3 ипол. Бев кога наполни 3 месеци рече океј е. Што да направам? Дали да посегнам по ад или ? Кое ад прифаќаат деца што се на комбинирано со доење?
A zosto e tolku kaceno, pomalku podoi se, pokratko vreme cica i nudis ili sama bara? Ti si znaes ama jas prvo bi razmislila zosto e taka kako da go popravine ako moze. Koga ste veke na doenje, ako ne moram ne bi zemala ad
Бебето на 6ти направи 1 месец и има качено само 500гр. Цица на 2, 3 часа редовно, некогаш и почесто ако поцица помалку ама често и повраќа, многу е лакома. Млеко имам пошто пред да цица со рака стимулирам додека да надојде да шприца млекото да не голта воздух, цица во скоро стоечка позиција да не е легната, и после цицање редовно ждрига и спие поткрената со ќебе и пак си повраќа. Се што можам правам да не повраќа ама џабе, педијатарот ме убедува дека е лакома многу, и дека 500 гр биле доволни да не се нервирам, да не се споредувам со други што качувале кило, кило и нешто... Грешам ли некаде? Што друго можам да направам да не повраќа толку... Само на цицање сме инаку и пелените и се редовно и помочани и покакани секој ден, дури и многу кака, скоро секоја пелена и е покакана. Читав дека капките за грчеви правеле да се вари многу брзо храната па давам само ако вежбите со нозе и масажата на меше не помогнат, веќе 4 дена не и давам, само пробиотик и давам. @Kaetana
Моево исто е лакомо цел ден и цела нок да може на града ке седи Исто ждрига ама пак повраќа ,, само што ке поврати одма бара пак да пие Инаку за две недели има кренато 700 грама Повеке од мене му давам ама знам еднаш или два пати на ден да му дадам ад зошто ептен е лакомче
Не се секирај мајка, ќе си качи нареден месец повеќе, ако е весело бебето, и ако педијатар не рекол за дохрана немој, и онака веќе на 5 месеци ќе можеш да и даваш овпшје и зеленчук, јас мислам да не даваш сега за сега ништо плус.
Не е страшно и 500 гр. ама е долна минимална граница за 1 месечно бебе, како што имам читано и по табели од странски форуми, а и по мојот педијатар е така. Е сега, и моето така цицаше првиот месец, ждригаше, и пак повраќаше и пак бараше да цица, и се така во круг, качи 1.300 гр за месец, сега не мпра да значи и твоето дека треба да качи, сите бебиња се различни, не се по калап мерени па да мора да се толку и толку на тежина, со ова бројкиве ние мајките се опседнуваме сите, работата е што ако повраќа млазови пример да одите да испитате рефлукс да не има, не знам само кажувам претпоставки, што не мора да значи дека е така, мада од друга страна качува на килажа не губи, со рефлукс обично губат килажа, ама ете чисто спомнав да видиш како ќе терате понатака. Еве малово мое, повраќа пак, 2 месеци ќе правиме ама помалце повраќа т.е. ова е веќе бљуцкање, по малце виштокот си го повраќа, за разлика од пред месец дена што повраќаше млазови и јас исто мн се нервирав, сакав да земам рефлукс перница, ама од тука видов душечето на креветчето од доле го подигнав со мало јастуче, и вака е подобро, ако сакаш можеш да пробаш и така.
Убаво ти рекол педијатарот тој период нормално е секој ден да кака после 3ти месец ми се чини се средува какањето. Не се секирај 500гр е супер. Да се едитирам моето па на ад стално пи 1кг качуваше и педијатрите на глава ми се качуваа многу бил збуцкан многу вака многу онака. Еве сега е 7м последно 300гр качи. Значи откако почнавме со исхрана на 4ипол месеци почна да се средува со килажа. Секое бебе своја приказна...
Несвесно каснав пола лажичка мед. Сега ми е страв да го дојам бебето. Колку време да почекам за да му дадам? Ми е страв да не има реакција...
Зошто страв , опушти се . Забранет ли е медот Па не му даваш на бебето ти си каснала. Јас речиси секоа ден конзумирам мед
Точно да , медот си е јак ама да му дадиш директ на бебе и дете до година / година ипол така не е ок да се даде ,внесе . А ти слободно јади си
Ако немаш болка за време на подојот, туку само во првите неколку секунди, тогаш е ок. Ама третирај ги за да заздрават обавезно. Ако имаш почесто болка, дефинитивно треба да се види зошто. Ако бебето цица, количината на измолзено млеко не е репер воопшто за тоа колку млеко произведуваат градите. Важно е како напредува бебето, дали полни пелени, и многу е важно да се види како оди доењето т.е. дохранувањето (со молзено млеко). Не дохранувај со шише, прави компресии кога доиш. Внимавај на фатот. Генералните совети се тие. А како до повеќе млеко - само со зачестено измолзување. И тоа не само со пумпа. Туку и рачно во комбинација. Цел месец 250 или пола? Што е сменето од претходно? Дали нешто се сменило во текот на овој месец? Како бил претходно напредокот? Инаку еден голем мит е дека ако се почне со кашички порано бебето ќе почне да напредува повеќе. Дали сте знаеле дека една метода на „рестрикција“ на калории е баш воведување на немлечна дохрана? Бидејќи дохраната треба да биде комплементарна на доењето, но доколку бебето замени подој со дохрана, калориски гледано, не може пола јаболко да има повеќе калории од мајчиното млеко. Чисто како инфо... затоа се оди према зрелост. Бидејќи се смета дека ако е бебето зрело и покажува интерес и знаци дека е спремно - тогаш значи дека самото бира дохраната да е екстра на она што веќе го прима т.е. самото покажува знаци дека неговите потреби се веќе поголеми. Има многу методи кои треба да се земат во предвид, а тоа е зголемување подои, можеби power pump сесии, зголемување на ноќни подои, зголемен контакт кожа на кожа, и сл... ама ако е стварно проблем тежината, треба да се види од каде потекнува тој момент. Околу пробиотици и капки за грчеви, нема многу што да кажам, иако би рекла дека можеш ништо од тоа да не даваш, нема да е некаков проблем. Ако мислиш дека ќе смени нешто. Инаку - 500 грама е сосем ок. Би сакала да прашам дали се 500 грама над родилна, или 500 грама од најниската тежина? Бидејќи има разлика. И да се 500 грама од најниската тежина, воопшто не е проблем - не секое дете крева 1000/1500. Моите две беа со помала тежина, еве второто ќе го тргнам од игра, ама ќе ја земам ќерката како репер - никогаш не крена повеќе од 600 месечно (670 еднаш само). Многу е важно ако бебето е родено со поголема родилна тежина. И те како игра улога и тоа (не може сите деца да креваат по кило и пол). Околу проблемот со повраќање. Губењето на вакуумот е причина за голтање воздух, а не каков е млазот. Она што го правиш со раката што стимулираш, баш може да предизвика поголемо губење на вакуум ако млазот е доста интензивен, па бебето самото да се трга ако не може да се справи со вакуумот. Што значи, тука би рекла дека подобро е да обрнеш внимание на позицијата во која доиш, ако тој млаз е интензивен и бебето покажува знаци дека се бори, тогаш пробај да доиш во коала позиција, или уште подобро - во биолошката позиција. Повраќањето може да е знак дека се прејадува, но може да е знак и за други моменти. И да се работи за рефлукс, рефлуксот е симптом, а причината обично е некоја друга. Како и да е, може да се работи за незрел сфинктер што не е невообичаено. Обично се средува за некое време, бебето е уште мало, уште учи да координира цицање голтање и дишење... ама да знаеш дека повраќањето може да се регулира со добро позиционирање, длабок фат, што ќе придонесат до поефективно цицање и негубење на вакуум. Ама пак ќе речам, не знам дали се работи за поинтензивен рефлекс на испуштање.... Како повраќа? Млазови? По малку? Почесто? Поретко? После јадење? Подоцна? Дали е happy spitter или има мака со повраќањето? Пелените аутпутот е супер. Во секој случај не е ништо страшно и што не може да биде менаџирано... и да знаеш дека поминува.
Незнам веќе што да правам ми треба помош.. Стварно доволно ли е 5 минути цицање на 2-3 сати и повеќе? незнам зошто не сака да цица? Помало цело време сакаше сега ако ја ставам сосила почнува да плаче, да вришти.. Кога бара сама 5 минути и се трга и нудам повторно и плаче, не можам на никој начин да и дадам ..
Моево се помалку временски цица преку ден, повеќе ја занима околина. Ама мислам дека најадена се трга од цицка. Од друга страна пак, навечер наместо еднаш почна 2 пати да се буди за цицање. Не форсирам за сега ништо. За брзо ќе ја носам на мерење па ќе видам што како. Вака бебето си е весело, пишти у највеќе на луѓе и играчки, си мочка и кака редовно и затоа не сум загрижена.
И моево и мочка и кака редовно, ама ме загрижува што не бара некогаш и 4 сати ако не и дадам јас.. После 4 сати ќе цица 5 најмногу 10 минути(многу ретко).. Се мислам дали за толку кратко време може да се најаде? За навечер секогаш исто 3 пати се буди по кратко цица ама секогаш беше исто, само преку ден многу се смени мислам во втор скок..
Може да е до скокот. Моево сега е во 4ти и така почна пред една недела. Исто се заборава и по 4 саати, а и пред некој месец се забораваше, ќе заспиеше баш пред цицање пример ама на мерење секогаш е добро. Иди измери ја ако поминала некоја недела од последното мерење, чисто колку да видиш на што си.
Се роди 3200, ме испуштија со 3150, во советувалиште за една недела ја измерија 3170 ми рекоа секоја вага различна е, според нивната да гледаме како ќе напредува, и сега после месец од 3170 само 500гр качила. Мене ми е страв да не ми се има намалено млекото, кога ќе направам компресија со рака шприца млеко, некогаш не шприца само тече како капки. Ама па да немам млеко бебе нема да повраќа според некоја логика...Некогаш се млазови, некогаш како кисело млеко грутки, некогаш со плунка млеко тегливо малце тоа само ќе се измачка по брадичката и лигавчето. Во ден некогаш знае да поврате 10 пати, некогаш 5, некпгаш еднаш млаз другото помалце, а некогаш 4 5 млаза, 4 5 помалце. Не можам сама нзс да најдам која е причината, ќе се изедам од нервоза... Цица во коала позиција малце само изменета бидејќи имам многу големи гради и бебе така не може да дише ич, мора малце да ми е вртена странично. Патронажната ми рече да ги стискам брадавиците додека не надојде млеко за да не голтало воздух ама еве ќе прекинам тоа да го правам. Фатот и е добар, длабок фат има, одма после раѓање фана добро имав среќа, но многу често и се ваде брадавицата од уста и морам да и ја пикнам јас пошто ми е голема градата, и не ми се навлечени брадавиците, морам јас да ги оптегнам и да и и ја ставам во уста, она одма ја фаќа, ама често и се испушта од уста ако ја тргнам раката бидејќи ја држам јас градата, ако не ја држам одма и излева од уста. И кога цица, повраќа еве, а цицала 20 мин, пола саат, после повраќање одма пак ми бара да цица, да и дадам ли? Нели вишокот го повраќа така сите викат, ако е вишокот зошто е пак гладна. Цица многу често, некогаш знае во два часа 3 4 пати да цица, освен кога спие одмарам од цицање, се е на цицка искрено, некогаш цица 15 мин, некогаш 20 пола саат, и мењам гради и ако ми веруваш ни еднаш, значи ни еднаш сама нема прекинато да цица, секогаш јас ја прекинувам пошто знам дека веќе е прејадена, а таа упорно уште би цицала. Неколку пати ја оставам да видам сама дали ќе прекине, нема шанса, цица, и после како лажливка си ја шмука си ја игра брадавицата, и заспива така. Како да знам дали и кога е најадена? Жими се уживам со неа со цицањето, ама многу работи не ми се јасни, цело време читам гледам видеа а моето дете пак повраќа и не можам да си објаснам се горенаведено. Ако продолжи ова или качува помалку на килажа морам да викнам стручно лице за на лице место да виде што како и да ме советува кај е проблемот. Каков е тој рефлукс? Како се испитува?
Значи за 3 недели има напредок од 500 гр. Минимален дневен просек е 20 гр, кај вас го има тоа. Немаш причина за грижа. Доењето оди на принцип кога сака колку сака. И ако постапуваш така нема што да мислиш колку исцицало и дали е гладно. Ако полни пелени, а пиша дека полни, немаш гајле. Секако @Kaetana е стручна и многу повеќе ке ти помогне.