Давај, исто потполно поминав верувај. Само се плашев нешто да не му е, па да не е гладно.... Давај кога и да сака, ако поврати, тоа е тоа. Јас се навикнав на повраќањево веќе, кој се не прашав за повраќање сите исто ми кажаа. Колкаво е бебето иначе?
Крај на 5 та недела е,и никако да ждригне после цицање па ќе поврати и пак плачење ,и јас ептен се секирам да не е гладно после тоа повраќање,ме разбираш значи и јас ќе треба да се навикнам на повраќањето скоро на секое
Лакомо бебе. Ние не сме имале подој подолг од 15 минути, значи активно цица и се најадува многу брзо, и повеќе од тоа што треба, после повраќа. На почеток е така, после помалку ќе ти повраќа, ќе се научи само бебето, и поретко ќе цица, ќе си створи ред самото на колку сака. Сепак кажи му на педијатарот, консултирај се за секој случај. Како напредува до сега?
Ист е и мојот од прв ден. Еве денес 26 дена е стар, цица 10тина минути активно, со шлапкање, со течење низ уста, ми се чини во друга соба се слуша кога тој цица. Ќе се нацица на брзина и обавезно ќе исповрати, без разлика дали ждригнал или не. Ако е по подолго време, само ќе бљуцни малку и никому ништо, ама ако исповрати во млаз има куќата да ја крени за да цица пак. Некогаш се случува во серија да е цицање, повраќање и пак одново 2-3ч. Смрт ми е ако е во текот на ноќта. После цицање често стенка од шо е прејаден. Педијатар вика лакомо бебе, повраќа вишок и тоа е.
Па за три недели беше напредната 500 грама и фала богу ми олесна зошто ми беше страв како и сите кои доиме се плашиме дали доволно се нацицале и слично ,ќе се стрпам уште малу ко така да потпорасне , кога ќе ждригне некогаш едвај ,е тогаш ми е срцето наместо
За еден месец ќе почнам на работа бебе има 6+ цицаме и сега почнавме со кашички ама ми е страв како ќе ја оставам толку време бидејќи ќе одам 12 саати на раб а шише и цуцла несака никако ме фаќа страв што ако плаче за цице одмор не ми даваат само боледување ќе земам ама пак само 15 дена сепак е мала сеуште и сеуште учиме да јадеме. Незнам што ќе правам дајте некој совет
Te citam so povrakanjevo...kolku pati se presoblakate u denot covece...po muabetov ne veruvam deka ligavce spasava situacija
Какво лигавче, тој исповратен, јас исповратена, маж исповратен, ми се чини сто пати на ден се преслекуваме. 2 пати неделно полнам 8кг машина само со негови алишта. Тоа си велам цело време, мислев дека премногу мали алишта изнакупив, ама ми се чини уште толку да купев, сите ќе ги искористев.
Ех, лесно ќе беше само 3 пати да се преслекувавме. Синоќа цицаше, ждригна процедурално, едвај заспа (в раце, разгален е син ми, не заспива поинаку) и таман го легнав в креветче ми исповрати толку многу, што ми извалка постелнина, тој беше лом, од шпикозни, боди, сѐ. Ајде сменав постелнина, го преслеков, па одново уште некој саат се боревме за спиење.
Мојата исто многу повраќаше,сега е 3++, повраќа поретко, ама пак дневно по 2-3пати.Јас кај што ја легнувам ставам по две пелени ,на пола свиткани и кога ќе поврне наместо постелнина менам пелени . Имам над 20тина.
Мојата е 4+ и од раѓање па до сега, ден нема промашено за повраќање. После подој бљуцка, после некој саат засирено млеко повраќа. Не сум помислила дали е гладна после тоа, и нудам цице на секој плач, не се буни за уште Не е мајчиното тешко сварливо млеко ко ад пример, немаат мака.
Под сѐ тетра ставам, тетрите ко алва ми одат. Инаку со многу силен млаз ми поврати синоќа, од тетра, јорганче, косото душече, крпата под газето, сѐ му беше извалкано. Секако и тој од глава до петици.
Можно ли е поради некоја причина да ми се намалува млекото? Бебе цица доста често, ама некако нервозно на крај од цицањето, па го префрлувам де на една, де на друга града и кога ќе го префрлам, ќе поцица смирено малку, па пак е нервозен и никако не може да заспие. Кога го тргнувам од града и пробувам да го заспијам, става прстиња во уста, си викам гладен е. Градите поголемиот дел од времето ми се меки, не ми се преполнуваат така како на почеток, ама кога и да стиснам капнува млекце, некогаш и шприца. Не знам што да мислам веќе...неколку денови по ред имам многу лоши главоболки, пред некој ден имав и температура и треска, најверојатно од умор, можно ли е поради тоа или не?
Da ne e smenet vkusot od temperaturata? Proveri si da ne ti e od nesto drugo temp. Polni li peleni? Nervozata moze da e od grcevi gasovi itn....ne mora da znaci glad
Не знам, можно ли е да смени вкус млекото од температура? Инаку нема од што друго да ми е мене, паднат ми е имунитетот изгледа, правев корона тест, негативен излезе. Инаку бебе полни пелени, сите се секогаш мочкани и си кака редовно. Грчевите се потсмирија, веќе не витка ноџиња и не се напнува да испушти гас, туку си го испушта најнормално, скоро без напор. Во вторник на контрола ќе видам колку напреднал, првиот месец имаше одличен напредок.