Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.247
    Допаѓања:
    3.712
    Пол:
    Женски
    @rainbow_bb @Bicka77

    Фала мамички на советите.

    А како да се будиме?

    Сега пробувам со разладување малку ќе ја расоблечам ама еднаш ќе успее еднаш не...
     
    На rainbow_bb му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    4.156
    Пол:
    Женски
    Препораката е преку ден да цица на 2-2,5 часа, навечер на 3. Претпоставувам дека уште има жолтица и затоа се успива, но и таа побрзо ќе помине (ќе се исфрли од организмот) ако цица повеќе и мочка повеќе. Барем во прво време додека педијатар не ти каже дека добро напредува, буди ја и нека цица.
    Секако тоа е и најдобар начин за стимулирање на гради и воспоставување на лактација. Така и бебето ќе си фати ред, ќе си се поврзете, win-win ситуација :inlove:
    Штом имаш млеко и убаво си влече, терајте само со цицање, без дохрана и без измолзено од шише за да не се одбие од града.
    Навечер менував пелена додека го будев за да го расонам, инаку кога прекинав да го будам не менував, а и нема потреба.
    Жива и здрава да е малата, голема да расте :l:
     
    На Kaetana, azelea, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  3. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    само крени го бебето и стави го на града, може и во сон да цица. или ако е пелената за мењање, така ќе се разбуди.
     
    На Izzy_0504 и CareTee им се допаѓа ова.
  4. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Чешкај ја со брадавицата измеѓу устето и носето, ова треба да ја поттикне да цица, некад ми успева вака, некад не.
    Пробувам и со "закачање", ја чепкам нозе, раце, стопалца..
     
    На Осе и CareTee им се допаѓа ова.
  5. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.247
    Допаѓања:
    3.712
    Пол:
    Женски
    Уште едно прашање:D

    Колку временски/минути би требало да трае еден подој? И дали мењавате гради, или пример сега и давам само од едната а за 3 часа само од другата?

    Ви благодарам однапред мајки!:*
     
  6. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    15.582
    Нема правила за трањето на подојот. Тоа бебето си одредува. Треба и двете гради да се нудат за време на еден подој. Не е убаво да не се отпразнуваат долго време.
     
    На Kaetana, Bicka77 и CareTee им се допаѓа ова.
  7. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    4.156
    Пол:
    Женски
    Времетраење на подој не треба да се мери - зависи од многу причини - сила на влечење на бебе, активно/неактивно цицање, количина на трчење млеко, колку е гладно бебето во моментот на цицање итн. Бебето си одредува колку време ќе цица, но ти препорачувам да не ја оставаш да ‘спие’ на града односно додека трае активното цицање и ти ја слушаш дека си голта. Кога прекинува да голта и си заспива или си игра со брадавицата, веќе нема цицање и мое мислење е дека треба да ја тргнеш. Секако нив цицањето и гушкањето и топлината од мама им е се што им треба во првите денови и во прегратките на мама се чувствуваат најбезбедни, но има и друг начин за поврзување од дремење со брадавицата кај бебе во уста.

    Во однос на менувањето на града, исто така бебето ќе покаже. Во принцип би требало да ја ‘испразни’ едната града, па да ја понудиш другата. Некогаш им е доволно да цицаат од по една града по подој, некогаш си сакаат двете, и тоа зависи од повеќе работи - количина на млеко, растојание меѓу подои (кое се мери од почеток на еден до почеток на следен подој), глад на бебе итн.

    За тебе во моментов е најбитно да се фокусираш на бебе, да и се посветиш максимално, да си бидеш гола најголем дел од денот и да се гушкате со бебе за да и ја олесниш транзицијата од матка во реален свет. Да обезбедиш добар фат на бебето и брадавицата, да пиеш вода, да спиеш секогаш кога ти се спие и да бидеш среќна. Хормоните играат огромна улога во производство на млеко во жлездите и испуштање на млеко во каналите за да стигнат до мешето на бебето.
    Тука сите мајки сме отворени за прашања, совети, рамо за плачење, ти само опушти се и гушкај бебе :hug:
     
    На Slonce91, Nane26, mKdevojce и 10 други им се допаѓа ова.
  8. @rollercoaster@

    @rollercoaster@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    221
    4 саат сабајле јас се молзам... Нормално ли е бебе од 4 месеци да спие по 10-12 саати без цицање. Ова се почесто се случува, ретко околу 2 да се разбуди и убаво да цица, најчесто и да се разбуди само лапнува цице и одма презаспива без да цица реално. Преку ден на 2-3-4 саата цица како си сака, некогаш "мезнува" некогаш влече убаво и празни града.
     
  9. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Здр, за менструални болки додека доите што пиете?
     
  10. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    4.156
    Пол:
    Женски
    Моето е така. Уште од 1 месец навака е така. Сега во 5ти месец пред петтиот скок се будеше неколку дена на саат два и еве се враќа во нормала деновиве
     
    На @rollercoaster@ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    19.696
    Пол:
    Женски
    Јас само не знам што ќе правам навечер никако не заспива без да цица, неколку пати се буди за цицање. Вчера кога се вратив му дадов да цица и вечерта уште еднаш, сабајлево рано се напив од апчињата не ме осети кога станав после пола саат се разбуди и бараше вришти на цел глас поголемово го разбуди..и онака не сум наспана од него сега капак и ова стварно не знам што ќе правам за навечер.
     
  12. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.199
    Пол:
    Женски
    Треба цврсто да решиш дали ќе го одбиваш, зашто ако вака ти прави ќе ти треба помош дефинитивно.
    Ако сметаш дека можете уште да продолжите со доење, издржи уште некој период. И мојава стануваше ноќе за доење, за на работа бев гроги, но решив да причекам додека сама не покаже знаци дека е крај. Кога нагло прекинавме доење на 14 месеци тоа беше преголем стрес за неа, ем траумата од болница, ем нема цице за утеха :( Но на 18 месеци кога увидов дека сама успева да заспие, и дека се буди од навика, решивме да смениме тактика. Кога ќе се разбудеше ќе ѝ понудевме водичка да се напие и не правеше фрки.
    Значи некогаш мора да го следиш самото дете. Само ќе покаже знаци дали е спремно за одбивање.
     
    На Kaetana и VDT2906 им се допаѓа ова.
  13. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    19.696
    Пол:
    Женски
    Не би го одбила ама поради здравствен проблем почнав од денес да пијам антибиотик кој треба неколку пати на ден да се пие и не постои опција да се измолзам па да цица, терапијата ќе трае еден месец и после сакам да си продолжам додека тој сака сам. Ама не знам како да почнам ова ми дојде наеднаш немаше време да се спремам...ќе пробам со вода, чај ќе видиме како ќе оди.
     
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.254
    Допаѓања:
    57.014
    Пол:
    Женски
    Жени, бебево има две и нешто недели, уште не можеме да влеземе во шема.
    Во болница цицаше супер, а исто и дома првите денови.
    Сега не фаќа длабоко. Пробувам длабок фат, веднаш пушта и се мести плитко. Едната града боли на почеток од доење, на брадавицаѕа има раничка а околу ареолата црвенило на едно место. Тоа е мастит? :(

    Што можам да направам?
    Одмолзував додека не цицаше активно поради жолтицата, ама
    Цица нон-стоп вчера и синоќа. Претходно го будев поради жолтица, сега не можам да го оддалечам од града, веднаш бара пак. Пелени си полни...
     
  15. @rollercoaster@

    @rollercoaster@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    221
    Се одмолзуваш ли? Ми е страв да не ми намали млекото и не оставам преполни гради
     
  16. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    мачкај ланолин на брадавката за да ти заздрави
    мастит е грутка во града, запушен канал, и често е проследена со температура, треска и сл
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.254
    Допаѓања:
    57.014
    Пол:
    Женски
    Темп немам, ама ме буни црвенилото :|
     
  18. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Црвенило ко да имав и ја некој период ама како низ сон се сеќавам а само 2 месеци дојам. Баш сега се проверив, немам ништо на ареолата, имам црвени и виолетови линиички на градата ама делуваат како стрии да се. Само брадавката не ја оставај така, третирај ја.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    4.156
    Пол:
    Женски
    Не се одмолзував. На почеток кога ја преспиваше ноќта сабајле се будев со мокра пижама и грутки, но тоа беше неколку дена.. со тек на време се регулираше ситуација и немаме никаков проблем
     
    На @rollercoaster@ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Ја имаш стискано градата при доење или да не се имаш молзено со пумпа/ рачно? Или жежок туш?јас од туширање и молзење под туш направив црвенило
    Ако ништо од ова тогаш може да е почеток на мастит види убаво градите да се меки треба да не имаш грутка некаде