1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Еднаш додека се возев во автобус, случајно седнав до една жена, психолог и се замуабетивме. Падна муабет околу тоа што треба или не треба да се јаде за да се појача млекото. Нејзин совет беше, џабе е млеко да пиеш и разни глупости, единствено нешто кое помага во создавањето и појачувањето на количината на млекото е зеленчукот. Свеж зеленчук наводно бил идеално решение.
    Дали е ова вистина неможам да тврдам зошто не сум испробала, но дефинитивно ќе и го применам советот доколку не дај Боже имам потреба.
     
  2. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Како мислиш доколку имаш потреба??? Па ти за некое време ќе имаш потреба ,затоа што ќе станеш мајка :) Ова со млеково е борба од прв ден откако ќе се породиш и тоа се стимулира цело време.Сите овие работи кои се препорачуваат се за зголемување на количеството на млеко и условно речено за неговата јачина.Значи ако мислиш дека зеленчукот е тој кој ќе ти помага ќе почнеш да го јадеш од прв ден (кога ќе дојдеш дома)
     
  3. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Девојки, имам проблем со брадавиците болни и крвави ми се, бебево сеуште не фаќа убаво (денес сме прв ден дома) Имате искуство, дали ќе поминат или да барам силиконски пупки? Ве молам а совет, а немам време да читам, може и претходно сте спомнале... Поздрав
     
  4. RozeSk

    RozeSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    26
    Горда, мене многу ми помогнаа д3 капките кои му ги давав на бебето. Безбедни се и за него, па затоа мачкај се што повеќе можеш. Од искуство ти кажувам. И јас бев рани 2 пати, а со тие капки за 24 часа ми беа ко нови. Ланолинската крема не ми помогна воопшто.
    Поздрав
     
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Мене ми помогна Mum care-маст за нега на испукани брадивици кај доилки, со маслиново и невеново масло од Галафарм, го има во Зегин. Се мачка брадавицата после доење на бебето и пред доење обавезно се мие маста (јас со бебешко сапунце се миев, полека, нежно, боли знам, ама мене за 3-4 дена ми помина црвенилото.)
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  6. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95

    По можност градите да се цело време отворени (некултурно кажано шетај се по цицки :tmi: ), одмолзувај по 2-3 капки со млеко и ставај на брадавиците и како што ти кажаа погоре ставај и Д3 капки. Не се штетни за бебето и нема потреба од измивање на истите.
     
  7. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    mackaj se lansinol mast mene za 2 dena mi pomina crveniloto i blkata
     
  8. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Мене многу ми помогна ланолинска маст и првата недела цело време бев намачкана,а не треба да се измива за цицање. Е сега доколку имаш рагади(рани) ставај малку и кантарионово масло ,но тоа мора да се измива пред цицање. Доколку можеш и имаш време ставај и облоги од кантарион.
     
  9. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    34.360
    Пол:
    Женски
    Ние на жалост се одбивме од цицање :(
    на 5 ипол месеци
    Се намали млекото а и самото бебе не сакаше повеќе да цица :(
    Првите денови ми беше тешко од кога се одби , ама еве после неколку дена ја гледам си го пие другото млекце и си напредува некако се помирив :D :D
    А и плус веке и јаде кашички ;) па не е само на млеко :)
     
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Сама се одби на нецели 6 месеци??? :worried:
     
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    34.360
    Пол:
    Женски
    Па дека и недоволно млекцето , и самата нејкеше да цица :( :(
    Ама па и добро ;) не е до толку страшно веќе :)
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  12. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Благодарам за советите, еве мачкам и мое млеко, а по следниот подој ланолинска крема, малце е подобро, ама сеуште не е како треба, иако по цел ден сум со голи гради, срамота мислам :$
    За Д3 не сум знаела, ќе пробам, ама важно е дали се Д3 или Вигантол растворот? На тоа мислевте нели?

    Инаку, внук ми на неполни 8 месеци сам си се одби, се повеќе требаше да се напрегне за да повлече млеко и си реши дека веќе не мора да пие и почна да си ја врти главата на друга страна, па мораа да се помират со тоа... Супер си напредува, така да, не гледам многу пропуштено... очигледно самите си диктираат темпо и време :P
     
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.899
    Допаѓања:
    103.024
    Пол:
    Женски

    Па да ти кажам многу е полесно вака што самата се одбила , јас малку мака видов за одвикнувањето бидејки се разболев и оддеднаш морав да прекинам да ја дојам а она не беше многу мало бебе, 12 месеци и 1 недела не сакаше ни да јаде , ни да оди , цел ден спиеше и плачеше,а и не пиеше никакво друго млеко и еве така од ден денес

    ќе си напредува , штом си пие и друго млеко немаш гајле :) :*
     
  14. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Имате ли некој друг предлог, лек за рагади на брадавиците? Ми споменаа некој мелем што го правеле жени муслиманки, ама кај да барам таков? Очајна сум веќе ;( И некоја течност со анестезин, ама не ја прават веќе по аптеките, да не знае некој аптека кај што се прави? Некое друго чаре..? Поздрав
     
  15. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Пробај на Авент мислам дека беше, кремата која ми ја пофалија дека делува. Дејството и е како анестезија, ги замрува брадавиците и ги лечи, а во меѓу време не чувствуваш болка. Е сега не знам дали ја има во Мк. Друга алтернатива ти се силиконските брадавици, што мислам дека е подобро дури да ти заздрават твоите да пробаш со нив и гледај бебушко убаво и длабоко да си лапне за да не то боли.
     
  16. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Леле Горда рагади ти се направиле ? Искрено те жалам,само тој што имал знае колку болат :sweat: Јас мачкав чист ланолин на галафарм,ама предпоставувам дека веќе се си пробала и затоа би ти рекла извесно време да доиш со вештачки брадавици,додека твоите не ти заздрават убаво,затоа што вака само полошо си правиш.Од природниве лекови знам и за тоа дека може да се мачкаат со мед и дека помага ,но во твојов случај не знам колку би сменило нешто,со оглед на тоа дека бебето е многу мало и речиси нон стоп цица.
     
  17. suzan-33

    suzan-33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    13
    Земи си Lansinoh со гаранција помага.
     

    Прикачени фајлови:

  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.000
    Пол:
    Женски
    Мене ништо не ми помогна, ни Lansinoh, ни кремот на Мустела, ни кантарион, ништо. Малиов мој на секое цицање крв ми пушташе, само силиконските брадавици го ублажија проблемот. Кај мене два месеци траеше тоа крварење од пупките, а кога заздравеа ги симнав силиконските пупки (малиот тогаш имаше околу три месеци). Само тие ме спасија, ништо друго.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  19. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    И мене многу ми помогна
     
  20. anuHka

    anuHka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    27
    Горда и јас го имав истиот проблем...на по4етокот не ми беа доволо испакнати брадавицитепа уште првиот ден дома си купив силиконски брадавици но тие само проблем ни направија, т.е. бебусот мој немал сила да се најаде доволно со нив, па првата недела изгуби 400г од килажа. Педијатарот ми рече да се одмолзувам и да му давам додека да ја врати килажата и да добие сила, но јас и понатаму се обидував да го ставам на гради и да почне да цица. Единствено ми помогна пумпицата , може ја платив поскапо но многу ми помогна ...ми ги извлеч брадавиците и малиот си фати без проблем после 3 недела....... јас би ти препорачала да си купис пумпица и да се мачкаш со Д3 капки, според мене тоа е најдобро решение без да се мачиш ни ти ниту бебчето .... позз