Имај си до тебе секогаш јогурт, млеко, кисело млеко или сурутка.. Така правам јас.. Си доручкувам најчесто овесни снегулки со овошје некое , имам ужинка , ручам и вечерам понекогаш, како што кажа @kostovaivana разноврсна исхрана, од сѐ по малку. Течности многу и во изобилие.
Ако не ти се јади толку, немој сосила да се форсираш. Еве мене бебе ми е 3ипол месеци и досега ретко кога сум имала доручек, ручек и вечера. Не дека сум за фалење, али за доручек и од нога поткаснувам нешто бидејќи најчесто сум сама со беба, ручек обаврзно нормално, а вечера скоро и никогаш, како ужинка имам благоо и благо само Ама течности па внесувам премногу, вода посебно и чај. Сок ретко. Ноќе по 1.5л пијам само А млеко имам машала
Бебето ми е 20 дена и е само на доење.Денеска бевме на контрола.1200 грама накачила .Докторката рече дека ова е премногу напреднато.И да ја ставам на режим да цица само на три часа.Измеѓу да давам цуцла (ја плука).Не ми е јасно како бебе од 3 недели да ставам на ред за цицање?Плаче премногу ако не и дадам да цица.
Моево е 3++ па ако не и дадам да цица плачи корни, а не толку мало И од други мајки тука бебинњата повеќе од просекот им напреднале па пак си се супер. Мислам од @Oneo бебчето беше така. И на секакви испитувања го носеше. Sorry @Oneo ако не беше ти
Кажете чаре веќе се нервирам...кога цица бебе дали легнато или на раце да ми е, ја врти главата на долу ако е легната надолу ја пика главата во кревет ако е на мене со градата ме трга надолу и како нервозна е ,5 месеци сме вака се понаша само од десната кога цица од левата поретко прави вака.
Глупости ... Па нормално е првите месеци да качува килажа и моето исто беше првите 2 недели 800гр имаше качено , педијатарот ми рече супер е продолжи да го доиш Сега па леле не качува на килажа давај му и дохрана
Глупости . Како 1200г е многу? Од 500-1500 се смета за некој нормален просек на качување на килажа месечно. 1200 е сосем таман! И не, на бебе што е на екслузивно доење не треба да му се прави 'ред', треба да си цица кога и колку сака! Исто како ние што јадеме кога сакаме и некогаш повеќе некогаш помалку. Уживај, продолжи си како до сега
Па не планирам да си го правам бебето нервозно оти е гладно.Колку сака нека цица.Навечер спие убаво се буди на 2-3 часа.Е преку ден некогаш знае и на пола час да побара.
Ние сме скоро 4 месеци, па некогаш преку ден исто знае на пола саат саат да си побара. Ќе цицне малку па ќе си ирга и после пак да се доцица. Све е тоа нормално. Си знаат они
Е жити се, која докторка е? Шо им е бе со советите јаооо Башка трето ти е, не прво, па ај памет ќе солат. Нека си цица бебе кога сака, после коа ќе почне да протестира со цврста храна ќе ти попува па да форсираш доење. Цуцлата не дава утеха и топлина како мама..
Леле само што читам и се нервирам Исто ни се случи, само моето продолжи да напредува многу и другите месеци. Роден 2520гр. на 1 месец имаше 4кг. на 2м. 5500гр. 3м.-7кг. 4м. и 1недела денес ваган има 8550гр. Уште првиот месец паники зошто толку, па ова не е во ред од еден педијатар прво. Нареден месец и од друг. Да напоменам дека истите овие педијатри ми викаа задолжително да давам ад, мало бебе не напредува само со мајчино млеко Се загрижив многу, па ајде испитувања. Се испадна супер и ми беше криво зошто си го мачев бебето цело време по болници, боцнат преку 4-5 пати во една недела за крв, замисли кое плачење беше. Исто ме советуваа да не го дојам на помалку од 3часа и да го играм ако плачи. Епа дојди ти играј бебе од 1месец кое е гладно!! Сите знаеме дека не секогаш цица иста количина на млеко. Па ако тој се напил на пример две голтки, ќе прееегладни дури да дојдат да поминат тие 3ч. Да докажам за нас. Сите резултати супер, крвна слика одличнаа. Си продолжив како и до тогаш да го дојам, кога сака и колку сака. Сега е голем и ни сега не го заигрувам ако му се јади, му давам одма. Уште ми кажуваат бил буцко, имал килажа за 1год. и незнам ти што. Јас го гледам дека е буцко, но што да му правам, да го изгладнувам, на диета да го ставам а пие само мајчино млеко, ни вода ни чај нема пробано. Се запишав,ама ова со килажата ми создава главоболки на секое одење на педијатар. Најдобар совет добив од Наташа, доење со љубов,дека доено дете не е дебело дете, само ја конторолира количината на млеко. Кај вас можи и само 1м. да е толку, после да напредува помалце, но секако немате проблем, нека си пие млекце и нека си расти душичката
Бог да чува. Моето од испис во болница до денес, со поминати 25 дена е 1 500 поправено. Докторот ми вика дека е одлично, и е нормално да напредува повеќе штом е на ексклузивно доење. Друга докторка ми рече да не му давам града одма штом ќе побара, да пробам чај да му давам. Пробавме со чај, се почувствував како да го измачувам, како да си го лажам детето. Примети веднаш и се расплака, сите 5голтки ги исплука. Веќе не пробувам, му давам да цица кога сака, не сакам нервозно да ми е. Плус, кога си има мака само на града се смирува, ни шише ни цуцла не може да ја замени таа утеха и топлина.
Хахаха и мојот така прави. Јас мислев единствени сме Во кревет како да нурка прави и се нервира зошто не нашол цицка. Во раце тегне надолу, ми ги мириса пазувите. Решение не знам хахаха..
Па со тие идеи подој да замениш со чај или вода, не ми се возможи педијатриве. И што ако го испие чајот, демек нема да е гладно ?! Мора ли сите бебиња да се исти?! Прашања кои ме мачат
Да се тешиме останува дека не сме единствени хаха Тие се нервираат и ние заедно со нив можда им е период некој нервоза ги фаќа
Ми вика ууу ти мн упорна со доењето . И спомнав дека хрчи со носето и повраќа низ нос,вика епа тоа е дека ја прејадуваш Ок.Следна контрола кај Фиданоски ке ја носам.Он секако требаше да ја прими ама изгледа со корона е дека две три недели не иде на раб.