тоа само веке се одби, млекцето мое е премалку секако е скоро па и целосно на ад.. но ете таа помисла дека и тие 10 20 мл што ги имам а не му ги давам не ми дават да го прекинам скроз.. а џабе се мачам и јас
А градите како ги осекаш ? Најголем стимул е самото бебе... Затоа и со пумпица тоа што се вади не е меродавно и е помалку. Сепак и јас не сум нешто престручна , односно воопшто не сум туку спрема моето искуство кажувам. Види @Kaetana некој совет?
Еден ден му давав од шише, и за еден ден запамти, другиот ден не сакаше да види града, абе се мрднав додека му ставам пак града, со пискање и викање беше 2 дена, и некако се навикнавме, јас скроз гледам да оттргнам шише, ама ако мора, тоа е што е, јас се плашам најмногу да не снемам млеко, бидејќи ми се омекнати градите, ама пијам води, чаеви, млеко, јадам овес, и се што е во моја моќ, млеко имам кога ќе стиснам, правам се само да не ми е криво утре ако снемам млеко дека нешто било до мене работата, баш како што и ти викаш и јас сум таква, ќе имам грижа на совест ама тоа е, не се откажуваме. Бевме денес на педијатар, и од петокот до сега има качено 200 грама Само на доење е, не давам АД, не давам шише, не давам ништо друго што ми е непријател на доењево, зошто за само една недела пукнав додека да го научам и тоа не сосема, се уште на секој пола саат-40 мин. си бара да цица, а цица само 10-15 мин, итоа со одмори и паузи. Не сакам да ми биде залудно. И навечер исто ми прави, се буди и бара да цица, 15 мин максимум, и пак си заспива, и дека ми повраќа станувам и го шетам после секој подој, само за да не ми поврати. И да ја слушав онаа мојана свекрва, до сега детето немаше да ми цица, ме замараше шише да му давам првите денови, многу плачело и било гладно, сум го оставала така, земала и цуцла лажалка му дала, абе кога видов коса ми се крена мајка ми дојде и Господ ја прати тој ден мислам дека, да не беше она до сега може "ќе се откажев" цел ден од сабајле до вечерта го стававме на града и го учевме, со вриштење со се! За оваа да дојде и над глава да ни збори како тоа сме биле упорни со сила, и тоа дете требало да јаде, ама си го доби после тоа. Ај доста на оваа тема за свекрви, зошто ќе треба 5 страни реферат да пишувам за неа само, откако се роди бебе, а и не е соодветна темава.
200 гр за толку краток период е одлично. Свекрва батали, на нив не им е битно да доиме, битно им е внучето да не е гладно оти нели секое плачење тоа значи Напредокот на бебето си е показател дека не го оставаш "така". Издржи уште малку, мало е бебето, за брзо ќе си фатите ред со подоите
Браво за упорноста. Инаку мене поради висок притисок и терапија за истиот,кога ме отпуштаа од болница, затоа што го имав доено само едно попладне, ми рекоа да ја земам на медела калма цуцлата,која е како мајчина града, ако влече ќе тече млеко,во спротивно нема млеко, и мправ да му давам АД поради ниски протеини. Еве и ден денес, синко има 17 дена, навечер подоите ми се со АД, а преку ден го дојам и немам проблем со калма цуцлата. Чисто како инфо ти кажувам ако имаш потреба.
Не мора да значи. Ќе пробаш и ќе следиш реакција. Јас јадам и пијам цело време, бебе немаше грчеви. А да не е во скок? По ова ми личи на скок. Се е индивидуално. Првата ќерка беше на комбинирано (2 шишенца ад во 24ч), па во 4ти месец мина целосно на цице. Цице секогаш и беше избор број 1.
Мајки, како ги легнувате бебчињата кога нема да успеете да ги подригнете? Педијатрот ми кажа дека сепак е најбезбедно на грб, но мене ми делува страшно. И кога добива како нагон за повраќање мислам дека се дави... дали сум само параноична или со право сум загрижена? Некој совет и слично искуство?
I mojava nekogas zdriga nekogas ne,jas na strana ja stavam i malku podignata,eve denes ubavo cica ama zdiga na cicka i prodolzuva da cica i sega neznam dali e nazdrigana
Абе зачаран круг Јас ја имам и антирефлукс перницата, ама не повраќа толку за да речам дека има рефлукс, само се гади...
Isto i mojava ne povraka samo se gadi,ama toa i poveke i e i od steganje koga ja faka meseto dodeka se iskaka,posle toa mirno spie i ne se gadi
Секогаш на грбче. Во прво време ја пазев за време на дневните дремки, оти обавезно бљуцка, да видам како тоа изгледа и ОК беше. Таа иако лежи на грб, главата и е обавезно на страна свртена, многу ретко и е исправена. До сега немало никаков проблем.
Здраво. Прво би ме интересирало што значи намалена лактација и како е стигнато до тој заклучок. Второ, секогаш може човек да се обиде, но најголема грешка е кога некој има мака со фатот да дава дохрана од шише кое самото по себе е ризик за фатот на града. Така да... и самата го знаеш моментот. Тргни го шишето. Елминирај ризици. Не знам зошто толку сите сме фатени за тоа шишето, ко да нема ниту еден друг начин. Или шише, или бебињата ќе ни останат гладни и страдни. Ама тоа е, добра реклама чуда прави. Прво елиминирај шише. Второ, зголеми контакт кожа на кожа пред подои и меѓу подои. Избарај на нет детално за флипл техника и асиметричен фат на града. Пробувај различни доенечки позиции. Најдлабок фат има кај биолошката позиција и кај фудбалска топка. Научи како да подметнуваш града за подлабок фат. Помагај и тој да ја отвори устата. Дали имаш проблем со брадавици? Дали е болно доењето? Рагади? Значи сѐ треба да се земе во предвид. Почни да истражуваш на овие теми подетално, пробувај дома различни варијации на тема, давај млеко (молзено, формула) со чашка а не со шише.. и види како ќе се тера работата. Исто имаш опција да побараш помош од лактациски консултант. Не знам од кај да почнам - секако, неповрзано со тебе, да не ме сфатиш погрешно... ама не знам од кај да почнам да објаснувам колку методата „давај две гради па дохранувај“ е налик на грепка дали ќе ти се падне кола или не. Оставено е сѐ во „рацете“ на вашето хормонално „подесување“. И е еден затворен круг каде што и да имало потенцијал за лактација, можно е да остане неискористен. Ова не беше за тебе, туку беше како една забелешка дека кога и да добиете таков совет, знајте дека не ги користите сите средства што ви се на располагање за да поттикнете лактација. Околу твојата ситуација. Најважно е да одлучиш ти што сакаш. Никому нема што да се правдаш. Ако за тебе тоа молзење претставува мачење, нервоза, не должиш буквално никому објаснување за тоа како сакаш да продолжиш. И побарај да си одлучиш што ТИ сакаш, а не што некој друг ќе ти сугерира. За да нема каење после тоа, и да ти е криво дека некој за тебе направил некаква одлука. Само би ти кажала, дека во вашиот случај, ако сакаш да задржиш контакт, можеш да се обидеш со доење на сред сесија хранење или после тоа. Давање града кога бебето е гладно, ако веќе нема проток, ако веќе се фрустрира, не е најпаметна варијанта. Додека давање на бебето да цицне на крај, е десерт. Тогаш не е веќе нервозно, и многу полесно би прифатило... теоретски секако. Ако сакаш да одиш скроз во друг правец, има и тоа теоретски шанси, ама ќе ти треба многу трпение, работа и обавезно стручна поддршка. Значи сѐ зависи од тоа што ТИ навистина сакаш. Точен одговор нема. Направи го она што мислиш дека е логичен чекор за вас двајца како пар. Што и да е решението, треба да е такво да можеш да го истераш без каење, да ти донесе задоволство и ТЕБЕ да ти има поента..
Знае ли некоја дали чајот од оригано оди со доење? Некаде најдов стимулира млеко,некаде можни тегоби..
До кога мислиш дека треба. Бебе 7 месеци јас уште пијам посебно за време на менструација ,без него не можам. После пораѓај.