Вчера мојата госпоѓица во рок од 24 часа имаше 11 мокри пелени и 1 каки. Многу ми се видоа. Нормално е тоа?
Комбинирам. Ќе ја ставам на града, де се лигави, де цица, па ќе заспие....си седиме и молиме на града едно 45 минути и на крај пак сме гладни, па ќе и додадам 30 мл ад. Тоа еден оброк. Па нареден само ад. И така наизменично.
Браво, и тоа се важи. Можеш да молзеш и еден оброк ад да замениш со молзено мајчино. Кога ке порасне уште малку ке има повеќе сила да влече. Моја блиска има позитивна приказна од ад целосно да се префрли на доење со прематурче. Нека ти биде инспирација да работиш на доење. Со лесно мајка.
Да, напорно е, бебе пишти вришти, јас го држам на града, ме фаќа жал ама мора така. Многу малку измолзувам, но да така правам. Собирам барем 40 мл и тоа и го давам како дополна после цицање. Обавезно морам дополна после цицање, оти малку влече.
Кај предвремено родени бебчиња е така. Доењето и кај навреме родени знае да биде предизвик, ама кај мали беби е уште уште потешко. Ако не ти е пренапорно молзи ноќе, тогаш има најмногу млеко. Провери ги советите на @Kaetana Доење со љубов дали е добра положбата при доење, прави компресии пред подој, молзи почесто да зголемиш лактација, пиј чаеви течности, одмори. Се што ке исцица е полно со антитела. Плус си има утеха и ужива во твојот мирис.
Мајки, имам рачна пумпа на Чико и сега сакам да земам ќеси за замрзнување на измолзеното млеко. Знаете ли кои одговараат на оваа пумпа и во која аптека ги има?
Така и си мислев да направам, фала ти на одговорот ☺️ Си реков ај за секој случај ќе прашам, да не има некои кои се соодветни за користење.
Мене ми кажаа дека било убаво да се пие чај за доилки 10 мин пред секој подој. Мада со бебиња што висат цело време на града(како моето во почетокот), тешко дека ќе успееш 10 мин пред подој. Јас пиев по 3-4 пати во денот.
Нормално е. Да ти дадам совет со доењето, бев во слична ситуација. Моето се роди на термин, ама со мала родилна тежина, како прематурче. Кој нема доено толку мало бебе, незнае колку е тешко и предизвик да се дои тоа бебе. Особено како кај мене. градите 3пати поголеми од главата негова ми беа. Мало, сила нема да влечи. Си мислам од 24часа, 20ч. ми беше на града. Цицаше малце па заспиваше, за кратко пак исто. Ми кажаа да давам ад, ама јас имав млеко, па молзев мое и му давам со шприц кога не сакаше на града а беше гладен. Секако на почеток пие многу малце. Сега е буцко хаха.. Те читав по темите дека се трудиш за доење, не се откажувај ќе си влечи повеќе како што расти. Храбра мама
Кога ќе ми текне. Најмногу 3, но еден обично ми е доволен. Па не е нешто вкусен. Како другите, така и овој.