Кај мене бебето голта многу воздух кога цица. Му ја вадам градата од уста по 10 пати и ја враќам да ја опфати убаво, кога беше помала поубаво цицаше, дали доволно не е гладна па така прави, или ми се полни многу градите ( тврди се и тешки), откако исцица малку после поубаво си цица. Ама цело време и ја држам градата инаку и бега од устето.
Бебуш никако не сака да цица од лева града.4 мес. сме.Од десната си цица супер и супер си напредува.Кога ке го ставам на лева града плаче и се трга.Веќе некое време е така.Што да правам веќе незнам,ми е страв да не ми се направи некој проблем со градава.Некој искуство слично?
Пробај да смениш позиција. Кај мене на десната града цица легната на кревет и никако поинаку, на левата фаќа секако станата седната легната.... 3 месеци е.
И температура и треска цела ноќ се имам тресено, два пати пиев парацетамол и се молев бебче да не се разбуди. Толку се тресев што најдебелата блуза не можеше да ме стопли. Тоа беше во 3 навечер и на маж ми го будев да ме топли. Само еднаш ми се случи, сега се е во ред. Земи парацетамол.
Земи си Faktu крем за хемороиди, не смета на доење, по неколку апликации ќе осетиш разлика. Мене ме спаси не знам зошто се мачев и не си земав одма
Нервозите, стресот, неизвесноста си го прават своето. Ти праќам виртуелна поддршка за што побрзо да помине ова и да се гушкате со бебе. Инаку за надоаѓање на млеко почни многу почести стимулации. Одмор, хидрација, добра исхрана, богата со витамини и минерали. Пред пумпање обавезно масажа на градите. По пумпање (едно 25 минути) обавезно рачно одмолзување. Тоа што е родено бебето порано не е фактор во лактацијата; фактор може да е начинот на породување, и ред други работи. Но едно нешто е многу важно - а тоа е редовно интензивно празнење на градите. Обавезно и навечер. Преку ден на 2 часа а навечер на 3. На 2 часа се мисли од почеток на измолзување со почеток на следно. Значи ќе се многу помалку од 2 часа. Можеш да пиеш и чаеви за лактација. Многу е важно кога ќе се видите со бебето да имаш веќе доволна количина и да се сведе на минимум екстерно хранење. Затоа мојот совет би бил максимално интензивирање на одмолзување сега. Скоро ставив видео за рачно одмолзубање. Пред една до две страници тука. Побарај и види. Ако можеш да најдеш пумпа за истовремено одмолзување ќе е подобро. Ако не - работи со тоа што го имаш. Ама дефинитивно треба малку поинтензивно.
Фала ти за одговорот, природен пораѓај беше, градите на почетокот тврди, сеа како повеќе ѓи стискам така стануваат меки дури ни брадавиците неможам да ѓи стиснам.
Ако биле тврди ама немало ефективно и често празнење лактацијата може се намалила.. само интензивно празнење.
Јас почнав да вадам на три сати по 130мл молзено млеко и многу ми е напорно да се молзам посебно навечер и викам на мајка ми денес дека сакам да се откажам и да преминам скроз на ад поради умор, ми вика во никој случај да не си се откажала...
За уморот ти верувам. Што да ти кажам кога се сама си знаеш.. знаеш за благодетите на мајчиното млеко, знаеш и дека деца кои се ексклузивно на АД си се здрави, прави. Размисли убаво па ако се решиш да престанеш да се молзеш, прво информирај се како се тоа прави правилно за да не си создадеш проблем.
Проблем е ако прекинам сега после ќе паднам во депресија обвинувајќи се сама себе што сум престанала. Ќе терам понатака иако многу е напорно да се молзиш во 4 сатот сабајле..
Здраво,пак јас. Пред некој ден пишав дека откако добив ми се намали млекото.Еве ми заврши и уште ништо не е вратено во нормала.Очајна сум дека ми се намали лактацијата,не знам како да си ја повратам, навистина не знам што се случи,преку ноќ ми прекина млекото.Истово ми се случи и со првата ќерка,само што тогаш добив кога она беше четири месеци, плус скокот и се одби самаа сега ова е веќе два месеци. Навистина сум збунета,дали е до хормоните нешто,таков ли ми е организмот. Ја приметив дека не голта како претходно, влече неколку пати за да голтне,и не ми ги полни пелените како претходно,порано после секој подој какаше,сега на три дена,бљуцкаше обавезно после секој подој од што се прејадување,а сега едвај, плус и навечер кога станувам не ми се полни градите,исто како и дење меки.Кажете како да ја зголемам пак лактацијата,пијам чаеви ,она цица ама од што влече само се успива и плаче вришти до заоѓање.Почнав да и давам по еднаш АД во денот, оваа недела ќе одиме на мерење па ќе видиме како е со напредок, првиот месец ми стави 1050 гр.
Зошто да се обвинуваш? Ти си мајка ти како мислиш така е исправно. Јас исто се измолзував и бев кома, станав нервозна, плачев...и си викав вака подобро а битно мое млеко пие или да има здрава мајка поред себе? Среќа дојде една жена за доење експерт и неизмерно сум и благодарна затоа што ми помогна во процесот инаку денови ме делеа од тоа да прејдам на АД
После доење да се измолзуваш плус 8-12 пати на ден добро да ги празниш градите.Има капсули за лактација од тие да земеш.Се надевам не држиш некоја диета заради грчеви.Можеш овес, безалкохолно пиво,месо, кокошја чорба итн. Да не си анемична?Обично анемејата може да предизвика губење на млекото. Чест контакт кожа на кожа го зголемува лачењето на пролактинот и окситоцинот.Бебето ако заспива да правиш компресии на градите и со тоа да го будиш или да ја расоблечуваш да и е поладно за активно да цица. Еве јас тоа знам каетана повеќе може да ти помогне.Се надевам ќе го вратиш млекцето.
Откако е воспоставена лактација градите веќе омекнуваат. Тоа не значи дека нема млеко туку дека се воспоставил баланс помеѓу побарувачката и производството. Мој совет за зголемување на количина на млеко е почесто ставање бебе на града, а веднаш после цицање да се молзеш. Доволно е 3-5 минути молзење откако ќе престане да капе млеко за да дадеш сигнал на телото дека треба да се произведе уште млеко. Пожелно е масажа и стимулација на градата при молзење и при цицање. Осигурај се дека инката на пумпата одговара на твојата брадавица за да осигураш правилно стимулирање и празнење на градата. Можеш да пробаш лактил капсули, чај за доилки, овесни снегулки со јогурт и најважно - вода! Не мора да пиеш сокови пошто така внесуваш непотребни шеќери.. Мислам да не пробуваш со ад за да не се научи на шише и да се одбие од града. Види како ќе биде мерењето само на доење, па после одлучи што ќе правиш. Дополнително, претпоставувам дека бебе е во втор скок - од досегашните 4, тогаш најмногу ми одбиваше цицање. Можеби е период и не е до млекото. Од циклусот се менува малку вкусот, па може и затоа одбивалс деновиве. Издржи уште некој ден, измерете се на контрола, молзи се после цицање и после види како ќе биде ситуација и одлучи што ќе направиш. Да, напорно е малку, но ако сакаш да доиш сигурна сум дека ќе имаш успех. Те гушкам и со лесно
Па види штета е да не му давам мое млеко, ете го од сабајле е на мое млеко само едно шише ад преска исцица затоа што немав, ама јас сум многу многу уморна, молзење, стерилзирање, нега на дете, да го заспиеш, па дома исто треба нешто, така се вртам цел ден во круг... Ај преку ден, ама навечер е многу напорно да се молзиш... Нека ајде ќе терам уште колку можам ќе видеме.