Не приметувам грутки, ама ме болат на некои места, се измолзев, цицаше, па ќе пробам пак за некое време, немам пумпа морам рачно што е и малце тешко, а за млеко сега имам, кога ќе стиснам ептен потекува.
Набави си рачна пумпа. Мислам дека на чико беше најефтина, 1200ден (ако не сум смешала 1199 со 1990). Ќе ти се најде и за понатаму а не фрлаш многу пари како кога би купила електрична.
Земи си пумпа обавезно. Спас е. Не ги оставај отечени градите можеш само проблем да си направиш. На почеток бебе не може да ја исцица цела количина што се создава додека се воспостави лактација. И јас ја имам чико рачната, ем е најефтина ем ми врши работа и сега после 4 месеци кога имам потреба. Масирај ги градите со термофор или под топол туш со кружни движења.
Majki malata koa se rodi bese 3310 koa dojdovme doma bese so 3140 momentalno e 4470 a sabota pravi 3 meseci ima apetit celo vreme cica probav so hipp I bebelan mnogu ne saka da gi pie kako da kacime na kilaza
Мајки малата е 3 месеци и две недели,само на доење сме,но слабо напредува.Подолго време одбива будна да цице,не сака АД,не знае од шише,не фаќа и цуцла.Одприлика на колку часа цицаат околу таа возраст? Знам секое бебе е индивидуално и се дава цицка на барање но кај моето не е така
Кој ти кажал да не јадеш се тоа?! Мајка што дои треба да јаде сѐ, се додека на бебето не му пречи. Доколку од некојс храна забележиш промена кај бебето во однос на грчеви или мака со мешето, тргни ја таа храна на одредено време. По 2-3 недели повторно јади и види дали ќе направи проблем. Ако пак појави проблем, значи е до тоа, ако не, нешто друго ја предизвиксло маката и немало врска со храната. Мајка што дои треба да јаде се! Бебе што има грчеви му смета и воздухот што го дише (така е зборот), а бебе што нема, може мајката да живее на зелка и грав и бебето да нема мака. Мајка јади СЀ, се додека бебето не пројави мака
Што значи слабо напредува? Не значи дека секој месец треба и ќе качува по 1 кг. Вие веќе сте кај четвртиот скок, можно е и да одбива да јаде поради тоа. Ако имаш млеко, зошто форсираш ад? Ад не е решение на секој проблем, прво види зошто одбива да цица..
Е да знам зошто одбива,ќе го решевме проблемот,ако постои решение Многу е нервозна,раце бута,цице никако.Затемнета просторија пробав,налегната... Цица само ако е нерасонета..и тоа голта само кога се испушта рефлексот и млекото само тече и толку,потоа престанува и се тргнува
Те разбирам, не те напаѓам, само сакам да кажам дека можеш да си го намалиш млекото доколку даваш ад, а истото секако нема да е решение, па ќе си направиш дополнителен проблем. Ставањето рачиња во уста е сосема нормална фаза и истата ќе трае уште долго. Според неделите, многу е веројатно да ве има фатено 4тиот скок (зависи кога ти бил термин - за скокови повеќе во соодветната тема). Пробај да фатиш одреден ред со цицањето и пробај да го запазуваш тоа време. Можеби кога и нудиш да цица не е гладна или е прегладнета, па затоа одбива и се противи. Можеби не и одговара позицијата.. Доколку се нервира во периодот додека дојде отпуштањето на млекото, можеш да правиш масажи со топли облоги или топол туш пред доење за да помогнеш за побрзо опуштање на каналите. Можеш и да се измолзеш малку пред доење за побрзо опуштање на каналите. Стимулирај ја градата за време на доење и за време на молзење. Има периоди кога едноставно стануваат посвесни за околината и се заинтересирани за се друго освен цицање. Фаза е, ќе помине. Штом си забележала дека цица полузаспана, дој ја тогаш, а можеш и да воведеш уште еден ноќен подој (доколку има простор за тоа) и со тоа да обезбедиш доволен внес на млекце. Во однос на период на цицање - да, секое бебе е индивидуално, но во глобала до тогаш би требало да имате некаков шаблон - конкретно моето бебе цицаше на 3-4 саати дење, а ноќе воопшто. 3тиот месец качи 400 гр, 4тиот качи 500 гр. Фала Богу е здрав и одлично си напредува. Се додека полни пеленки, кака златно-жолто, убаво спие и е весела, мислам дека немаш простор за грижа. Има разни периоди кога бебињата ги менуваат навиките (на пр. моето од тие 3-4 саати, на 5 месеци цицаше на саат време и дење и ноќе, па на 5++ пак на 3-4 саати), а ние треба да се прилагодуваме на тоа.
Братучедка ми дои до 6мес бебе и цицаше на саат- саат ипол. Ќе фатеше 5-10мин мрзливо што се вика и толку после саат време пак. Цело време така освен ноќе на 2 часа до 2ипол цицаше. Може до бебето е. Ако мислиш ад да дадеш со какви цуцли имаш пробанп? Да видиш некои што повеќе тече, да смениш шише не знам што користиш...секако со вакви цуцли знаеш дека можеш доење да загрозиш. Но одлуката е твоја.
Добро си правиш, само запомни да му го дадеш на бебко колострумот да го пие од шишенце ако се одмолзуваш. Немој да го фрлаш млекото. Ако имаш премногу, замрзни го. Пумпа е потребна, според мене. Убаво ти рекле за рачната на Чико и јас ја имам истата. Ќе ти се наоѓа и за понатаму. Рачно само ќе се мачиш, но сепак ти си знаеш најдобро.
Во болница педијатарот што не пушти дома, ми кажа што да јадам што не. Плус ми рекоа дека по крвната слика има намалени протеини, и да бидам повеќе на протеинска исхрана. Не знам, јас се породив во 38+4, ми се роди 2830, и ми го рачунаат за прематурче. Може и затоа не знам.
Цицаше на 2-2,5 часа,сега гледам на 3 цица,некако се поклопува со дремката.Ако е порано и полузаспана да е не сака.Мачно е многу што морам да темпирам со дремката.Ноќе касно заспива,пробувам накај 10:30-11 да ја заспам,но не продолжува,дремка и е тоа.И ако цица последно пример 11ч ќе се разбуди накај 3ч па накај 6ч.Ако последно цицала накај 12:30-1 може дури и накај 6-7 да стане.Дали да вметнувам подој?
Таман кажав и сега еве приметив додека се бањав, на самата аерола до брадавоцата има како тврди грутче, ме болат градите по малце, ама му давам и на бебко, а и ги одмолзувам денес, ама ете пак се напраило нешто.