Охо на 3часа моето да беше ќе одев во друг град хаха.. Моево ептен на брзо бара, некогаш на пола сат, сат, сат ипол, два.. Повеќе од 2часа нема поминато а да не цица.
Да, Лиска има супер прслуци за доење, сѐ што купив од друго место не ми се погоди. Со тој од Лиска доев две деца по година и пол, значи три години го искинав од носење
Мајки како се справувате со доење во јавност? Би сакала, од либе имам максимална поддршка, ама искрено немам храброст заради нашиот менталитет. Дали користите марами за доење? Дали се практични? Особено за летово?
Ма ич не му се замарам вадам цицка кај и да и се присака не користам марами евентуално со тетра се покривам мое мислење ич да не му се замараш за околината
Јас се покривам со тетра и си дојам каде и да сме. Пред неколку години кога немав деца бев на кафе со една братучедка со бебе неколку месеци, на сред кафе станува жена со бебето и оди во тоалет, ја прашувам да го чувам јас да не го носи со неа, ми вика морала да го надои. Од тогаш ми се крева косата од предрасуди со доењево. Замислете да доиш во вц во кафич, гнасно, прегнасно и носиш бебе таму да јаде Не сум толку ладна да извадам цицка на маса и додека седиме друштво јас да дојам, ама културно ќе се наместам со тетрата од оние поголемите за 100*120 и ќе извадам града, го дојам, се средувам и тргам тетра.
Не знам, стварно немам храброст. Кога ќе помислам дека ако седнам кафе да пијам и на синко му пријаде (инстант цицка бара, оти ќе зајди од плачење), ми се одвраќа и мисла и желба за излегување. Ми се има увртено филм дека ќе ме зркнат сите, ќе слушам коментари и дофрлања. Можеби в парк или на некое место каде што колку-толку можам незабележано да поминам, би се решила, ама кафич, ресторан... Па и самата помисла дека пред блиските треба да вадам цицка ме укочува. Навистина ми требаат совети како да го надминам тоа. @mamaJana
Јас си носев молзено. Дојам пред да излеземе и потоа носам молзено или во кола дојам. Тоа со тетра е изводливо додека се ептен мали. Потоа почнува да ги интересира светот и нема да можеш. Можеби кога би имала помирно бебе би доела во јавност, и без тетра може да се облечеш соодветно и да не се забележи дека доиш. Кај нас и нема баш идеални услови, за доење сакам да ми е удобно, не можам било каде. Јас и дома менувам соба за да ми е удобно.
Јас зимата доев без марами ама колку толку изнаоблечена ништо не се гледаше, е сега ставам некогаш обична тетра, ама бебка ми е ептен радознала и пргава (7 месеци е) и нема шанси да цица надвор без да се тргне и да разгледува наоколу и цицката е ептен на ‘изволте’ па да не му направам непријатно на некој. Така да веќе ретко ја дојам надвор, а инаку немам проблем да ми е срам или нешто. Сега ако сака да цица ќе се подзаскријам некаде на тивко место кај што нема никој за да цица без дистракции ако има можност.
И мене ми е непријатно, не затоа што има нешто лошо туку едноставно не се чувствувам слободно. И пред блиски ми е исто, не сакам да ми стојат над глава и се повлекувам. Она застанување над глава и зборување на бебето, па одеднаш слушаш - цицкај бабе цицкај, цук цук цук амааа живци ми кине. За надвор користам марами за доење, има во ваикики. Лесен материјал со лента за да ја префрлиш преку глава. Не му пречи, има доволно воздух, се гледаме од горниот отвор и ок е. Важно е бебето да е најадено, Ама гледај и тебе да ти е пријатно. Како ти одговара, така.
Јас нели не живеам во Мк.Уште со првото вадев града кај и да се расплакаше, во автобус, во трговски, на доктор.Без марами без ништо. Исто и со ова.Сега сме во Мк.Во полицијата ја доев без марама, на клупа помеѓу пензионери, кај отидеме на гости си ја доам(кај другар ми бевме без марама ја доев),во авион,секаде ја доам. Доењето го сфаќам како најнормално.Епа ако не и дадам да цица ќе треба да ја слушаат сите ,а тоа никој не го сака. Затоа ако на кафе ти е срам почекај кога ќе потпорасне и ќе има ред ќе го нацицаш и ќе отидеш на 1ч и така задоволна.Инаку така е со деца на трња седиш,ако почне да лудува, плака или вика, собираш парталите и бегаш . Само храбро мајка можеш и со тетра да се скриваш и без срам, не сме 10век.Доењето е најнормален процес.
На бебето тој му е начинот на хранење и не ниту срамота ниту за другите да се чудат. Гледај си го бебето и себе си, и ако ти се искача и треба да го надоиш само напред и храбро. А менталитетот тука, за жал повеќето гледаат за другите наместо за себе, ама со тоа што си правиш вакви нормални човечки работи како што е доењето, делумно и го менуваме менталитетот (иако ќе требаат векови да се цивилизира овој народ И јас ставам тетра, а бидејќи ретко се наоѓа асално место или бар клупа под сенка за доење, баш седнувам во кафиќ за да ја нахранам
Ова е до тебе проблемот повеќе, ама баш никој нема ништо да ти дофрли или да ти коментира. Може како народ сме заостанати ама да не претеруваме. Да, луѓе ќе се загледаат ама и Америка да си ќе се најде некој да те загледа. Така да биди си лабава
Nisto ne nosam kaj mi dojde tamu dojam...kafic,klupa vo park seedno. Relno koa ke krenes majca taa posle ke padne vrz cela cicka maltene niso ne se glea.
Јас еднаш во кафич, седната со 3 мајки и 4 бебиња (сосе моето) седиме доиме сите, и нормално размуабетени, со цицките изваени иди келнер, не знае кутриот каде да гледа вика “повелете” ние рецка не му маваме, тој пак повелете и в небо гледа по 5 мин откако се свестивме си порачавме, ама таа слика ќе ја памтам долго
Хелоу , скоро недела каде што дојам. Млеко ми надојде тоа е супер се, беба полни пелени. Но имам страшно голема болка во едната града ,значи ме боли брадавицата . Не ми е видно многу разранета туку изгледа како да е гребната. Дали и со што можам некако да си помогнам. Со првото дете немав ваков проблем, додека учевме доење имав болки што се нормални, но вака не. Секој совет е добредојден
Ти помогна ? Не мачкам ништо. Се мислев за ланолин. Во болница го користев примерокот што ми го дадоја 4 дена. Ама немав некој резултат. Претпоставувам,треба подолго и редовно да се користи?
Мене ми помогна само пурелан кремата од медела чист ланолин, после 2 месеца голгота со неиздржлива болка ете за еден ден ми се среди болката а немав видно никаков проблем со брадавицата ама само тоа ми помогна и еве сега без проблем дојам на двете без болки