Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Леле и мене ме гризна пред една недела. Јас мачкав бадемово масло, оти имаше и крв малце. Помина за неколку денови, ама болеше дури и кога онака си седев, без да дојам.

    Ако доењето го есапиме само како нутритивна потреба, може до некаде да има поента. Ама, доењето е мнооогу повеќе од храна, така да... сето тоа будење е многу нормално. Иако, реалноста укажува дека на бебиња кои се поголеми, и те како им требаат ноќните подои, бидејќи една третина од внесот на млеко се случува преку тие ноќни подои, бидејќи во текот на денот светот и околината нудат такви стимули што е буквално сѐ поинтересно од доењето... лазење, јадење, седење, играчки, .... и навечер се случува „надокнадувањето“ на овие калории.

    Од моето искуство, можам само да ви кажам дека будењето ќе биде исто така нелинеарно и е поврзано со развојот на вашите бебиња. А доењето како метод на смирување, утеха, сигурност и те како ќе игра голема улога многу подолго време отколку првите 6 месеци.

    Може да се случи да е некој затнат канал. И мене ми се случи пред некое време, не осетив грутка, ама имав болка на допир, кренав температура 37.8... топол туш и масажа под туш. Нека цица бебето. Ако не се среди за два дена некаде, закажи ехо обавезно.

    @Love86 те молам прво пиши ми ги мерењата на тежина, точната возраст на бебето, и конкретно што мислиш ти дека е проблем. Од тоа што пиша, мене ми изгледа дека сте вие во скокот каде што бебето нема интерес за доење, штом цица во полузаспана состојба. Ама и према тоа што пиша дека има кака најнормално, би рекла дека нема многу простор за нервоза. Бидејќи отсуство на столица е попаничен знак за недоволен внес. Ама ај да не зборуваме, пиши ми што конкретно мислиш дека се случува кај вас. За скокот би ти рекла зголеми ноќни подои ако можеш, тоа е во принцип еден пристап што најчесто помага на мајките со бебиња кои се нервираат преку ден. И јас би ти препорачала да се видиш со некој, нека е и со видео консултација, подобро отколку ништо. Ќе се среди, не се секирај, само најважно е ти да се смириш. Од досега што сме се пишале килажата делува релативно супер, и ако добро се сеќавам мислам дека скоро ја имате и дуплирано ако не се лажам а уште немате ни 6 месеци. Смирено, без нервози. Ќе се најде чаре за што и да е.
     
    На merina.93, SkarletOHara, MilaSs12 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Nikinena

    Nikinena Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    402
    Пол:
    Женски
    Да прашам, дали може да се пие новото пиво на хајникен без алхохол како стимулација за млеко? Јас никогаш не сум пиела алхохол ни пак пиво ама некој на сопругот му рекол дека било баш добро за доилки.
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Да и јас не можев да го гледам како се тргаше од мене и продолжуваше на рачињата да шмука ги искина рачињата.
    Не знам зошто а имав млеко, не знам зошто прават вака.
    Ајде се надевам ќе успееш ти следи ги советите тука, сите поминале низ истото.
     
    На thelittle17 и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  4. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.444
    Допаѓања:
    4.164
    Пол:
    Женски
    Да, може, точно е дека е добро за стимулацика на млеко
     
    На Kaetana, Nikinena и Fatalnata им се допаѓа ова.
  5. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.413
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Go probav ic ne mi e ubavo veze nema so obicen heineken ko vodicka e. Ne kupuvaj mnogu moze i tebe da ne ti se bendisa
     
    На Nikinena му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Пиши што ви кажал педијатар.
    Кога плачат така ,најважно е прво да се смират ,потоа да ги ставаме да цицаат. Зошто чим плаче а го тераш да фати уште повеќе се вознемирува ,па и ние се нервираме и после исходот катастрофа.
     
    На dromka, Kaetana, sunmoonstars и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Nane26

    Nane26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2018
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    596
    Пол:
    Женски
    Мајки здраво, имам едно смотано прашање, дали кафето може да го пијам па да го дојам синот, или прво подој па кафе? Инаку пијам турско кафе? Фала ви
     
  8. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Прво подој па кафе. До 2 шољи на ден.
     
    На Fatalnata, Nane26, sunmoonstars и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.695
    Допаѓања:
    5.663
    Пол:
    Женски
    Ја не сум обрнала мн внимание , пијам едно наутро ретко и друго преку ден . Се случило и пред и после подој , пробај види ако смета , секако ќе му смета. Ама кафе па и две ретко кај некое да влијаело.
     
    На dromka, Fatalnata и Nane26 им се допаѓа ова.
  10. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Јас со еден апдејт, бебе некако почна да цица, значи уште на лустер што не се качив за да пробам, ама по малце 10-15 минути, и не е цело време активно цицање, се одмолзувам и тоа му го давам. Не знам дали му е доста искрено, и дали каките стварно имаат врска, златно жолти му се, на 2-3 саати некаде, веќе не знам што да мислам. :|
     
    На Ava.84, Tacka36, MissBreezy и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.444
    Допаѓања:
    4.164
    Пол:
    Женски
    Бебе што е на доење се толерира да не кака и до 10 дена, а најважно е бојата да е златно жолта. Тоа што кака почесто е сосема нормално, бојата е таа што треба да биде и тоа е одличен показател дека бебето е најадено.
    Опушти се мајка, супер ви оди и ќе биде сѐ подобро :inlove:
     
    На dromka, azelea, thelittle17 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Баш ми е мило. Ако ти е битно да цица и на лустерот качи се на крај ако треба :)
    И моето какаше на 2-3 саати до кај 2 месеци, па почна на 4 дена, последно дури после 9 дена.
    Како што ти пиша и Изи, штом е златно-жолта кака таман си е бебуш.
    Обрни внимание и дали си мочка редовно ;)
     
    На thelittle17, BabyD0ll, ivance.. и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Супер сте . Сите сме поминале низ некој предизвик во однос на доењето ,а некои и низ сите :D
    Каките се топ ,и нормално е до кај 40 дена да се повеќе пати дневно ,некои бебиња какаат и после секој подој. Кај нас честото какање значеше и помалку грчеви (во споредба со бебиња околу нас кои што помалку какале). Ќе има мајка денови секакви. И кога нема да сака да цица ,а и кога нема да можеш да го тргнеш од цицка ...и се е нормално ,сѐ додека си напредува убаво ,само следи си го :hug:
     
    На Tacka36, Poppins, Ognena* и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Sinolicka.

    Sinolicka. Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2020
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    403
    Пол:
    Женски
    А што и даваш за тоа и моето имаше сега е мислам исчистено конечно зошто нонстоп и се повторуваше
     
  15. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.695
    Допаѓања:
    5.663
    Пол:
    Женски
    И кај мене често кака и тоа стандарт и после подој обавезно , и пртка квалитетно :lol: може да држи вода твоево мислење за помалку грчеви дека имаат :?: Месец ипол е добро се држиме до сега со мешето (fingers) Се надевам нема да му екнат сеа :devil: Уште ме маваат флешови од ќерка ми какви јаки изразени грчеви имаше :drunk: Многу тежок период е напорен , измачува скрос и мајката и бебето .

    Со какањево едно да смене само сакам :rofl: ноќе обично цица кај 3-4 и речиси секогаш :!:одма се кака , и ај менување пеленка , па тука следе и расонување :worried: некогаш ќе заспие одма па и за пола саат ете ама некоаш и еден саат се дружиме ако и пропуштил па скрос да го пресоблечам :sweat:
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Може јагоди да се јадат за време на доење?
    И што треба да се избегнува од овошје?
     
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.759
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека може се да се јаде, ама да се следе да не има реакција кај бебе. Кај мојата од цитрон се појави осип додека цицаше, па веќе не јадев.
     
    На Fatalnata, Poppins, BabyD0ll и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Nane26

    Nane26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2018
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    596
    Пол:
    Женски
    Мајки, вие кои користите на медела вештачки брадавици, како ги одржувате? Јас после секој подој ги мијам со врела вода и сјај на фрош што е за бебиња, и еднаш до два пати во денот ги стерлизирам во стерилизатор. Исто и за цуцлата калма на медела? Исто ја мијам со врела вода и сјајот,и ја стерилизирам. Фала ви
     
  19. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    јас ги стерилизирав во зовриена вода само откако ги купив, после тоа ги плакнев со вода на најжешко и фрош бејби сјај. едит: ова за силиконските брадавици, цуцлата ја немам користено.
     
    На Bicka77 и Nane26 им се допаѓа ова.
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.749
    Допаѓања:
    18.473
    Пол:
    Женски
    @Kaetana и моето искуство кажува дека цице е храна и се останато. Не до 6, еве 20 месеци е така.
    Јас сум од оние кои уживаат во доењето, синко го чувствува тоа и титем му е се.

    Мајки, не ги ограничувајте бебушите, дајте цицка кога сакаат, нудете кога треба и не треба. Со тек на време ке се поврзете и таа сигурност ке влијае само позитивно врз двајцата.

    Кога сакаш. Гледај да не е јако многу. Кафето останува во организмот а бебе цица на 2 3 часа.

    Како немаат, па и педијатрите прашуваат каква е каката. Бебешка кака треба да е златно жолта, со текстура како путер од кикирики.
    Доволно му е.

    Јас само еден ден ги користев во болница, значи ги миев со врела вода само. Ама тоа што го правиш ти е доволно.
     
    На Kaetana, SkarletOHara, thelittle17 и 3 други им се допаѓа ова.