Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.100
    Допаѓања:
    14.794
    Пол:
    Женски

    Устето никако неможам да и го отворам ми рекоја пробај прстето мало да и го ставиш и кога ќе почне да цица со шприц млеко и ќе се разбуди ама јас неможам ни прстето да го ставам ....



    Дада и на болница ми кажаа ја соблекоја само по боди ја оставија ама изгледа мене градиве не ми лачат од секаде а малечка е нема сила не влечи многу се уморува



    Исто и мене ми кажаа 10% е нормално кај нас до денеска е 10,5% ама на почеток направив грешка и затоа има толку паднато на килажа наместо 3 саати после цицање да ја разбудувам јас 3 саати од кога ќе заспија сметав башка време што цицала 1час пола саат или саат и пол на почеток .... Значи и се собираа 4-5 саати да не цица.




    Фала ви на сите за советите
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам и јас ја правев истата грешка, па можда некои 3 недели, среќа не одигра голема улога оти цицаше некои пола саат, до 40 мин максимум. Сега ете знаеш дека си погрешила, за брзо ќе се оправите. Знам дека џабе ти кажувам ама не се стресувај уште сега, чувај се за да можеш да ја чуваш неа (уште една моја грешка од старт, среќа се свестив)
     
    На IRBBB, KittyCat:), ivance.. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.100
    Допаѓања:
    14.794
    Пол:
    Женски

    Па 2 дена беше така сега веќе сменив мислам дека се отепав од плачење и нервирање како можев тоа да и го направам.

    Од сношти сме супер пу пу машала си цица убаво и долго млеко од денеска надојде многу па и незе и е полесно за цицање најдовме и положба која и одговара. Да си продолжи вака да добијат наа килажа...

    Е сега од кога почна повеќе да цица па не кака мочки има ама каки не еве 1 ден се надевам денес ќе има уште тоа да го средиме и полека полека да се опуштам да и се радувам иначе цело време како да сум под нервоза а знам дека не треба баш сега....

    Фала уште еднаш премногу:hug::hug::l::l:
     
    На IRBBB и Bicka77 им се допаѓа ова.
  4. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.100
    Допаѓања:
    14.794
    Пол:
    Женски
    На некого можи да му се најди
    Денес дојде midwife бебе супер е ја проверувате жолтица нема ми рече за цицањето да биди само по памперси оти од топло заспива. Кај нас климата топлешњ па премногу ама така беше и на болница па мислев така треба ми кажа ништо да не уклучувам само за кога ќе ја капам на 24 степени за тоа што неѓс појдено 1 ден да кака ми рече со масленцњ у полимер да пробаме да стимулираме па ќе видиме дали има ефект
     
    На Milkiway и Ava.84 им се допаѓа ова.
  5. Ula

    Ula Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    1.185
    Имам другарка работи во клиника за оплодување и плодност она ми го даде водичот што нејзе и го дадоа кога имаше бебе. Според него мн малку има точност во тоа дека исхраната е тоа што му смета на бебето, генерално зависи од развојот на дигестивниот систем особено на дебелото црево. Во тоа што не смееш да јадеш се наброени и млечни производи особено кравјо млеко и незрели сирења и кашкавали. Треба само јогурти како greek, протеински и слично. Бидејки голем број од бебињата реагираат на млњчниот протеин од кравјото млеко. Мене пресно млеко ептен ми смета и ме дува, па по таа логика и бебето би го гњавело не знам ова јас си растумачив. Да не се јаде риба која има мн жива во нејзе како на пример туна ама може да се јаде пастрамка, лосос и слично. Од овошје да не се јасат цитрусни овошја, а може банана, кајсија, праска, круша, киви, авокадо, манго, јаболко, боровинки, цреши...Зеленчук да не се јаде пиперки, зелка, краставица, грашок, грав, марула и слично. Од зеленчук сладок компир, компир, ориз особено кафеав, морков, спанаќ (најдобро како салата спанаќот).
    Највеќе сметале на вкусот на млекото кромид, лук, целер, куркума, босилек, магданос, нане, жалфија и ред други зачини и билки. Кафе може 1-2 на ден највеќе поради тоа што те дехидрира, а чоколадо можело ама да не се претерува бидејки како лаксатив има дејство. Јаткасти се препорачува да се јадат само да се внимава на кикириките. Ѓумбир, ким, киноа, кајсија, урми, ленено семе, суво грозје ти се за зголемување на милк саплај
    Ова е тоа што запамтив хаха треба да ми испрати програма што јадела па ќе ја споделам со вас тука
     
    На minne992, CareTee, KittyCat:) и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.413
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    @Ula a jas pa sum cula kromid za zgolemuvanje milk supply:D
     
    На Ula му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ula

    Ula Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    1.185
    Исто и мајка ми ми рече тоа ама најверојатно се мисли да не го јадеш свеж појма немам цели денови тоа гледам негде пишува една на друго место друго пример лимон и вода да пиеш негде пишува не и така да не знам што ќе јадеме и пиеме најверојатно ништо додека не припаднеме па после ќе јадеме се по ред хахаха вљжно знам дека мои другарки на строга диета децата грчеви гасови страшна работа и мои другарки што се јаделе и пиво пиеле па децата гајле немаа
     
    На Pacient srna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    3.440
    Денес зборував баш со патронажната на оваа тема, според неа не постои храна што треба да ја избегнуване, евентуално ако нешто нас ептен ни предизвикува гасови и непријатности, тогаш може и на бебето, инаку генерално правило за тоа што да се јаде, што не - нема. Она ми вика - ако навистина мајката може преку нејзината исхрана да ги намали/отстрани грчевите кај бебињата, како го објаснуваме имањето грчеви кај бебињата кои од старт се на АД млекце и никогаш не цицале...и има логика. А женава е жена во години, со многу години искуство, би требало да знае што зборува
     
    На Kitten, Pacient srna и Ula им се допаѓа ова.
  9. Ula

    Ula Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    1.185
    Па во право е како што се доинформирав плус и мојата патронажна ми ги наброи тие што би ми правеле проблеми на мене, а не на бебето како на пр. грав, зелка, лути пиперки, газирано, прекумерно благо, алкохоли дроги тоа знаеме нели па дури ми рече пиво пола чаша -чаша да се напијам ако најдам безалкохолно арно ако не дека тоа не било толку страшно, а било убаво за млеко. Искрено мислам дека тие другарки што се држеа до ригорозна диета дека нивните бебиња повеќе имаа грчеви како некој марфи. Јас одлучив здраво да се хранам богата храна со протеини и здрави масти - некаде 2000кcal на ден за убаво да биде млекото, а и за да имам млеко хаха храната што ја јадеме треба да биде здрава пример ете без жива, да не е со мн адитиви или кознерванси, да не е прскана, да не е некој алерген и слично
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.413
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Mene pedijatarot mi rece sekoj den edno bezalkoholno pivo za relaksacija i vit b:D
    I super ide navecer ke zaspie bebe jas cipsce i pivce i muabetce so maz mi oti ko da ne sme se videle cel den se osekam
     
    На mila89, ...Arthemisia..., thelittle17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    3.440
    Само јас ли се мачам со ждригање после доење? Многу често не ми успева да го ждригнам, па после тоа ми бљуцнува или повраќа, па пак е за секунда гладен....и така во круг цело време, дури се плашам да не претерува со јадење, не знам дали е можно тоа, бебе да се здебели од цицање? :^) Има ли некој начин полесно да можам да го ждригнам?
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    1.702
    Пол:
    Женски
    Мене ми успеваше да ја ждригнам само во позиција на седење, под рачињата ја држиш целосно ти на твојата нога седната , пробај може ќе успее и кај тебе.
     
    На thelittle17 и Marge им се допаѓа ова.
  13. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.200
    Пол:
    Женски
    Нема убаво и неубаво млеко. Зарем ромкине што ги влечат бебињата по улица имаат здрава исхрана? Па ене ги, пак им се надоени бебињата како што треба. Правилната исхрана е пред сѐ за тебе, а течностите се поважни за повеќе млеко. Јас сум повеќе за чаеви и вода, а сокови, пива и боза, не дека нема корист од нив, но дујат и дебелеат. Се може и без нив а пак да имате многу млеко.

    @KittyCat:) прво да ти кажам да не се обвинуваш себе си. Дали нешто си направила или не си направила како што треба е неважно. Сега ви е период на адаптација. Од лично искуство, а и на многу околу мене, сите бебиња паѓаат на килажа откако ќе се родат. Тоа не е причина болницата да го форсира тоа адаптирано, веќе преку глава ми е да читам |( Втората ќерка (таа ми е посвежа во сеќавање) се роди 3800, излеговме после 5 дена со 3500. Во болница реков категорично НЕ за адаптирано, и уште втор ден престанаа да ми ја дохрануваат. Те читам и тебе дека си полна со млеко, а тие те советуваат Ад наместо почесто да биде на цице. Ќе ја будиш со штипкање, расоблакање (пелена на пример), да се расоблечеш кожа на кожа да ја ставиш (бебето само по пелена). И не се обесхрабрувај, ќе почне да става на килажа, дај му време на бебето и не го мери на два дена. Најмеродавно е контрола на две недели, потоа на месец. Таквото пречесто мерење и го загрозува доењето, мајките на почеток се во таква паника и без самодоверба, малку фали за да се обесхрабрат и да посегнат по шише.
    Неможев да поверувам дека и мојата самодоверба, и тоа со второ дете, успеа да ми ја расклима педијатарка од родилиште. Толку алармантно ми го претстави тоа губење на килажа, како да изгубило кило, а не 300 грама. И толку фалеше, во страв живеев првиот месец како бебето ќе напредува, ја носев секои 10 дена на мерење. А мора да напоменам со првото имав успешно доење без некои потешкотии, ексклузивно доено до 6, и потоа до 16м. А второто уште поголем лапач од првото! На две недели тежеше 3850 и една сестра од диспанзер за вакцини ме смири со муабетот дека на две недели е доволно да тежи колку што се родило.
    Значи тотално ги разбирам сите стравови на мајките со новороденчиња макар биле мајки и по десети пат. Само треба малку посамоуверено и поддршка од околината, мажот, бабите... Ако некој ви ја расклимува самодовербата одма откачувајте :)

    @Marge бљуцнување не е повраќање и е нормално, тоа е знак дека е прејадено, нивното желудниче сеупте нема развиено "капаче" па затоа вишокот млеко што не го собира искача надвор. Но ако е повраќање во млазови, тогаш треба да се провери.
    За ждригање подигни ја повисоко преку рамо, малку да изгледа како обесена, стомачето скоро на рамо.
     
    На Kaetana, Lianna Anna, Chanell* и 9 други им се допаѓа ова.
  14. dromka

    dromka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2014
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    301
    Пол:
    Женски
    и јас се намачив со тоа ждригањето. Дури и денес, НА Скоро 4 месеци, ако не ждригне, враќа. Пробај дур го држиш на рамо како блага масажа по грбчето, од доле кон вратчето. Некогаш ГО спуштав во креветче 15-20мин, па ќе го кренев и ОДМА ЖДРИГнуваше
     
    На Ula, MilaSs12, thelittle17 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Ula

    Ula Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    1.185
    Се си во право да знаеш!!!
    Искрено како знаат да направат паника страшна работа ништо не е толку драматично во период на адаптација мене првите денови доењето ми стана толку одбивно зашто во болница ми викаат кога сака и колку сака ја па не ни знаев како да го наместам на цицка па и уште едната ми е оперирана касно ми дојде млеко во неа и бебето цело време на цицка и оно плаче и ја нервозна и после првата недела од болница 70гр леле колку се населирав дека не ме бива плачам плачам и после си викам будала една што се нервозираш повеќе си правиш проблем и почнав полабава да бидам и така повеќе успеав и да го дојам и се и кога го однесов на контрола образи на бебе на хахах
     
    На dromka, Dee*Tee, Nefertiti. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Чај од коприва пиете?
     
  17. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Ево јас да си прашам. Вчера се породив со третото дете и имам проблем за прв пат во животов со цицање. Бебето е здраво но не сака да цица. И видоа невидоа сестрите велат не можеме да го дехидрираме и си пие шише со формула. А 20 мл башка пие и нема апетит. 100 пати го молам да цица и сестрите и педијатар го виде и велат може и да не фати воопшто. Сега се мислам како да постапам понатаму. Веројатно утре ќе не пуштат од болница или задутре нешто ми се гледа сега како жолтичко. Уште жолтица да фати и незнам кај да терам. Кажете некој совет ве молам
     
  18. Ula

    Ula Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    1.185
    И јас моето не знам како да го ждригнам како и сите дома што сме тешко иде ептен мн ретко и само си бљуцнува или си вика
     
  19. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.100
    Допаѓања:
    14.794
    Пол:
    Женски

    Баш убаво си објаснила. Стварно незнам што форсираат толку АД кога има мајката млеко градиве фул се дури и ме болат. Почнавме да влечи е како што треба климата е на оф алишта расоблечени дури цица и сега сме како нови фала ти за сите совети премногу. Тука мора да одиме на болница после пораѓај за доење бевме некни и ја мереа сега сме во четврток па ќе видиме како ќе биде. Таа жена ме смирува искрено а педијатарот толку ми ја турнал самодовербата и се отепав од плачење. Ќе ја видиме во четврток како ќе биде.

    Фала уште еднаш и гушки:l:
     
    На IRBBB и Kitten им се допаѓа ова.
  20. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.413
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    I ja se macev so toa preku ramo ne zdrigase taka ama primetiv deka ako ja drzam so ednata raka na glavata drugata na gazot u vazduh ko sednata malce odma mi zdriga
     
    На Ula му/ѝ се допаѓа ова.