Здраво. Исклучиво го дојам бебенцето, 6 недели старо. Меѓутоа во последно време, има можеби околу 2 недели, забележувам дека за време на секое доење и после доење час/два се поцрвенува во лицето ама како да е шарано, не комплетно црвено, па му се губи тоа црвенило. Дали има некој искуство со ваква ситуација? (дали е некоја моментална алергиска реакција од млекото или...?) Ви благодарам.
Ако можеш спушти ја апликацијата The wonder weeks. Преубаво и детално објаснето што се случува со бебушот за време на скокот, а и утврдува дати од кога до кога е во фаза на скок, со акцент на пикот(има громче со облаче и очекувај тој ден да е жестоко ) ). Се внесува due date, па според него некако си пресметува. И ние сме 1 месец стари и баш точно испадна се според апликацијата (бар засега, а знам дека и други ми ја препорачуваа пред да ја спуштам.) Горе долу ќе бидиш спремна за тие денови, а и ќе дознаеш кој промени се случуваат кај бебушот.
Моето имаше бубулички по малце во тој период наместо црвенило. Педијатар ме советуваше да не јадам млечни производи некое време.
И бубулички имавме, меѓутоа малку по малку се повлекуваат, а црвенилото сеуште е исто :/ Ќе избегнувам млечни производи па се надевам и црвенилово ќе се повлечи.
Мамички вчера бебе од памет ме извади. Пред некој ден почна да цица иако е на комбинирана искрана со ад ( бидејќи сеуште немам доволно млеко) и од вчера почна да се дави додека пие ад од шишенце. Се преплашив. Одмори малце пак му дадов пак исто. Земав го ставив на града почна да цица нормално без закашлување. Пробав да му давам полека од шишенцето, може пола сат го влечкав за 60мл да испие и ок беше. Сватив дека се научило многу брзо да влече. Ако може да ми предложите некоја цуцла која не тече толку брзо и нема да му прави закашлување. Ние користиме авент 0+ од стаклекните бидејќи бебче е две ипол недели
Барај на интернет "paced bottle feeding" да научите техника како да му давате а да не му тече многу, независно од цуцлата каква е.
Убаво провери ја цуцлата, случајно да не е дупната…мене истото ми се случи со Авентот, бебето буквално се давеше, пишав на форумов, една членка ме советуваше да ја проверам цуцлата и стварно скината беше
@Kitten @doubleinfinity фала ви мамички ја проверив цуцлата не е дупната ама се мислам да земам калма имате ли искуство со неа?
Синко цицаше ама од калма не се научи да пие од неа. Со пумпата одеше, лично не би ја купила. Пролистај низ темава како да ти надојде млеко и работи на тоа. Техниката на цицање и пиење од шише не се воопшто исти, затоа бебе се закашлува. Од шише само тече, и позиција на јазикот не е иста како кај цицање. Со лесно.
Јас немам никакво искуство со цуцли и шишиња. Но за техникава дознав сакајќи да помогнам на пријателки.
Немам ни јас искуство со Калмата, ние користевме Авент ама ми се дупнаа две цуцли во рок од една недела и се префрлив на комбинација Томи типи и Мам…ама побарај на форумов, ќе најдеш сигурно
Јас користев калма, но не сум многу задоволна. Ја рекламираат како некапечка цуцла, но моите за 2-3 недели се расипаа и си течеа сами. За тие пари очекував подолго да траат.
Јас имам 2 калма цуцли земено. Со таква му даваа во болница, со таква продолжив дома. Си ја има профатено убаво и плус си цица убаво, па не сум ни пробала со други. Исто е и мојот на комбинирано, доење + ад. Самата цуцла знае да протече ако не ги наместиш деловите убаво и не ја затегнеш, еднаш ми истече на почетокот и се изнервирав, ама после сфатив дека до мене е грешката, а капка-две знае да ми направи некогаш. За давење и мојот се давеше на почеток, ми дадоа совет од форумов исто да сменам цуцла со побавен тек, наводно и калмата не била со бавен тек и била само за давање на измолзено мајчино млеко, а не и на ад. Томи типи, др браунс и мам цуцлите биле погодни за тоа. Сега после 3 недели се научи убаво, а инаку и мене стрес ми беше да му давам ад, обавезно се закашлуваше. Моето искуство со калмата се на се за сега не е лошо
Томи типи тие внатре со цевче што се. Моето е на ад од почеток па сепак на почеток од авент ми се давеше после накај 3м со авент продолжив. Томи типи ми беа најдобри за од старт.