Случајно те прочитав овде, честитки нека е жива и здрава куклата Не прочитав што се пишувало овде и дали ти одговориле ама јас менував пелени и ноќе. Нонстоп мочаше и какаше и многу покасно почнав да го оставам со истата пелена преку ноќ. Мада и сега ако го осетам дека е искакан менувам, не чекам до сабајле. За цицањето, ако не ти е надојдено убаво млекото, измолзувај.
Ти благодарам многу @Jana06 Уште не ми е верно дека ја гледам и гушкам до мене. Инаку подобра е деновиве и сама се буди на точно 3 саати, некогаш и почесто од 3 часа бара да цица, следна недела ќе видиме колку напреднала па ако има потреба ќе мењаваме рутина. Сега сакам недела дена да пробам само со доење па ќе следиме каков напредок има. И јас и мењавам пеленки за сега, жал ми е кога ќе ја слушнам/мириснам дека се искакала. А почна убаво скоро после секој подој да полни пеленки.
Сакам да прашам дали е од доењето што премногу ме болат пазувите и како потечени ми се малку кога ќе ја дигнам раката. И друго, малата цица на пример ако и дадам во 2 по полноќ (цица по 10мин со кубење од двете гради) и после се буди во 4 (некогаш пола час пред) дали може да се пролонгира времето на повеќе часа зашто од исцрпеност не можам повеќе да функционирам нормално. Имавме застој со тежината ама сега секој втор ден е + 50 грама
Ајде еден совет.. 4 ден денес како многу ме болеше левата града, а еве два дена како е црвена.. Сега фатив ја допрев осетив голема грутка. Што може да е? Ако е мастит како се лечи? Да напоменам, ни првото дете, ни бебето не цица од неа..
Имала некоја мајка бебенце што сака да цица само лежејќи? Како ви изгледале подолгите прошетки? Не ми проблем тоа што си цица лежејќи, добро ми иде одмарам и јас, но не сака никако поинаку, од дома не сум излегла само ради ова
Масажи под топол ( дури и жежок) туш , одмолзувај се и давај и да цица од таа града да олесне , зелка можиш да ставиш (многу ефикасно е ) , ациди борици облози , третирај оти може да крениш температура од мастит
Здраво мајки, ми треба совет. Се породив со царски рез, додека бев во болница немав млеко да го дојам бебето, па таму цело време го хранеа со АД млеко со помош на шприц. Дома кога си дојдовме морав да го хранам исто со АД млеко зашто сеуште немав млеко. За два дена ми дојде млеко но малово никако не сака да се навикне на града и јас цело време го измолзувам млекото. Станува збор за 10 оброка во 24 часа и тоа измолзувам по 50-60 мл на секој оброк. Сакам да ми дадете насоки како да го навикнам на града. Да ми дадете некој совет, некоја женска итроштина. Инаку користам Калма цуцла на медела, таа цуцла имитира града, односно нема шанси да тече доколку не влече од неа. Инаку го ставам на града кога е гладен и станува нервозен, плаче, вреска, рацете цело време ги пика во уста и престанува е со обидот за доење. Секој совет би ми значело, само немојте со тоа да бидам упорна. Благодарам.
да не ти се рамни брадавиците? ако се да пробаш за почеток со силиконски. И разгледај на медела сајтот, имаат нешто како цевчиња за хранење што се ставаат до града со цел да помогнат при преминување на цице..
Бицка моево ја има совладано техниката на цицање, бидејќи е цело време на Калма цуцла, проблемот ми е што не може да се навикне на моите брадавици кои искрено се многу добри за доење (тоа педијатрите го кажаа). Како да го одвикнам од пластика а да го навикнам на природна брадавица.
Мислам дека под техника на цицање се мисли строго на цицање од града. Ама немам којзнае колкав доенечки стаж, сигурно другите поискусни доилки ќе споделат покорисни совети
Прво, одлично што си давала млеко со шприц. Тоа е најбитно ако сакаш бебе да цица. Второ, медела е грешла и не е исто како доење. Ни една цуцла не е имитација на доење. Цицање од града е еден начин на влечење а сите цуцли се друг начин. Не се лажи со вакум и цена, цицка е цицка. Не е ист механизмот на влечење. Имам доенечки стаж од 19 м, бебе кое пиеше од цуцла и знам дека не е исто. Ако сакаш само цице мора да фрлиш шише додека научи да цица и се воспостави лактација. Пробувај различни пози за доење.
Има бебиња кои не фаќаат да цицат, па и на глава да се свртиш пак нема да сакаат. Пробував и јас со сѐ, се нервирав, ама дигнав раце. Се измолзувам цело време, плус и на ад сме. И мене ми е криво ама тоа е.
Токму така,не да ги има,јас знам бебе што буквално се гадеше од града,дури и докторката се чудела ,така да не треба да ти е криво некои работи не одат со сила.
Na drugarka i ispadna alergicno na mlekoto, se utepa od placenje kako bese a ovaa ne znaejki go doese. Dur otkrija sto e rabota se iznamacija site
што може да значи болка на града во предел под брадавицата, на допир е како да притискам модрица, а не гледам никакво црвенило или некоја друга дисколорација? нема ни грутка. штотуку ја испразни градата со цицање, ме болеше тој дел додека цицаше.
Женски денеска втор ден, а немам млеко се уште надојдено, само ако стиснам посилно тогаш малце има како водичка, на бебко му даваат АД во болница и многу ми спие, едвај го расонувам, си фаќа, ама му треба време, не знам што да правам..
Ајде честитки мало, нека е жив и здрав Штипкај го за петичињата додека го доиш за да го потсетиш да продолжи да цица. Да не има жолтица? Можно е и од тоа дополнително да го тера на спиење, но во принцип такви се бебушки на почеток, немаат друга работа освен јадење, спиење и какање Млеко ќе ти надојде, продолжи да стимулираш. Замоли ги да ти ги проверат градите и прави рачни компресии, нека ти покажат за да знаеш како.
Кај мене исто само лежејќи цица. Дојам во кола, ставам ќебенце или нешто позади на седиште и така... Комплицирано е бара организација
Фала ти мила, ми ги проверија градите добри се, а какви се тие рачни компресии, ако може да споделиш? Зошто не пуштаат денес, а веќе отиде педијатарот. Жолтица нема, го проверуваа и денес и вчера, ама ете си спие.
Ставај го прво на града пред да му дадете АД колку ќе исцица толку,и дома исто кога ќе си одиш.Не се секирај ќе ти дојде млеко,мене дури дома петтиот ден ми надојде, важно е да го ставаш кожа на кожа и почесто на града,ќе стимулира