Мајки левата града денес ми беше полна многу и ми тежеше дури и болеше а десната млитава. Го ставав пократко на полната града да цица и измолзував со пумпа минимално 30мл да ми плесни. Да не згрешив?
Електролити, јаглен и пробиотик смееш пример линекс или некој друг. Тоа е све безбедно. Со лесно и побрзо да помине.
2+ сме можно ли е да се најадува за помалку од 10 минути? кратко некако ми цица се мислам не најадена е ,а си полни пелени нормално
Јас мислам дека е океј. Штом е весело и полни пелени нема простор за грижа. Едноставно растат, имаат подлабок и посилен фат и голтање, а претпоставувам и доволно млеко за да се најадат за релативно пократко време.
Нормално е. Зависи од тоа колку силно цица бебето и колку лесно ти тече млеко тебе од градите. Мојата утре е 1 месец и исто кратко цица 7-10 минути. Знае да дреме и 20 минути на цице ама си ја користи ко цуцла, не цица . Битно е да си напредува
Исто сме и ние некогаш и по 5 минути само цица а во среда правиме 1 месец бев исто збунета шо цица по малку ама не плаче полне пелени а сака често на града ама си ја користи како цуцла пошто цуцла никако да фаниме
Може да ми пуштиш screenshot која апликација ја користиш Иначе ние сме на комбинирано доење со ад но деновиве преферирам да го одвикнувам од ад. Цица 5-10 мин и ми се гледа малце па се молзам и му го давам остатокот. Но јас највеќе сум измолзала 70 мл од двете гради кога бебе не цицало неколку сати што мислам дека е малце
У принцип не е многу точно колку ќе измолзиш за тоа колку млеко имаш. Со пумпа никогаш не можеш да изпумпаш колку шо може бебе да исцица. Тоа ти е груба проценка, не се ослонувај на тоа. А и количината на млеко у текот на денот и ноќта се менува.
Јас на почеток така правев. И ад и давав, и се молзев и и давав, за да не и е малку мислев... Јас најмногу 90мл имав измолзено. Но на контроли видов супер си напредува, и еве веќе 2 дена и немам дадено ни ад, ни измолзено. Па пак и пелени си полни, си цица супер. Не ми плачи, што си велам значи не е гладна А за времето и кај мене околу 10мин просек цица. Најмногу 12мин има цицано и толку..
Што значат два или три плуса? Некако во задно време се пишуваат на форумов, неможам да ги дешифрирам Некако во "мое време" ги немаше.
Недели се тоа. Додека беше помал ми беше битно дали е 3 чисти, 3 и пол или скоро 4 месеци. Сега е 2 години и чиста сметка.