Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.444
    Допаѓања:
    4.164
    Пол:
    Женски
    А кажи ми како е со килажа и како е со пелени? Која е индикацијата за проблем? Што забележуваш дека не е во ред? Тоа што се трга од града и што става раце во уста?
     
  2. ivance..

    ivance.. Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2020
    Пораки:
    2.660
    Допаѓања:
    7.123
    Пол:
    Женски
    Би ти препорачала рачна пумпа да си земеш јас купив на бејбинова рачна пумпа од еурофрм околу 500денари
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. merina.93

    merina.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    322
    Син ми е 5ипол месеци кога беше 3 месеци ја преспиваше ноќта со едно будење за цицање, а сега маста ми ја извади цела ноќ станува а цица на 2 ипол до 3 часа... Да каже некој на таа возраст што им е беба како е кај нив, не знам што е проблемот нели кога се поголеми немаат потреба од ноќните подои
     
  4. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.444
    Допаѓања:
    4.164
    Пол:
    Женски
    Исто беше и кај мене и трсеше 7-10 дена. Се поклопи со почеток на петти скок и мислам дека е до тоа.
    Сега се вративо нормала. Станува еднаш ноќеска само за цицање и одма презаспива, или ниеднаш...
    Мислам дека е краток период, издржи...
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.441
    Допаѓања:
    8.823
    Пол:
    Женски
    @Love86 и ние сме во таква фаза, додека фати да цица со дерење и плачки. Вака е денски, а ноќе убаво си цица без да се буни. Во 4 скок сме и ова трае веќе 10на дена. Од 22 февруари до вчера има качено само 300 грама (4 месеци и неколку дена сме), ама беше 3 дена со пролив, температура и омалаксано, мислам дека тие денови стагнираше а можеби и намали килажа. Денски цица на 2 и пол-3 саати, подоите се доста кратки, особено ако не спие, се нешто одвлекува внимание, потоа пробувам да дадам одмолзено после тоа и не сака. И нудам и почесто да цица ама не сака. Не сум посегнала досега по АД, зошто ни моето измолзено не го пие. Се тешам дека е фаза и ќе помине. Ноќе се буди еднаш до два пати. Почна да кака преку 1 или 2 дена. Вака измеѓу подои си игра, не делува гладна.
    Ако си полни пелени убаво јас на твое место не би вметнувала уште еден подој ноќе. Ќе помине ова, а ти можеш и да се измолзуваш кога мислиш дека слабо цицала за да одржиш лактација, па ако не го пие замрзнувај го. Пиј течности и чај за доилки. По колку качува месечно досега?
     
    На Kaetana и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  6. merina.93

    merina.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    322
    Од 4ти скок сме вака скокот заврши тој не се врати во нормала еве скоро 2 месеци
     
  7. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    Пелени почесто се суви,ама многу често менувам може на два саата бидејќи кака често.Мислам повеќе кака одколку што мочка.Килажа па од 27 февруари кога ја мерев последно на домашна вага,кај матичната не сум била, само 200 гр има качено.Друго ако полузаспана не сака да цица( се случи тоа денес и вчера)оставав не форсирав,после почнува да кенка ја земам за да пробам пак и почнува хистерично да плаче.Ајде лулам да се смире,а она се бута да цица...а никако не фаќа.хаос.Успеав некако стоејќи и се смири малце
    Незнам зошто вака прави,се бута да цица а не фаќа?
    И не чуствувам полнење на градите како до пред една недела.
     
  8. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Поефективно е со пумпа, бидејќи си и тазе мама, сила ќе ти треба, така што штеди се :) Масирај ја грутката додека се молзеш или додека цица бебко и ставај топла облога пред подој/молзење. Реагирај навремено за да не си направиш беља со маститис.
     
  9. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    Кога си дојдовме од болница додека да ми надојде убаво млекото давав од Авент шише и Хипп комбиотик млеко,после имав страшни отоци морав по болници втората недела и два дена по еднаш пак давав АД.Пиеше,прифаќаше и млеко и шише.Поджслр месец време имав хитна работа и пробав пак да бидам сигурна дека ќе пие да не ја зимам со мене,не сакаше.Секак пробав и гладна и не толку гладна,пред спиење после спиење не бива вришти.Не знае да пие од шише,лажливка не фати,ја жвака.
     
  10. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.441
    Допаѓања:
    8.823
    Пол:
    Женски
    Како себеси да се читам. Обавезно форсирај во полу сон да цица штом е вака. Период е, ќе помине. Штом кака и мочка не е гладна. Пелени на 3-4 часа менувај си слободно. Зголеми ти внес на течности.
     
    Последна измена: 18 март 2021
    На Love86 и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  11. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    А да викнеш дома лактациски консултант? Ако имаш можност секако финансиски околу 1000 денари е какп што знам. Или ако немаш бебето со тебе и кај матичниот да ве види
     
    На Love86 и Fatalnata им се допаѓа ова.
  12. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.444
    Допаѓања:
    4.164
    Пол:
    Женски
    Штом полни пелени не е гладна, а одбивањето може да е фаза. Битно е и каква е бојата на каката. Друго, од вага до вага има разлика и за релевантна споредба на тежина се земаат две мерења на иста вага. Дополнително што качувањето на тежина не е линеарно ден за ден и недела за недела. Затоа почекај до следната месечна контрола и измерете ја на истата вага како последниот пат и така ќе го видиш напредокот.
    Полнењето на градите ќе го чувствуваш сѐ помалку - при воспоставена лактација градите се меки, и тоа не значи дека нема млеко туку дека се постигнал баланс помеѓу побарувачка и производство. Доколку ти е страв, можеш да внесеш во исхраната состојки кои помагаат во производството на млеко и да се чувствуваш посигурна.
    Секако секоја приказна е уникатна, и Милки убаво предлага ако можеш да се консултираш со консултант за доење.
    Еве и @Kaetana нека прочита и види и она што ќе ти каже, најкомпетентна е она
     
    Последна измена: 18 март 2021
    На Kaetana, Fatalnata и Love86 им се допаѓа ова.
  13. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.444
    Допаѓања:
    4.164
    Пол:
    Женски
    Освен почесто цицање, забележуваш некоја друга промена кај него? Можеби станува збор само за промена во навиките и потребите и тоа е тоа. Ние треба да се прилагодиме иако е стварно тешко во некои моменти... :hug:
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    @Lovebug01 форсирам колку што можам,ама не сака секогаш...после е вриштење.Течности пијам сок од јаболка,вода,чаеви за доилки( Хипп и Лакта микс по 2-3 чаши)капсулите Лактил
    @Milkiway незнам кај нас во градот дали има лактациски консултант,ќе дадам колку треба пари,само да се среде,ова е измачување
    @Izzy_0504 од исхрана што да внесувам за поголемо количество на млеко.Јадев секое сабајле или вечер овес со јогурт,а тој период често какаше,па прекинав да не е од тоа.И пак си кака често..Неможам да видам полна мочкана пелена..почесто кака не скрос полни пелени ама битно има кака
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Да пишеш кај си или до кој поголем град па да пишат членки
    Она ти е научена на града и затоа сега материјалот од цуцлата не го прифаќа.
    Знам дека се изнамачи од почеток со доењето. :( баш ми е жал.
     
    На Love86 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.413
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Zar ima vo drzavava laktaciski konsultanti? Ja se mislev nema takvo nesto kaj nas. Od kade se vikaat kazuvajte
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Знам за Јасна ама не знам дали е кај др Ложановски или во Здраво бебе ај ќе пишат мајките што викнале. Пиши на гугл во меѓувреме низ скопјево таа ја знам и уште една имаше на телма амбуланта ама не ја запамтив
     
    На Pacient srna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lorins

    Lorins Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2015
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    3.710
    Пол:
    Женски
    Јас како падобранец... Доколку некој има слично искуство, би ми било од голема помош.

    Имам долг стаж на доење. Првин едното дете повеќе од 2год. Па пауза 1год и пак еве година доење. Од вчера имам на едната града долу како грутка и мн е болно местото на допир. Прв пат така ми се случува.
    А детево си цица нормално, за да мислам дека ме исцицува доволно..
    Има ли некој слично искуство?

    Во секој случај доколку потера вака недела две ќе правам ехо.
     
  19. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    754
    Пол:
    Женски
    Колку минути одприлика трае еден подој на бебе старо 20 дена. Моето седи на града околу 30 минути, спие,цица, спие,цица....незнам дали е доволно, знам дека секое бебе цица со различен интензитет, некое повеќе спие, друго повеќе влече, но од прилика на оваа возраст дали е горе/долу доволно да седи на града околу половина час?
     
  20. A.n.g.e.l.a.V

    A.n.g.e.l.a.V Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    Кај мене е скоро 2 месеци и по цел саат цица некогаш, така си дремуцка на градата :D. Имам читано дека првите 10 минути цицаат поинтензивно. Ако си спие после тоа не е гладно.
     
    На CareTee, Ema.Sk, ivance.. и 1 друга личност им се допаѓа ова.