Да во право си и не ми фати лазачка иако 10 пробав веројатно се задржува на града се смирува. фала на одговор
Кариесот не и е од доењето туку од цврстата храна.Од доењето не се добива кариес бидејќи брадавката е скоро до грлото и млекото не ги фаќа забите. Цуцлите не се пријателски настроени за забите, затоа и сите препорачуваат чаша наместо шише.Исто и ако детето шмука прсти.Инаку индустриските производи сите содржат шеќер и сигурно се поштетни од мајчиното млеко. Уште нешто што добивме ние како совет од стоматологот.Благото не е страшно ако го јаде сега па и 1кг и толку.Страшно е детето ако јаде цело време.Мојата еве 5год и јаде на секој 1ч .Тоа не е добро.Треба да има точно 3 оброка и 2 ужини. Нема потреба да слушаш прави си како тебе ти одговара. Некогаш и стручните не се толку стручни.
Било благо и содржело одредени киселини. Таа заспива цицајки но без да ја држи градата во уста и без млеко задржано. Не планирам да ја одбијам. Знам дека има доста придобивки а и да ја одбијам ќе треба алтернатива да и најдам, или кравјо млеко или формула што мислам дека нема потреба во овој момент. Мојата не јаде благо воопшто ама пак цело време си апнува по нешто, нема одредено време за оброци. Може и до тоа да е. Ви благодарам .
Mie sme 10 dena i cica malata ama nekaku mallu mi ide ne se budi na 3 sati jas ako ja razbudam cica pak zaspiva noke samo 2 pati nz a koga cica cica na dvete do kraj pola sat ide cica dali da ja budam pocesto nz
Буди ја, не ја оставај повеќе од 2,5-3 саати мала е уште и пази да не има жолтица па ради тоа да е успана.
Да, фала му на Бог, од вчера попладне е веќе подобро. Со тешки маки и борби успевав да цица по малку да се празнат градите претходните неколку дена. Навечер во спиење нудев често, кога ќе фатеше, кога не, ама успеав без молзење. Требаше да биде ептен расположен за да се залажи да фати града (некогаш и така не сакаше), во друг случај ме туркаше со цела сила, ја вртеше главата и плачеше. Шанса немаше да му подметнам никако. Можно е покрај настинката и во скок да е, па комбинацијата од двете беше ужасна, ама си викам дека помина веќе. Фала што не помисли
Со првото дете ни еднаш не ми се случило вакво нешто, и настинат и во скок и во што и да беше си цицаше секогаш, се одеше како подмачкано. И со ова сега до сега одеше добро, си сака многу да цица немаме проблеми и не очекував сега после 6 и нешто месеци вакво нешто, не бев спремна, ме фати паника ама добро е, помина..
Ne i vo bolnica dodeka.bevme ne ja imase i sega ne ukazuva jas ja budam na 3 sati da cica menuvam pelena i pak spie
Незнам дали е прашањето за тука ама не најдов соодветна тема....од денес како да имам болка под мишка во долниот дел т.е. под мишка кај што започнува градата. Исто така и како оток има под мишка тој дел. Што би можело да е? Кај да се обратам незнам? Уште ова ми фалеше
Ништо страшно, јас во бременост имав, и сега кога дојам чат пат имам, бев на ехо ок е. И тие жлезди си работат во создавањето на млеко просто кажано.
Пред два дена се ревакцинирав, па си викам да не е од тоа...пошто отокот и болката е под пазува а не на града. А ехо кај може да направам?
Здравo....need help! Полн месец веќе сме,супер напредува во тежина,само доење... Но, јас доручек ручек вечера и ужинки редовно запазувам иако осеќам дека сум фул и само без апетит јадам и јадам Како ви се оброците? Ако не внесувам со овој интензитет ќе се намали ли продукција на млеко? Искуства?
Не мораш да се форсираш ако не ти се јаде толку. Гледај само да внесувааш разновидна здрава храна и да имаш барем 3 оброци макар помали. И секако многу вода и течности. Нема да ти се намали продукцијата на млекото ако намалиш со храна. Битно е само да не се изгладнуваш и да си хидрирана. Јас пример јадам 2 оброци- доручек и ручек и една ужинка измеѓу. Ретко вечерам. Ама ручекот ми е покасно и пообилен.
Јас со нередовна исхрана, да не претерам ама по еден оброк од нога денот првите месец-два, млеко имав за 3 деца да дојам. Секако дека не препорачувам да се изгладнуваш, само сакам да кажам дека кај мене не влијаеше нејадењето врз продукцијата на млеко. Ама па многу течности пијав, конкретно вода и бистар сок од јаболко. Како што ти кажа и Ивана, гледај да внесуваш разновидна исхрана и да имаш редовни оброци. Не се тупај со сила.