И јас си ги делам дозите затоа и прашав ми нема логика еднаш во денот да давам по упатство кога грчевите се повторуваат во текот на денот. Мене педијатар ми рече само со 5мл да почнеме, па ако има потреба да зголемам на 10мл.
Бебе има три ипол месеци и е на доење. Многу ретко цица веднаш што ќе му дадам (освен ноќе). Цело време ја заспивам па потоа цица. Раце ми капнаа ве молам некоја ако имала ваков проблем да ми помогне. Инаку гледам за време на доење да е тивко и затемнато во соба.
За шлајмчињата не знам што да те советувам, најдобро е да се консултираш со педијатар. За гадењето, кооонечно да прочитам и на некој друг да му се случува истото, зошто и јас мислев дека моево се дави... педијатарот ми рече дека е нормално, и дека не се дави туку да ја ставам да спие на анти рефлукс перница. Кажи колку е страшна гледката...
Kuti nesmeam sama da ja ostavam,pedijatarot mi rece deka od ligite e toa kako slamjce,normalno bilo,a kakva e taa refleks pernica??moze slika da mi pratis??
Ние од вчера новост, кога ја дојам или стојам или лежиме и двете на кревет, во раци да ја држам и седам плаче, вреска не сака да повлече. Дали му е топло и што има косичка може ја кубе. Секој ден новости измислуваме @Tacka36 јас јадам скоро од се по малку. Од зеленчук одбегнувам зелка, од овошје цитруси, киви, јагоди..
Мајки сигурно мн пати е поставувано ова прашање но не можам да се навраќам наназад. После царски колку дена ви дојде убаво млеко? 5, 6ти ден од царски, а трет ден како пробувам да дојам. Мислев дека убаво цица (убаво спиеше, поврати на два пати) ама од втората вечер почна мн да плаче, гладна била најверојатно. Што да превземам да ми дојде убаво млаз млеко? Јас кога се стискам не ми тече млаз туку капки стварно немам моменталано кој да ми помогне а не сакам скроз да го изгубам млекото. Фала ви многу
Мене четвртиот ден кога излегував од болница капки, до вечерта веќе си почна убаво да си се полнат градите и са си тече
Jas ne jadam portokali, mandarini,jagodi,ananas,limon,kivi,kromid,luk,grav,leka,zelka,krastavica,cveklo,praz,luto,zacini takvi raboti mi.kazaa ne sum smeela da jadam.jadam samo jabolki i banani od ovosje i cisto ceden sok od jabolka gazirano mi rekoa ne
Бебето има 20 дена, млеко измолзувам околу 150-200мл во текот на цел еден ден. Има шанси да надојде уште млеко или тоа е тоа. Породена сум царски инаку.
Мајки дома се сите позитивни на вирусот,јас дури во сабота имам тестирање ама и јас ќе сум сигурно.Имам бебе од 4месеци и сме на доење само и детенце од 5год.Како поминавте со најмалите ?Знам имаше неколку мајки пишаа дека се позитивни.
Јас поминав многу лесно, со мала главоболка и температура 38 со 3 без да ја осетам, спадна сама со туширање, не се напив ништо. Еден ден беше. После тоа ми се затна носот и изгубив вкус и мирис. Малата (3+++ беше тогаш) имаше температура до 38 со 6, 2 дена не и спаѓаше под 37 со нешто, и беше премногу омалаксана и имаше пролив еден ден. После и се затна носето неколку дена. Велат најмалите најлесно поминуваат ама кај нас не беше така. Ја доев цело време и среќа што цицаше, инаку инфузии не ни бегаа. Ви посакувам да не сте позитивни, а ако сте со лесно да го поминете. Фамозниот 4ти скок Издржи и цицај ја полузаспана. И ние го имавме тој проблем. Во стоење и шетање по соба ја доев полузаспана. Помина Се да си јадеш. Ако нешто приметиш дека му прави грчеви на бебето, тогаш ќе избегнуваш. Обично краставица, зелка, марула, мешункасти знаат да направат грчеви ама не мора да значи. Некој спомнуваше цитрусни овошја и јагоди да не се јадат заради алергиски реакции но искрено не сум приметила ништо, а и јагоди сум јадела и пијам цедени сокови...
Надоаѓањето е индивидуално, кај некои уште во болница, кај некои до 10ти ден. Многу е важно да стимулираш за да се произведува повеќе. Бебето да го наместиш правилно и да го слушаш да голта - тогаш значи дека пие. Додека цица, масирај ја градата за да ги опуштиш каналите и да и доаѓа повеќе млекце. Пред да цица можеш под топол туш или со топли облоги исто така да ги масираш. Може да пробаш и различна позиција - најди некоја која на двете ви одговара. Доколку си полни пеленки, најадена е, плачењето може да е од друго, не мора да значи дека е гладна. Има бебиња што од веднаш почнуваат со грчеви, па плачат и од тоа. Уште не е навикнато на живот во реален свет и надвор од мама, па си бара утеха - градата е многу повеќе од храна... Бебе што цица се става на града секогаш кога ќе посака, не гледај на саат и не мери време на подој, бебе цица кога сака и колку сака. Сѐ додека бебе цица и градата е правилно стимулирана, млеко би требало да се зголемува, а не намалува. Среќно! Доилка треба да јаде се, сѐ додека бебе не покаже некаква реакција. Бебиња што имаат грчеви и на вода реагираат, а бебиња што немаат, ни од грав ни од зелка ни од цитрусни немаат. Не се ограничувај. Препораките за тоа ‘да не се јаде’ се како предупредување што би можело да предизвика и од што да следиш реакција повеќе од други јадења, а не скроз да не јадеш.
Количина на измолзено не секогаш е показател за реалната количина на млеко која ја имаш. Следи бебе да цица активно (да го слушаш да голта), следи ги пеленките - секоја треба да е мочкана, не мора секоја да е какана
Да ама јас не ја дојам затоа што има само 2.400 гр и не може да извлече цел оброк, ја ставам на града кратко во текот на денот а инаку и давам преку шише измолзено. Затоа ме интересира дали само преку пумпа ќе може да се одржи лактација и дали ќе ми надоаѓа уште млеко затоа што ова и е малку што го имам.
Најдобар начин да надојде млеко е бебето да цица. Ако сакаш да доиш, давај со шприц. Од каде знаеш дека не и е доволно тоа што исцицала?