Меки гради се супер знак дека се воспоставила лактација. Бебето што не сака да фати треба да се види која е причината. Прво почни со зголемување на контакт кожа на кожа, може ќе ви помогне. Може е и некоја моментална состојба.
моето бебе е исто така 2 ипол месеци, имаше еден период траеше околу две недели градите ми беа многу меки и сеуште секојдневно ми се меки само навечер ако се успие повеќе може да ги осетам тврди наутро (но кога ке притиснам шприцнува млеко) и бебето беше постојано нервозно и не сакаше да фаќа ,бев упорна го подпомагав со придржување на града дури и стоејќи го доев и некако издржав тој период, мислев дека не цица доволно но имаше полни пелени и качуваше на килажа. Моментално си цица нормално иако градите ми се меки, може и се навикна на меки гради или веќе си има усовршено во цицањето. Пробај со држење на града и меко притиснување за да полесно може да влечи, може ќе успее и кај тебе.Сум запреметила дека секој ден е различен може има и тоа влијание колку ни цицаат преку ноќ или предходниот ден, па телото си произведува колку му било побарано предходно, сепак сигурно секојдневно не внесуваат исто, барем според мене.
Нема правило. Мене ми дојде следниот ден. Сабајлето се породив, вечерта имав колострум, а веќе следниот го доев.
Женски знам дека упаѓам ама ми треба хитно помош значи се породив во четврток со царски рез бебето не беше со мене цело време а до вчера не ни имав млеко. Ноќеска ми имаше надојдено камен градите ајде и денес цел ден го држам на цицка човече. Нема сила бебето де цица па ќе престане де ќе заспие и кога веќе однеможувам да го држам го ставам во креветче вика црка, а уште сум у болница и веќе ми се скисна човече целата дум млеко се испумпував со рачна пумпа градите ми се врели и имам облогинод зелка што друго можам да си помогнам да не ми стануваат тапан во болница сум уште...
Празни со пумпа додека ти олесни. Бебе на цицка постојано. Кога ке се воспостави лактација ке е полесно. Пази да нема грутки.
Isto i jas a gi praznam tuka so elektricna ama pak se tapan i kamen tvrdi. Glej samo koa cica dali golta,mali se uste moze da zadreme i da se lize samo so cickata. Poucena od tuka kako dojdov u bolnica opteretiv jogurt i oves mi se cudat kolku iskaca a uste e realno kolostrum t.e.zuto e
Воопшто не упаѓаш, за тоа си е темата Правиш сѐ што може да се направи, би додала само компресии додека му е цицето во уста. Не е дека нема сила, есноставно сите се поспани после раѓање. Кога ќе видиш дека заспива и не влече ти почни со компресии, исто како да сакаш да се измолзиш рачно, и кога ќе му дојде млаз во устата ќе почне да голта. А голтаат и полу заспани. Инаку, сите сме такви во цицките на почетокот Не бери гајле, ќе се средиш. Честитки, да се живи и здрави бебенцата @Ula и @Pacient srna! На добар пат сте, во посакувам лесен и долг доенечки стаж.
Смее овој да се пие само, така? Леле како јас да пишувам, веќе не знам колку го дојам, на 15 мин на пола саат, на саат ипол, абе нон стоп е на града, станува и одма пишти да јаде, после ќе си поврати, спиење слабо, како твоето исто, до кога вака не знам, само се пресоблакаме од пивраќаници, веќе ме нервира и тоа повраќање, и тоа што нема ред кога да се цица, и многу сум изморена, исцрпена, неспиена, денес же искина и главата од болење, ќе пукнам мислсм дека.
Ќе помине мила , период е, ама кога не знам.За повраќаното не ја пресоблечувам нон стоп и ставам марамчиња, оние старовремските.Изгледа како бебе со мускули.Имам полно донесени ми се од кога големата беше бебе од свекрвовци.Ја пресоблекувам навечер, пример кога ја бањам.Кога беше на почетокот спиеше во вреќичка нон стоп и ќе ја поврнеше 2-3 ја облекував во друга и перев и сушев др ден во сушара.Така во круг.Мене исто глава ме боли од што не пијам вода.Денес малата ми ржи по цел ден , вкупно има спиено до сега 40мин.
Кога ќе помина, се прашувам самоо?? Не се знае кога јаде, кога повраќа, се така во круг до бесконечност, секој ден. Еве сега му се спие, и ме заспива, затоа кенка, од нервоза и ќе поврати, и аман више.
Ај да те соочам со реалноста: ако е плачливо ке имаш уште мнооогу непроспиени ноќи. Една фаза минува друга почнува. Еве 20 месеци е лудо.
Верувај дека повеќе ме нервира што нема ред за цицање, и што повраќа на секое, и така се вртиме во круг, цицај-поврати.
Литл колку направивте. Можеби не е гладно туку го мачат грчеви не му помогна ништо од тоа што проба? До 2ипол месеци се најсилните викаат после треба да попуштат
Лакомо бебе, плус може се грчеви како што кажа Милки. Цица за утеха и се прецицува. Ке помине за недела две. Генерално бебињата немаат ред за цицање до кај 3 месеци, најголем дел цицаат нон стоп.
@Milkiway @MilaSs12 да лакомо е, такво бебе е од старт, сака да си јаде и не му се чека ни 1 секунда кога е гладен. За грчеви и јас тоа си помислив, денеска имаше и од нервоза се исповраќа, а го боли ваков е нерозен и нит спие нит ништо. Ни помогнаа капките и чајчето, еве денес после неколку дена се појавуваат, и тоа не се многу изразени, веќе еден месец е, и се мислам во скок да не влегол исто така.
Пробувај со тропалки да му тропкаш кога е понервозен а кога знаеш дека не треба да цица или бели звуци или на јутуб lulabies ( ако добро го напишав) напоредно со масажи и ќе увидиш дали е глад во прашање или друго го мачи
Давам пробиотик Ваја, по 7 капки во ден. Плус чајче Бекутан со анасон, и капки Колипрев, за сега е добар не му се многу јаки грчевите вака, ама ете де нервира и повраќа, дека не е спиен убаво и мн е лаком.