1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Кога ќе стиснеш како се понашаат ? Капе ,шприца ?
     
  2. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Некогаш шприца, некогаш тече, има млеко кога и да проверам секако.
    А како треба да е правилно? :sweat:
     
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.760
    Допаѓања:
    18.498
    Пол:
    Женски
    Опушти се и уживај во доењето. Млеко имаш.
    Бебе цица кога сака и колку сака.
    Полни пелени се знак дека не е гладно.
     
    На Izzy_0504, rainbow_bb, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Фала ти мајка. :hug:
     
    На MilaSs12 и Осе им се допаѓа ова.
  5. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    кај мене вака правеше во втора-трета недела, а првиот скок не го ни осетивме, такашто не мора да значи дека само во скок бараат почесто на града. давај секогаш кога ќе ги приметиш знаците дека бара, самото си знае колку му треба. :l:
     
    На Fatalnata и thelittle17 им се допаѓа ова.
  6. Sinolicka.

    Sinolicka. Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2020
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    403
    Пол:
    Женски
    Кај мене едната града секогаш капе а другата шприца.. Ама меки ми се и мене ми е страв за млекото дали е доволно..како е правилно?
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Да не е ептен капење...kako систем капка по капка :rofl:
    Ако шприца или капе ама убаво во не една капка сега една по минути имате млеко ,не се грижете .
    Плус како што е кажано многу пати бебе колку може да извлече пумпи и раце не можат. Мане ми цицаше 5-7 минути и почна да плаче кога стиснав немаше ни капка. Тогаш знаев дека нема.
    @thelittle17
     
    На Nane26, MilaSs12, thelittle17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    А и ти снема млеко? Сега имаш, како го врати?
     
  9. Sinolicka.

    Sinolicka. Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2020
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    403
    Пол:
    Женски
    За повеќе млеко мене сега најмногу ми помага овесни снегулки со јогурт.. и лактамикс.. друго незнам а баш ме интересира што можам уште.. пробај и ти со овие
     
  10. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Веќе ги земам тие работи, плис вода и сокови од јаболко.
     
    На Sinolicka. му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Околу два месеца само од левата цицаше ,доближи ја до десната вришти. Ако и подметнев во спиење ама тоа еднаш дневно дали било. На почетокот се одмолзував ,ама така произведува уште и еднаш ми крена градата температура и од страв од мастит одмолзував колку да ја олеснам...па ич и еднаш така и ја подметнам се деси тоа од погоре. А исто меки ми беа двете.
    Под туш врела вода колку што можев и масажа со стегање ко душман да е :rofl:.
    Одма после то пумпа ,значи уште под тушот. 20 мл негде извадив. После седев и само тоа правев стегав на градата ,па вечерта и дадов цицаше од таму плус се измолзив . После пак и се врати сега имам ,не како на другата ама пак има. Пошто другата поразработена изгледа ^_^.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sinolicka.

    Sinolicka. Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2020
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    403
    Пол:
    Женски
    Кај мене левата секогаш има повеќе капе и шприца маицата лом ама малата баш таа не ја сака многу и иде и се заштркнува а десната па никогаш ни капе ни шприца сама од себе а секогаш од таа цица.. ако и ја нудам другата не фаќа дали мислиш и стига, а кога ја кревам секогаш ждригнува тоа значи е најадена или?
     
  13. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Може и е јак млазот да пробаш пред доење да се измолзиш малку па да дадеш ?
    По на мм теоријата ако ждригне најдена е :rofl: и стварно кога немаше да ждригне одма по 10 мин бараше пак... Само не знам дали така се поклопувало или така е стварно. Ако знае некој баш нека каже.
    Инаку можно е од една страна да се најадуваат,и јас се чудев со золва ми и тоа нејзиниот е роден 4 кила и нешто ама на крајот и кај мене исто испадна:rofl:
     
    На Sinolicka. му/ѝ се допаѓа ова.
  14. A.n.g.e.l.a.V

    A.n.g.e.l.a.V Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    И јас од како ја родив се мислам малку да не и е, и гладна да не е. Да беа проѕирни градите да се види колку има и колку руча :D:D
     
    На Chuchanov, mssuniquee, Bicka77 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Абе и јас сум се плашела ,немојта да мислите се знам :D.
    Ама читав ,прашував. А и килажата ме смируваше. Е сега веќе јаде и кашички ,иако доењето и е главно,па малку подруго е. Макар што пак сега се мислам кога јаде толку малку кашичка како ли ќе ја оставам :worried:. Ама ајде тоа е ,секоја возраст свој проблем :rofl:
     
    На Izzy_0504, A.n.g.e.l.a.V и Sinolicka. им се допаѓа ова.
  16. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.696
    Допаѓања:
    5.663
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема врска тоа со најадено. Бар кај мене у овие 2месеца на прсти се брое неговото ждригнување (facepalm) Он или ќе поврате или ништо |( А обавезно се кака после подој :D
    Следите пелени макар и мочкани да се да не кака често , важно е полни пелени. Гладно дете нема ич да се трае. Кај мене градите се се меки премеки , ретко пополни ако не цицал 3часа осеќам тогаш . до пред две недели цицаше почесто преку ден и на саат и на два . Сега веќе управен е на 2 часа ретко на помалку , некоаш ако затера со спање и 3ч се. а првите недели и на пола саат , саат . Давајте кога сакат , колку сакат , доењето не е одредено . Некои си сакаат поначесто некои на 2,3ч
     
    На thelittle17, Осе и DELFINA81 им се допаѓа ова.
  17. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    @Poppins од кога ти се меки градите? Јас се си мислам дека ми е рано, само две недели од пораѓај се поминати за да се меки, не знам што да мислам веќе, јас давам кога и да сака и колку сака.. ама пак ми е страв да не не е доволно, да не ми снема млеко и сл.
    Не знам што да кажам веќе.
     
  18. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.441
    Допаѓања:
    8.823
    Пол:
    Женски
    Мене ми беа меки цело време, се стврднуваа само ноќе ако не се разбудеше да цица 5 саати. Штом се меки значи бебе убаво ги празни. Не се секирај, имаш млеко штом си полни пелени и добро спие.
     
    На Sinolicka. и thelittle17 им се допаѓа ова.
  19. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Полни пелени, ама не спие добро, се буди на пола саат, саат...:D
    Се плашам цело време, бог да чува.
    Плус тоа кога ќе се стиснам само тече, не прска, може е рано, немам појма ни тоа.:sweat:
     
    На A.n.g.e.l.a.V и Осе им се допаѓа ова.
  20. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.696
    Допаѓања:
    5.663
    Пол:
    Женски
    од одма , првите денови кога ми надоаѓаше млеко беа полни и толку , сеа се цело време како на баба :D :D мене второ што ми е се шекнував малку , ама пелените најдобар показател ми беа да се свестам дека е се ок, и да не споредувам со првото доење.
    Опушти се нема врска денови колку минале , не секоја града е иста, не мора да прска , и кај мене нема така , тек сега на подолго цица па се полнат и има млаз силен.
    Си гледаш како голта дури цица , тоа ако не му тече има нервозно скрос да е , радувај се брзо се воспоставила лактација :hug: Ќе има и денови со цврсти гради .
    А гладно бебе верувај ќе ти крене куќа у вис , и пелени празни ќе се ..

    За спање не поврзувај мн со тоа , има бебиња мн спијат , некои малце како зајчиња . Рано ви е уште за се , ќе влезите у шема полека со се :inlove:
     
    На IRBBB, CareTee, ivance.. и 2 други им се допаѓа ова.