Моето е родено со помала килажа од твоето,но ние сме само на доење. Со малечкиве ептен е потешко да фатат, особено кај мене градите ми се огромни а бебе малечко хаха. Пробај со силиконска брадавица, кај нас само така успеавме со доење. Прво не ја сакаше, му се повраќаше, но бев многу упорна. Со рацете прво, со притисок на градата, одмолзував млеко во брадавката па одма го ставав на града, ова беше успешно, сега влечи сам. Можеби силиконскиве не се најдобра опција ама во моментот ми беше едниствена успешна опција. Кај мене се успиваше и се успива цело време на гради, брзо се уморува. Цело време го ставам на гради,малце да се разбуди и одма, па почнува да цица, па пак се успива. Некогаш цица 15мин. некогаш 30мин, некогаш и цел сат, но со паузи. Напорно е многу, особено навечер, ама си велам малце да крени на килажа, да има сила да цица повеќе, па ќе почни да спие барем 2часа без будење.
Со силиконски пробувам не ги сака И моето е од тие мрзеливите или повеќе му одговара да не се мачи да влече , ќе пробам да го будам Минатиот пат кога бев на педијатар спомна нешто блага жолтица ама не пиша ништо во извештајот и не ми даде никаков совет Не ми кажаа да го дојам расоблечено. Тоа е за поубав контакт или за да не му биде топло. Користиме шишенца стаклени на авент. Антиколик се Ќе пробаме и така И мене ми е за килажата иначе ќе водам инат со него Како и да е наместо да му давам цуцла лажалка од сега на града ќе виси а оброкот ќе му го намалам на поливина па се надевам ќе преминеме полека полека целосно на доење
На колку време ги доите 3 месечни бебиња? Моево веќе почнува да одолговлекува од подој до подој, скоро на 3 и пол - 4 часа цица, и ако ја ставам порано ми се бунтува и неќе. Навечер сме само со еден подој. Дали како што растат ќе имаат по помалку подои или?
@mace89 Јас цуцла на почетокот нудев ама после не е сакаше силиконската брадавица па е тргнав скроз. Сега кога и да отвори уста само на града, па и по малце да цица, битно да се навикнува да влечи,да има сила. Секој ден повеќе цица. Пробај секако ништо не губиш, можиш да добиеш. Ова ми беше совет од болница, кај мене има резултати
Да во право си. Ќе пробаме секако може ќе успееме да најдеме некое решение Фала ти Твоето како е сега со килажа, напредна?
Јас проблем си направив пред една недела ми ги расцепи брадавиците. Плус на едната и белко ми се појави, а бебето имаше сор во устата и ми беше болно и ај со силиконските брадавици. И сега кога цица не сака без нив само ја лапа и лизнува брадавицата. Или кога ќе ја лапне и сфаќа дека не му тече млеко како со силиконските и вреска се нервира се гребе се кубе ете моето на два месеци и тоа прави се кубе бре не знам како успева. И како да го одвикнам сега? Има надеж или не?
Дали некоја се соочила после 3 месеци доење, со главоболки и мали вртоглавици? Сега неколку дена по ред ги осеќам, не се преку цел ден, обично попладне-ова време вака 20ч.
Ќе успеете сигурно Моето супер, од ден на ден поголемо е, за 2недели додаде 300гр, докторката кажа повеќе од доволно за почеток било. Дури и едно боди ни е малечко хахах, мама пресреќна и така
Можно е да има жолтица па затоа повеќе спие и да не цица или пие од шише помалце. Иначе влечи ги брадавиците со пумпата за да ти се извлечат да може бебека да цица
Od toplo use poveke se uspiva zatoa rasobleceno...mene ova Marina mi go kaza pedijatarot od Remedika zatoa mislev znaes
Ти било така? Утре одам да проверам крв, некако ме фати страв. Од кога ти е така? Пред да те фати грип или и пред тоа? Од притисокот ти е тебе? Дали имаш и вртоглавици? Некогаш знае да ми се блиски да, пиеш нешто и дали си посетила др? Некако ме фати страв со вртоглавиците.
Главоболки имам секој втор ден. Придружени со гадење и вртоглавици. Јас мислам дека од премор е. Или ако сум нервозна се случува да ми се крене малку притисокот и одма глава ме боли. Крвната слика супер ми беше мене, ама провери си за секој случај. И на промена на време имам вакви симптоми.
Оф, и јас така мислам, ама да ти кажам искрено ме фати страв веќе. Не ти спие бебе тебе? Некако последниве два вечери се буди на 3 часа, и тоа е супер спиење за нас, затоа заборавив нс уморот скроз.
@thelittle17 па да, на почетокот бев константно уморна. Грчеви секоја ноќ во ниедно време. И потоа те стига. Се е ново, телото се враќа во нормала, доиш, бебе, обврски дома, плус некој момент за себе да украдеш... Провери крв и притисок, ама најверојатно е умор.
Бебе ми спие, 2 пати се буди навечер, ама со уште едно три годишно дете, а со неа периодов имам повеќе мака отколку со бебе, плус обврски по дома и не да сум преморена, ми иде сама да фатам негде да одморам на неколку дена Одмарај кога спие бебе преку ден бар еден саат и пиј многу течности.