Јас за 20 дена намалив 14 кг и сум на стара килажа. Исто бев и со првата бременост. После неколку месеци бев со неколку кила помалце него ли што останав трудна. Сега ќе видиме како ќе биде.
И мене многу ми се јадеше, не викам не, но веројатно не бутав глупости и морам да кажам дека додека доев бев сучка првата година со двете деца. Значи важно е да се запази каква исхрана имате. Но важи правилото од дневните калориски потреби треба да додадете уште 500 во денот. Не 1500
Јас и во бременоста и сега си јадам нормално.. Некогаш и без леб зависи од јадењето. Се поправав порано пред да останам трудна бидејќи само јадев, гледав филмови и немав никаква физичка активност. И 500калории да внесував дневно се лепеа за мене тогаш. А сега не седнувам 5 минути.
И јас сум така , одам и надоле. Моментално 51-52 сум , ништо нема на мене Во бременост многу малце се поправив скоро 9кг само , дома одма си бев на старата тежина. Јадам како за двајца ама исто како да не сум јадела , доењево плус трчање по тодлерка* цела ден + домашни обврски = фит мама Да не доам сигурно ќе бев 10кг + со јадењево. Вода , течности пијам околу 2л на ден можеби. Првиот месец дури доев и после подој цел бокал вода ќе испиев . Сепак мислам дека треба да се пазе доколку си склон на лесно поправање , точно е и дека многу доилки се поправаат. Јас сум таква слаба од секогаш , лесно слабеам. Сега сакам само 3-4кг плус да имам да освежам малку ништо повеќе.
И јас пијам многу течности. Може по 3, 4 литри на ден. А јадам нормално. Дури мислам дека и треба повеќе да јадам ама немам апетит. Ама затоа вода, сокови можам без престан да пијам
Да ги измешаш? Не мајка. Давај оброк ад оброк молзено. Молзено давај макар и 20 мл да се, полно е со хранливи состојки антитела итн.
Ела да те гушнам друшке моја скроз иста сум за благото, душа ми се тресе ако не каснам, ко наркоман некој а дур бев трудна не бев ваква
Со првото ми се регулираше апетитот после 6/7 месеци, се надевам и сега ќе биде така инаку тешко мене Еве и од мене една гушка за солидарност
Мислам сепак се е до метаболизам. Јас после месец и пол сум на стара килажа. 52кг. А искрено повеќе јадам и апетит имам откако бев бремена. Посебно благо уффф... неможам да се донајадам. Се трудам да избегавам ама еднаш дневно морам нешто да каснам. А на ексклузивно доење сме. Ме исцица бебе скроз
И јас мислам до метаболизмот е. Во бременост премногу се поправив 23 кг. А секогаш сум слаба 60 немав а висока сум. Кога ја родив -10 значи 13 кг плус. На екскузивно доење после 4 месеци си се вратив на истите килограми од пред да останам бремена. Може сега и помалку имам, преслаба сум. Сакав да задржам некое кило плус ама сами си се намалија
Здраво. Дојам а настинав па докторот ми препиша амоксиклав. Дали некоја има искуство со нив, дали случајно се појавила некоја реакција кај бебето додека ги пие а го дои?
Не знам. Јас дојам. Од сам старт немам апетит, скоро ништо не јадам. Дури ни млеково не знам како надоаѓа, веројатно само од сокови од јаболка што ги бутам на сила. Секоја жена е различна, не е кај сите исто.
И јас сум во нејадачите. Апетит 0. Можам со еден оброк да живеам и тоа и тој ради реда каснат. Благо ни ми бара душата, ни јадам. Освен сладолед, ама него не го рачунам за благо. Течности пијам, особено минерална вода, ама не како на почетокот после породувањето, тогаш и јас како срна, сигурно по 5-6л дневно пиев, прежедна бев. Уште 4кг имам до стара килажа, после нецели 3 месеци од пораѓај. Не се жалам ни вака, таман сум, само да зацврстам меше малку. Ми се чини дека во бременоста се изнајадов за цел живот. @Aniraz дозволен е амоксиклавот за време на доење.
Јас во бременост се поправив 15 кила за неполни 20 дена си ја вратив килажата ника е на ексклузивно доење верувале или не имам 43 кила
Леле и јас сум нон стоп гладна.Со првото по порагајот бев 59кг тоа беше +2кг.Од доењето се здебелив на 63. Кога престанав да доам се вратив на 59кг.Сега по пораѓај бев 63,8кг тоа беше 3+кг од што останав трудна.Сега доам и сум 5+кг.Волку апетит имам само кога доам, бремена повеќе се контролирав ради шеќерот, сега свашра гнетам и пак ми се јаде.Благо абе цела торта смаав от ќерче.Цел живот сум без апетит и лесно сум си одржувала линија.Ќе ме читате послем доење во како да ослабнам.
Па не си дебело мори ти ја 75 кила имам а ко излегов од наболница бев 80 Ти со 60 се жалиш Камо да ги имав килата твој