што расте и поминува времето, морам некогаш да излезам од дома на подлого од 2-3 саати,па да ја причува некој друг. Па решив да почнам во тие случаи да се молазам, а и да соберам и замрзам некоја резерва за спремање кашички. Од вас барам совет и искуство за електрична пумпа. Дали се исплаќа да ја купам?
Не, за такво пумпање не. Земи си медела рачна и таман ке ти е. Јас таква имам и од истата причина ја користев. Електрична ти е ако пумпаш постојано, за еднаш дневно не ти треба толку скапа.
Па и секој ден може нема да се молзам. Ако излегувам дента,или ако осетам дека имам поголема количина дента млеко па да си направам резерва.
Секогаш пробувајте рачно, и видете како ќе оди. Па ако не оди, тогаш видете некоја пумпа. И не е дека треба да боли, и да се стискате многу, ... рацете на околу сантиметар од ареолата, и притискате према градниот кош, и стискате со раката. Ама не многу болно... ќе ви пратам видео. https://med.stanford.edu/newborns/professional-education/breastfeeding/hand-expressing-milk.html
Здраво девојки, пред една недела се породив, малото е уште на опсервација и јас уште во болница сум. Кај и да е денес утре ќе ми го донесат у соба за доење. Е сеа мене од вчера ме фати нешто грло, ме гребе, ме заболува, на моменти осеќам топло па ладно. Дали е можно да е настинка и колку е ризична доколку дојам, дали може да се пренесе на бебе или да си седам со маска.
Па пробувам со рачна пумпа, на секои три саати. Вадам околу 10 мл од една града, ама дека 35 недела се породив сестрите викаат дека треба време, не е исто како да родиш во 35 и 40. Други викаат ќе ти надојде млеко одма кога ќе фати бебуш
Кои пастили за грло се безбедни при доење? Вчера во аптека ми дадоа на Др Тајс анги септ од жалфија, дома дури ми текна дека жалфијата е за запирање на млекото
А дали сте имале покачена температура кога ви надоаѓало млекото, ме фаќаат бранови на топлина па треска, температура 37,3
Може да се случи да, и подоцна во доенечкиот стаж, но најчесто на почеток при надоаѓање на млеко и воспоставување на лактација
Штом имаш 10 мл значи дека млеко има. Кога ке фати бебе ке надојде уште. Макар и неколку капки да се, значи тука е а со тек на време ке се воспостави лактација. Млеко не фрлај никако, давај на бебуш, веројатно знаеш дека колострумот е многу битен. Не знам дали сте дома, ама прашај да му го даваат млекцето ако е во инкубатор/ креветче. Битно е да стимулираш постојано со пумпа, првите денови се особено битни за лактација. Од надоаѓање млеко може да имаш таква температура и треска. Може набрзо да ти се стврдат градите, мене така ми надојде. Ми беа жешки и од еднаш почнаа да се преполнуваат и да ми тече млеко. Грутки битно да нема, да не дојде до мастит. Инаку може да доиш и при настинка, бебе ке си добива антитела. Маска стави за секој случај.
Фала ти многу, ова по 10 мл ги измолзував вчера, на секои 3 саати по 15 мин.со рачна пумпа. Денес се послабо, по 5, па помалце од 5 сега. Незнам дали така се погодило, немој да снемам ми е страв. Бебуш е на опсервација на кислород, инфузии и антибиотик веќе 8 дена, малечко, 1760 гр. Само на минутка го гледам. Не даваат да му се дава од моето, зашо немале стерилни шишенца. А градите памук меки
Ти посакувам поскоро да сте заедно. Ме престанувај да пумпаш. И се што ке испумпаш замрзи го. Добро се хидрирај и ке надојде млеко. И позитивна мисла секако. Штета што немаме услови на прематурчиња да им се дава мајчино млеко, кога има мајки како тебе кои сакаат да дојат и даваат се од себе за лактација.
Исто беше и кај мене. И сеуште преку ден е слично. Ама синоќа успеа 6 часа да спие без цице . Ама сега поголема е, месец ипол.