Обавезно, не сакам да оставам така, се трудам, ама да си прашам пак. Дома даваше АД додека ти дојде млеко? И дали со шприц или со шише, како е попаметно?
Да давав , ама после постепено исфрлав, малку му доаѓаше да пие,и да,со шприц го давав од тие големите по 20-30 мл ,ама прво да цица.
Еве овде можеш да прочиташ подетално, има и слики, па полесно ќе сфатиш за што станува збор Супер што ве пуштаат, ќе можеш дома со бебе да вежбате и да се гушкате на раат.
се напипав подобро одоздола со крената рака и имаше грутче што боли на допир, се обидов да го разбијам под топол туш, се тресев после тушот и после саат време мерам температура 38.0 :/ мастит ќе да е, чаре? или на лекар морам.
Ставај бебе на града, нема пречка за да продолжиш да доиш, може само да ти помогне да ја одблокира запушената жлезда. По подој може и да се измолзуваш со пумпица од инфицираната града. Мора да дејствуваш побрзо за да не се влоши ситуацијата. Најдобро ќе биде да посетиш и лекар, претпоставувам дека ќе ти препишат антибиотици со оглед на тоа што веќе имаш температура, освен ако нешто друго не е причинител.
Двете деца ми се како небо и земја во тој поглед. Големата многу сакаше да си цица, до 2 години ја доев. А ова сега, брадавицата во уста ѝ стое, абе ни да лизне, ете до толку не сака. Можеби дека е хранета со сонда во болницата па затоа не сака, не знам. А на мене овие 3 дена ептен ми се намали лактацијата, на пола од тоа што вадев порано. Чај за доилки пијам, повеќе течности, ама пак е толку. Има ли некој идеа што да правам?
Честитки, да е живо и здраво!!! Првите недели по цел ден спијат мораш да го будиш со пипкање по носе или прстите на ножињата, сите бебиња се така напочеток Ставај го на града да цица колку што може почесто, млеко ќе ти надојде со стимулација на цицање. Јас така правев, но бев царски рез и млекото ми дојде подоцна,па првите денови давав ад по 20мл плус на града беше постојано. Сега дома ќе си одмориш подобро, на ваша територија, и мислам млекото ќе ти надојде ....а за спиењето не му се секирај сите бебиња спијат по цело време првите денови.
ми препишаа панцеф и нон-стоп сум наизменично со ациди борици и зелка облоги. се надевам ќе пројде брзо.
И мене на левата града 3ти пат до сeга ми се прае грутче а убаво цица се , незнам од кај никнуват двата пати лесно минав ама последниот , болка печење ужас у глава ме удараше , и со облози , одмолзување се смири после ден ипол . И со овоа повраќање после подој до кога лом ме праве , па и он , и само се пресоблекуваме , оти лигавчиња мајка му заборава да му става
Како што ти пишале погоре, истото. Одмор многу, топли облоги, темелно празнење на градата, ладни облоги после тоа, нежни масажи под туш со топла вода, или со некое масло за кожа... и бебето да цица со брадата во правец на грутката (ако е можно). Колку време не цица бебето? Секоја грутка добро е да биде проверена од доктор. Никинена супер што почнало да напредува... сакав да ви пишам на двете дека се работи за можно жлездено ткиво бидејќи пазувите се наоѓаат на таканаречената „млечна линија“. Може да се работи и за лимфа кога има премногу млеко или кога градите се потечени. Во секој случај чарето е редовно празнење на градите и ладни облоги под пазувата. Ако е мало бебе, може.. со тек на време ќе смени позиции, па не треба многу да се секирате. Побарај стручна помош. Не е ова нешто што лесно се решава. И луѓе, не е само текот од шишето. Најчесто е материјалот кој прави проблем. Бебето после не знае што да прави кога ќе донесете града, затоа што не е силикон.
Здраво мајки, јас си имам синче старо 12 дена, и се доиме и по потреба му давам и АД. Е сега мене ми рекоа да не јадам зелена салата, крставице не, зачинето не, стандард грав,зелка,леќа не, повеќе ми рекоа да јадам протеини, млечни производи со ограничен внес на благо млеко и скроб. Е сега пијам чаеви, дали смеам мед да ставам, благо скоро и да не јадам, рден ред млечно чоколадо, груцки јадам само квики и бејк ролс. Дали смеам да јадам смоки стоби флипс, со оглед на тоа дека се со кикирики? Дали според вас смеам да јадам путер од кикирики. Фала ви најмногууу
Е вчера го напнав изгледа, и еве денес имам млеко, не шприца ама има веќе бело се гледа, си цица. Само што сега ми се тврди градите и мачце ме болат, морам нешто да одмолзам или што е паметно?
обавезно одмолзувај се кога нема да ти ги испразни, или пак пробај повторно да го ставиш на града, првите денови знаат да се успијат недоцицани. може и дека уште е мало нема доволно сила, секој нареден ден би требало сѐ појако да влече и поефективно да ти ги празни.
Мајки кажете лек, бебка во саботата ме гризна за брадавицата многу боли мачкам на медела кремата ама боли вака површински нема ништо ама боли, нешто лек кажувајте?
Смееш да јадеш се и треба да јадеш разновидно. Јас избегнував многу типови на храна за кои се верува дека сметаат а синко сепак имаше многу грчеви. По 3 меееци престанаа, јас почнав да јадам се и немав никаков проблем. Ако бебе не исцицува молзи за да не дојде до грутки или мастит. Тврди гради значи има млеко само треба каналите да се разработат.