Измолзив млеко за излегување. Бевме излезени 2ч и шишенцето стоеше во ранец на место со фолија. Дали млекото што ми остана неискористено можам да го замрзнам или да го исфрлам?
Прежешко е, јас би го фрлила. До сега само тазе молзено ставав во фрижидер, со млеко не ми се ризикува.
E ova ne mi teknalo a cel kup mleko isturiv na pocetokot koa izvlekuvav ednata bradavica so pumpa pred sekoe doenje...po okolu 200ml dnevno mi se fakaa
Да јас првиот месец така ја бањав ќерка не користев никаква козметика 30-50мл колку што ќе одмолзев да не го фрлам, го истурав во коритцето во водата кај што ја бањавме. Многу е здраво и баш во Холандија моја блиска се породи и до 40 дена така ги бањаат
Здраво мами ние сме 3 недели на ексклузивно доење сме ама многу често е на града малата цица 15 минути после еден час пак бара да јаде ,пелени полниме ама сепак се грижам да не и е малку моево млеко некој со слично искуство
исто и ние, немаме ред. а се подразбуди, одма цица. И ние сме 3 недели, на доење само. Нормално е се, не се грижи
Јас цел ден само со градите надвор сум и бебе на нив. Некогаш поминува и пола сат и пак сака. Јас го ставам кога сака и колку сака. Малечки се, па немаат сила да цицат многу, па затоа многу често бараат. А и многу брзо полни пелени. Барем јас така заклучив дека е кај моево. Моево е 1месец.
Благодарам мајки исто цело време на града сме понекогаш си а користиме и како цуце пошто не сака цуцла да фати па и грчевите ни почнаа со лесно нека ни е на сите
И жедни се на жешково, затоа и бараат почесто цицање. И мојава, 3 недели почесто бара, ќе цицне малку и пак ќе заспие. А кога е гладна си цица подолго. Баш ја приметувам кога е жедна кога гладна
Оо душичка, рано почнале на 3 недели :/ се витка, плаче многу? Кој дел од денот најмногу и што и даваш? Јас давам пробиотик био гаја,се уште не се почнати
Се витка поцрвенува стегнато и е стомачето плаче ама не многу валјда ги издржува болките душичка, ние земаме ваја пробиотик и давам по 30мл и чајче бекутанче земав и еспумисан л ама се мислам дали да почнам и нив да ги давам пошто на вајата пише дека се и за грчеви Наредна недела планирам да ја носам пак на педиатар па ќе видиме шо ќе ќаже докторката П.с навечер и од сабајле и се појаки мада знае и преку ден да се згрчи
Мајки, имам проблем. Бебуш денес прави 4 месеци, до пред две недели цицаше ептен добро, полни пелени, напредува. Но последниве две недели поради хиперлактација бебуш не сака да цица како порано, па постојано го дојам во полусон и многу често ми заспива. Се сомневам дека малку млеко цица, бидејќи не напредува како што треба и послабо полни пелени. Да биде маката уште поголема примивме и 3 вакцини, така ни се погоди. Инаку е само на доење не е на прихрана. Сега и со топлото време не сака многу во раце да го држам и цица легнато. Ве молам тие што се поискусни нека ми кажат некој начин повторно да го стимулира да цица како порано. Ви благодарам од срце.
Исто и моето не сака цуцла, па некогаш сака на града само за да се успие. Цуцли пробав неколку, се грози и повраќа. Моево нема грчеви засега, но разгледај има тема грчеви кај бебиња, има таму повеќе искуства со грчеви и капки.
Исто мила навечер пред спиење обавезно на града и да не е гладна си ја користиме како цуце и така се успиваме и на мојата малечка и се гади и повраќа и ние имаме три цуци П.с ама не се откажувам понекогаш коа е расположена или гладна ја фаќа у секој случај добро е да фати цуце
Хаха исти се бебушкиве наши И јас нудам неколку пати во денот,сакам да ја фати, барем за на вечер кога не е гладен да презаспива со неа.
Ај кога ќе ти е при рака Ваја пробиотикот кажи ми производител, колку мл е и која цена е? За бекутанчето можеш, моево не фаќа шише, а во болница фаќаше без проблем, а за еспумисанот прашај го педијатарот. @Маја Т со жолтица како сте? Дека викаш спие многу - викаат на тоа ги тера жолтица