Лани во бременост бев на ехо и ми кажаа за една година да дојдам на ехо и мамографија, као не смета, ама кога отидов сега на преглед останавме само на ехо, па за една година да дојдам на мамографија. Е сега, ако е нешто итно/на ехо има сомнеж, би правела.
Ти надоаѓа повеќе млеко најверојатно. И мене исто тој период кога беше бебче качив тт и ме болеше едната града. Ден два и немав гајле. Парацетамол и бруфен можеш по едно на 4 саати. Ако не ти помине до утре задутре оди обавезно на лекар. Можеш и зелка да стаиш на градите.
Ти благодарам до небо, нека е тоа да лапка повеќе бејби... се фрлам на чаеви, супи и свежо тушче се надевам ќе помине побрзо.
Нема проблем мами. Мене на 2 пати така ми се деси, еднаш коа бебе беше 3 недели и еднаш на 6 недели. А може и 3ти месец коа ќе биде да се деси. До тогаш се воспоставува лактацијата.Во тие периоди се зголемува побарувачката на млекце и може вака да реагира организмот со покачена тт и болка.
Мајки, сакам да се консултирам со вас. Од следната недела поради обврски од 3 до 6 часа дневно, најверојатно 4 дена неделно нема да можам да сум со бебче, па нема да можам да го дојам. Дали мислите дека е подобро да почнам да се одмолзувам, па тоа да му го давам додека сме одвоени или сепак да почнеме да комбинираме со ад во тие денови? Да не ми се намали млекото ако комбинирам?
Ако не ти е средена лактацијата молзи. Нема ништо подобро од мајчино. И додека си таму молзи, мене кога скокаше подои синко градите ми се правеа камен. Ад е опција ама јас не би ја одбрала. Секогаш постои шанса да се одбие и да ти се намали млекото.
Најпаметно е да одмолзуваш ,секое скокање подој може да значи намалување на млекото ,не мора ама може . Вака ем со самото одмолзување даваш знак дека треба да се зголеми лактација ем и детето си прима мајчино млеко
Ве молам за помош, бебето ми е настинато и последните два дена послабо цица, ама цицаше некако. Последно убаво цицаше кај 1 пред 6 сати значи, од тогаш нудев многу пати не сака, плачи ме турка, не сака да фати воопшто. Се плашам, не сум користела ни пумпа, ништо такво немам дома, не фаќа ни шише, што да правам луѓе како да цица пак бебето. А денес веќе гледам е малку поарен ама не сака да цица.
Не е воспалено, доктор го следи секој ден. Вчера беше прегледан, немаше црвено грло, а и тогаш одбиваше. Плус пие антибиотик веќе, не знам што можи да е проблемот многу сум загрижена.
Мора да се одмолзиш мајка ќе си направиш проблеми.Ако бебето не сака града пробај со шприц или хартијна чаша или пак нуди шише.Ама за тебе мора да се одмолзиш.Можеш и рачно треба да видинш како на јутуб или купи си некоја рачна пумпа.Тие се поефтини.
Ако се одмолзувам како да го чувам млекото? Директно во шише да се одмолзувам? Како да знам колку мл млеко треба да пие бебето и на колку време? Нема да успеам знам, наеднаш ова дојде некако
Ќе успееш мами! Нема откажување. Ако се молзиш рачно најубаво најубаво во некој широк и длабок сад пошо шприца на сите страни. Колку ќе измолзиш толку ќе му дадеш на бебче. Инаку млекото можеш да го чуваш на собна 4 саати, во фрижидер до 4 дена, во замрзнувач 6 месеци. Ако замрзнуваш можеш во чашки за урина стерилни како најекономична варијанта. Контактирај ги или Јасна или Наташа доење со љубов за совет и помош. Ќе успееш сигурна сум биди силна и упорна
За со рака немам идеја, ама ако имаш пимпа таа самата си оде со шише.Го чуваш во стерилни кеси или стерилни чашки, теглички што имаш.Млекоѕо на собна температура стои до 4ч.Во фрижидер 24ч, а во замрзнувач и до 6 месеци.Ќе пробаш оример со помалку млекце па ке му додадеш ако уште сака. Ќе се снајдеш мајка ништо не е комплицирано, ама измеѓувреме нуди пак града.
@kostovaivana @Ava.84 ви благодарам за советите . Пред 1 час успеав да го надојам од десната града убаво ја исцица. Сега пробав и на левата дека ми е полна, малку цицаше ама изгледа не е гладен се тргна по 2 минути. Ама мислам дека ќе тргни на подобро работата. Се надевам нема да ми требаат советите и да си се вратиме на доење како претходно.
Мајки изедов цела пица со кулен, имаше бајаги кулен... Може ли нешто да штети на бебе? Одпосле ми текна
Мамографија не е пожелна додека доиш. Имаш некаков проблем? Дали му е затнато носето? Најчесто од оваа причина одбиваат, така што најдобро решение е пред да цица да ставите капки и по потреба да извлечете со аспиратор мрсули. Веднаш полесно ќе цица. А зошто ви дале антибиотик ако нема црвено грло? Немаш фрка, уживај
Затнато му е ама не до толку да не можи да цица. Му го чистам цело време. Антибиотик за воспалено уво ни дадоа. Со денови се мачеше без, барем нашата докторка не дава антибиотици како бонбони