Јас би ти препорачала да се разговараш до консултант з адоење. Јас го имав истиот проблем не скааше да цица. Или ќе фатеше и по две шмукнувања пушта и плаче. Се молзев му давав и го колев да цица месеципол не сакаше. За жал не направив консултација и многу се каам за тоа. Пробај може ќе ти помогне.
Дали знаеш некој консултант за лактација да ми препорачаш. И на кој принцип работат, по тел ли советуваат? И колку наплаќаат отприлика?
За цена не знам. А во мк ја знам само Јасна апостолоски николов. Можеби @Kaetana знае подетално како функционира.
Околу 1000 ден. доаѓаат дома ако сакаш, ако се консултираш преку телефон, за совет чисто, нема ништо пари да наплатат сигурно. Јасна Апостолоска на фб најди ја, и договори се ако сакаш, прашај ја што како, консултирај се чисто да знаеш.
И јас ќе ти кажам ДА за Јасна, како женскиве од погоре. 1000 ден едно доаѓање, но останува 2-3 саати кај тебе убаво да го види процесот на доење и да те советува се што има да те советува.
Околи 1 недела ме болеше зошто имав премногу млеко и додека да се откукаат каналите. Доење е на принцип цица кога сака колку сака. Сега е многу битно да даваш на барање за да се воспостави добра лактација. Моментално цицка му е се, храна љубов утеха. Уживај во овие моменти, додека да трепнеш ке порасне. И хип има супер состав нека не те буни тоа што е инстант. Не е вкусен а добар е. Хумана е вкусен многу. И поевтин.
Мами, второ дете ми е, се доимд по малку, ама приметив дека после сон градите не ми стануваат тврди како кај првата бременост, дали е тоа нормално? Бебето е поспано малце, мака мачиме со будење, некој совет околу тоа? Ми е страв тоа за градите, да не немам доволно енергија?
Мене брадавицитеми распукаа со крвишта на почеток, и прво со Фрезидерм џабе, после со Леа мислам беше, пак џабе. И на крај со пурелан од Медела се спасив. Поскап е, ама еве демек од поевтините земав, и на крај пак со него завршив.[/QUOTE]
Девојки здраво. Конечно се префрлам на оваа група . Бебе има 5 дена не пуштија дома после царски. Сакав да прашам бидејќи ми е прво детенце , кога ќе ги стиснам градите го има колострумот , но пробав да сс измолзам нема млекце само неколку капки. Ми рекоа неделава дохрана. Сакав да ве прасам после колку време ви дојде млеко? Он цица ама изгледа на празно. Други техники за стимулација? Масирам под туш гради и пијам чај hipp.. фала ви ❤❤❤
Пред дохрана, стави го бебе да цица. Ако има добар хват и немаш проблем со поврзување т.е. прикачување на цицка немај гајле. Ставај бебе на цицка и ке ти надојде млеко. Најдобра стимулација е бебе да влече. Ем шмука ем хормоните ги активира. Кога и да закенка понуди цице. Ад давај со шприц.
Ve molam za sovet bebe ima 7 dena jas imam vnatresni bradavici mn tesko se faka za gradata, probav racno da se izmolzuvam i i davam so lazicka megutoa ne iskaca mn mleko koga se stiskam. Dali da zemam racna pumpa da probam taka?! Se macime mn ona faka nekogas no treba mn da se namacime za da se icica ubavo ve molam za sovet
@Pacient srna мислам со едната града имаше проблемче со брадавица, како да ја читав дека со пумпа помогнало.
Можно ли е во одреден дел од денот да имам помалку млеко, па бебе да вришти и да не сака да фати града? Обично околу 19 - 20 часот се случува тоа, цица, ама како да нема доволно, па вришти, никако не се смирува. Што да правам во таква ситуација? Некогаш успевам да го вратам на града, некогаш успевам да имам мое измолзено млеко, па го давам тоа, а некогаш посегнувам по АД, затоа што стварно не знам што да направам. Бебе за неколку дена ќе прави месец, ама сеуште мислам дека не сме влезени скроз во шема со доењето. Нели требаше до сега да се усогласи побарувачка - потрошувачка или треба уште време? Немам искуство, прво бебе, иако се информирам, читам, читав и за време на бременоста, добивам максумална поддршка за доење од патронажната, 90% од времето имам чувство дека немам поим што правам...
Земи шприц и пресечи го на врвот ,извади го внатрешниот дел и стави го обратно.Така пробај да ги измкнеш брадавиците.Пумпа исто помага.Види некоја страна поназад. Само самоуверено мајка, се правиш како што треба ако бебето напредува.Секој плач не значи гладно,може да му се спие, грчеви , да му е жешко ладно итн.Грчевите се во исто време.Тогаш не сакаат града.Само масирај меше, топло на мешето, можеш и капки да даваш. Потрошувачка-побарувачка се усогласува од 6-8недели.