Можеш антиметил да пиеш, тие се на природна база со ѓумбир и се за лошење, мачнини, повраќање . Не, не се безбедни. За болка можеш ибупрофен.
капките колипрев дали на некој ви имаат направено запек? Бебе е 1 месец и е на мајчино млеко претежно, 3 до 4 пати максимум на ден му давам АД на бебилов, предходно имав аптамил1 ама скоро цело го фрлив поголема е количината а се користи 3 недели од отварање. Прво и Последно какање вчера во 19ч, денес цел ден се напиња. Се мислам дали е од млекото или капките :/ Иначе си беше се таман Користам биогаја на сабајле 5 капки, колипрев по 5 на јадење, и чатпат еспумисан, од нив па најлесно си испушта гасови Нз како да му помогнам да се искака :/
На мојата не и прават запек. Јас исто био гаја давам, сирупот на Nurse Harvey's, по потреба еспумисан. Си кака убаво по 2-3 пати дневно и тоа баш обилно. А за полесно да се кака јади ти суви сливи.
Здраво, бебуш има три месеци. Прашањето ми е колку подои на ден би требало да има? (некогаш сака на сат време, некогаш на два саати да цица, а тоа ми е некако исто како и претходните месеци. )
Мое искуство со биогаја е - супер во поглед на грчевите - поминаа, односно немаше но за жал имаше проливче :/
Мамички ај хелп. Сакам да си измочзам млекце и да си замрзнам за да имам за понатака. Ама никако да стигнам од бебуш она кога цица си исцицува скоро све и после подој многу малку вадам а кога ќе ми надојде млекото дошло време за следен подој и не знам како фа постапам или да собирам по малце од цел ден?
На три месеци. Од два веќе треба да намали а на три месеци веќе и градите треба да се меки и да не се преполнуваат.
Нема правила, кај некои на неколку недели, кај некои на 6 месеци. Мене и сега на 2 години знае да ми течи затоа што зеза со јадење. Јас со месеци молзев затоа што ми се преполнуваа, и цел ден бев со влошки до кај 8 месеци ако не се лажам, побарај кои мислења мислам дека пишував. Ама доста долго не ми беше средена лактацијата.
@kostovaivana охоо значи ќе си почекам јас. Хаос сум со тоа, бебе цица се засркнува од само што течи па другата града течи и потоп сме. Влошки за гради еден ден истрошив одма се полнат. Се надевав за побрзо. Ви благодарам мајки.
Може ке си се среди за кратко, буквално не можеш да знаеш. Молзи малку пред подој ако се засркнува премногу.
Значи ако не течи само млеко од градите средена е лактацијата? Јас се чудев зошто не ми течи само веќе неколку дена,навечер знаев да се направам лом и преку ден исто ,сега веќе не ,се надевам дека е поради тоа
Да да тоа е, средена ти е лактацијата. Ова Јасна ми го кажа, дека до 3 месеци би требало веќе да се среди, да престане да тече млеко од другата града и градите да си бидат мекички и да не се преполнуваат. Ама сепак сите сме различни така да и да не се деси на 3 месеци е ок