Синчето ми има полни 4 недели,сега на 5ти во понеделник прави месец, по колку време да го вадам надвор? Во зграда живееме, јас го вадам по 10-15 мин макс, овие два три дена дека беше топло?
Пред да наполни месец почнав по 15 минути во Јануари, препорака од педијатар. За брзо зголемив на пола саат, па на 2 месеци и саат. Сега е скоро 3, се дешавало и повеќе пд 2 часа да сме надвор. Времево е преубаво, ја си уживам, таа си ужива...
Абе удел ќе има секако некој, зависи колку ќе те држи и со кој интензитет. Затоа би те советувала да читнеш во соодветната тема и да ги превземеш потребните чекори. Јас лично брзо се свестив ама си ја побарав потребната поддршка и не се криев од никој.
До вчера кога беше топло, по цел ден бевме во двор. Од сабајле од 10 до навечер до 6, влегување дома само за доење и пресоблекување. Многу им прија воздухот.. Два месеци е мојата, ја вадам надвор од коа имаше 2 недели, и тогаш по саат-два седевме надвор.
Моево е 4 недели и од пред неколку дена го носам надвор по 20-30 минути, некогаш и подолго. Си ужива.
Колкави нервози, депресии, драми имав после пораѓај, мислам дека никој не може да ме надмине. Еве го млекото секое молзење вадам по 200мл, нема да ти прекине, продолжи да внесуваш течности.
Кога се породив и јас имав такпв период и подобро да се исплачеш да ти олесни него да си држиш во себе. Нема да ти снема млеко не секирај се. Горе доле сите сме поминале низ таков период после пораѓај. Ќе помине.
Нема да му наштетиш на млекото, на твојата психа ке и штетиш. Млекото може да секне при екстремна нервоза, а вака од хормони што се ти смета не. Опушти се, избањај се на раат, излези прошетај сама или со бебе, гледај филм и побарај помош. Од било кого, маж, мајка, свекрва, сестра итн. Земи си време за себе, 1 2 часа и ке си како нова. Хормоните се виновни, ама ке помине. Хидрирај се добро најбитно е тоа.
Без силиконска брадавица една недела и од пред некој ден пак се вративме. Пиштење, туркање и не сакаше да цица никако. Сега на десна града со силиконска е доењето а на лева без. Стигнавме на 4 950кг пред два дена. (Стагнираше ). Ај вечер ќе видиме колку сме. Пробав да ја дојам почесто ама бебе како патент на уста да има. Цица 5мин на една и 5мин на друга града, ако цица повеќе имаме баш убаво повраќање. Сега два дена после цицање повраќа по обилно. Не знам дали е причина за загриженост. Иначе сме 3 месеци и 11 дена
Јас на страна ама кога сум будна, за да го гледам, иначе на грбче и поткренато на перница. Почна да повраќа, не помогна перницата?
Едно прашање , левата брадавица поточно делот меѓу брадавицата и ареолата ме боли многу кога цица ќерка ми , приметив од завчера и има нешто како точка-гребнатинка мала дали ме гризнала навечер кога цицала не можам да одредам исто и кога ќе се пипнам таму ме боли. Што можам да ставам на тоа место
Мачкај се слободно со пурелан ако имаш,или со ланолин, и тоа после секој подој мачкај се, ќе ти се смири.
Да, втор пат ми повраќа млаз, дури и преку нос, ама се прејаде некако денес. А перницата помага, само што мојава не ми ја сака, и се буди кога ќе осети дека ја ставам на неа. Се мислам за на грб, некако ми е страв... Мене ми беше така распукана, оставај ја после подој со една капка млеко да се исуши, па пурелан. Ќе се среди.