Леле исто пробував баш пред некое време со потешки лекови, за се пишеше низок ризик. Незнам колку е сигурна странава или лековите се вистина со низок ризик
Јас знам дека фармацевтските производители на лекови у принцип не баш прават студии за сите лекови како и дали влијаат на доење и бременост. А овие од странава наводно прават истражувања и врз база на тоа се податоците. Е сега на кого да му се верува . Ама секако најубаво е да се избегнуваат општо лекови
Мајки, ве молам за совет или искуство со следново. 14 месеци се доиме и од нигде никаде на десната града ми се појави одвај воочливо "мозолче" на брадавицата, пропратено со болка. Не знам дали е блистер, затоа што еве неколку дена поминаа и состојбата е иста - при доење боли. Најмногу затоа што фатот на синко, односно стисокот баш лежи на тоа делче каде што се појави нештото. Фактички со запчињата притиска баш на него и го прави доењето неподносливо болно. Толерантна сум на болка, па почнав почесто да го дојам на неа или да почнувам подој на неа со надеж дека ако е блистер ќе се среди, а и мачкам Пурелан, меѓутоа подобрување нема. 4-5 дена е вака. Забележав на два пати после подој ептен малку, значи капка, водичка. Ме боли и кога самата го допирам, само на тоа место од брадавицата. Буквално како мозолче е, при што ноќва забележав дека тоа што беше како "бело врвче" го нема и сега има повремено пецкање. Навистина не знам што може да биде. Прочитав сешто на веб и чудно ми е да е блистер затоа што не сме на почеток со воспоставување лактација и слично. До душа, каналче може да се затне секогаш, ама се чудам што е и не знам како да постапам. Ќе ја тагнам и @Kaetana со надеж дека ќе види. Инаку од новини со доење нема ништо, се правиме како и досега, единствено ново е што се вакцинирав со Фајзер сега скоро, ако значи нешто.
Мајки што се породиле царски, после колку време ви почнало да тече млеко? Јас цела недела имам едвај капки хаос
Блистер е. Пребарај ги на лупата моите мислења за блистер, имам многу пати пишувано. Без разлика дали си на почеток со доење или не, блистери се појавуваат во било кое време. @Lolipop796 без разлика како си породена, надоаѓањето на млеко е индивидуално. Некои после царски имаат млеко за 2 дена. Само бебе на цицка постојано и ќе ти надојде млеко. Не гледај на саат. А-закенка ти одма ставај да цица.
@Lolipop796 и првото и второто ми се царски со двете ми дојде млеко вториот ден клострум веќе од третиот имав млеко.Со двете од болница излеговме со повеќе килажа од родилната.Со второво имав 3 цимерки а сите тазличноним дојде,едната петиот ден на оденје дома едвај по некоја капка имашее.Ставај го нека влече нека стимулира.Ке ти надојде.На другарка ми од ко си дојдоа дома после неколку дена и надојде убаво млеко.
Ве молам за совет..10дена веќе оородоена,млеко ми капе од градата додека бебе цица на другата..Значи,моја претпоставка е дека има млеко .Бебе го држам на гради мин 40мин и пак нервозно бара цице..Нудам во ист момент после тоа 40мин доење ,АД формула,и ги пие 60мл без проблем..Каде грешам??Зошто не и едоволно моето млеко,толку формулата?(да напоменам,формула како додаток 3x дневно давам бидејќи падна ма колажа)
Тоа може да стои на града а да спие и да не цица. Ставај го почесто на града и гледај дали влече и голта. Мислам дека шише му е полесно и станува мрзливо да влече на града. Јас би ти предложила да пробаш да го дохрануваш со твое молзено млеко. Јас така правев, ама првите денови, давав со шприц. Само мое мислење, секако сама одлучи што ќе правиш.
Ајде вака. Прво саатот заборави го! Волку толку минути не е битно. Битно е за време на подој да следиш дали активно цица т.е. голта, ако дреме на града прави компресии, откачи го па пак врати го. Многу сте на почеток и на почеток е нормално да сакаат да се цело време малтене да се на града. Мали желудничиња, они мали немаат сила да влечат убаво. Број 1 правило е дека колку е бебе почесто на града, односно колку повеќе ефективно ги празни градите - повеќе млеко има мајката. Заследи го профилот на инста doenjesoljubov, има многу корисни совети. Исто така ако имаш проблеми било какви можеш да ја контактираш Јасна од Здраво бебе.мк. Продолжи така мами, биди упорна. Ќе го тргнете и ад по некое време. Ти посакувам успех
Мајка и ние сме на комбинирано од старт. Не сакаше да цица, ем што немаше сила, ем што имав рамни брадавки. На почеток бевме со 8 оброци ад после секое цицање и до крај ги пиеше. Јас бев упорна. Наместо ад се молзев и му давав и така сигнавме на 3-4 шишенца. Сега веќе има денови кога не сака да пие ад а цице не одбива. Пиј чај за доилки, секој ден одмолзувај се ( јас првите денови и по 5 пати се одмолзував) јади често и земи лактил капсули. Но, не се обвинивај ако даваш ад, најважно е што бебето и си цица а дохраната е за да не биде гладно, нема нешто полошо од тоа да е бебето гладно и нон стоп да плаче. Ние сме скоро 4 месеци и супер си тераме
Исто ќе прашав и јас... Јас пијам по две Б6 од 20гр и плус магнезиум. Ми делува колку толку ама и јас сакам нешто појако посебно кога сум пред ПМС
@Emotional123 незз за што се работи,зборни со матичната да ти даде совет.Јас само што се породив по неколку дена почина мајка ми,ми дозволија да се напијам дијазепам. Ама не се напив испив дупла доза б6.Чај од маточина,лунебра… не ми текнува друго.
При температура 37,9 што се превзема? Јас се напив парацетамол, ибупруфен помага ли при температура? знам дека и него смеам да го земам. Инаку ме боли едната града, не многу ама сепак боли. Грутче нема, бејби си пие од двете гради најизменично, можно ли е да е поврзано? Или сум измрзнала со гола половина при доење?