Некој совет како да се намали болка во гради? Не знам што е работа, имам страшно печење во гради константно. Не дека ми се преполни, друго нешто е. Ова ми почна од кога ми почнаа симптоми на ковид
Не е до ковидот. Јас немам ковид, а истото чувство на пецкање го имам. Ако знае некој нека кажува чаре.
Ако сте двете во први три месеци на доење можно е да ви се полнат и на доаѓањето да го чувствувате така како пецкање ,ако пече само една страна или една жлезда може да е застој или ако е само на пупките може да е кандида ...
Колку долго цицаат вашите бебиња? До сега не сум мерела на саат, некогаш си цица кратко, но повеќе пати со паузи од 5-10-15 минути, а некогаш цица асално, наеднаш и заспива на крај. Прееска цицаше едно 5-10 минути пред бањање оти беше нервозен, па откако го избањав во 8 си продолжи и од тогаш не е престанат. Значи веќе саат време трае ова. На моменти се трга, ја влече градата, се лути и веднаш пак почнува да влече. Се плашам да не ми е намалено млекото.
Мојот активно цица 5-10 мин. Активно мислам со голтање. И најчесто кога е готов се трга, а знае да завесла ко што викаш и саат време (многу ретко) ама тогаш мислам дека не пие туку само шмука на празно. Ваљда имаат различна техника на влечење кога тече млеко и кога не тече
Пребарај за cluster feeding честа појава кај новороденчиња. Не мора да значи дека ти однемува млеко, најчесто се јавува навечер и бебето е нервозно ако не е на града, а кога ќе му дадеш да цица се смирува. https://kellymom.com/parenting/parenting-faq/fussy-evening/
Pa imam edno topce mislev ke se izgubi ama eve go uste e tuka pa da vidime sto e bebe e skoro 6mes. Mi se pojavi po poragaj koa bev mlekara na najjako
Мене денес педијатар ми рече дека мајчино млеко било за деца што немаат заби. Пред некој ден заболекар ми рече дека на едно запче имало почеток на кариес како последица на продолжено доење. Да сум ја одбиела одма ми кажа. Иначе 15 месеци е малата. А толку сакав барем до пред втората година да ја дојам. Ми го уништија ентузијазмот.
Наташа doenje so ljubov баш скоро имаше пишувано на стори за ова. Ако добро се сеќавам, пишуваше дека не е проблем да се дои подолго. Не можам да ги најдам сторињата, ги нема зачувано изгледа. Пиши и лп на инстаграм.
@Oneo Запознаена сум со тематиката. Ја имам читано и неа доста. Кога го слушам ова од свекрва, тетки, стринки, комшивки и сл. не ги ставам на ум воопшто оти знам штом тоа го зборат дека немаат поим од темава. Ама доктори кои специјализирале во детски области да го кажат тоа... мене тоа не ми е јасно. Друго што не ми е јасно е, повеќето деца после одбивањето продолжуваат со кравјо млеко (или некое друго животинско млеко) или формула, зарем само мајчиното млеко е непогодно за поголема возраст. За другите млека треба заби?? Или пак тие се покорисни за детските заби и воопшто не штети пиењето од шише? Лудница значи...
Ако цица спиејќи може да се доведе до кариес се задржува млекото на забите, непроголтано да спие со циц во уста. Истото е и со шише ад. Ама самото мајчино млеко нема врска со создавање на кариес. Го читав негде ова ама не ми текнува каде кога барав за хигиена за заби кај бебе... да прочачкаш низ нет сигурно ќе најдеш веродостоен извор.
Точно. Ако мајчиното млеко е штетно што со цуцлите тогаш? Зарем сите деца што се доено долго имаат проблем со забите? Не верувам. Јас на твое место не би го одбила, некако не верувам дека е точно. Би побарала и второ мислење. Сега сите кажуваат доете ги децата подолго, заради имунитет. Ти си знаеш најдобро за своето дете секако.
Ако бебе е долго време на града и покрај цицањето цуца во празно може да предизвика болни брадавици и тврди, може и да пецкаат и чешаат и се поцрвени. Тоа е од птијалинот ензим од плунката кој е многу силен.. Не е страшно само кога ќе приметиш дека долго цуца во празно тргни ја градата, така правам јас обично преку ден така ми заспива па веќе е заспана и не се буни.