Леле прв пат читам за ова. И моево хрчи а нема мрсули сега (предходно имаше) матичната вика тоа било засушени мрсолчиња, не ми спомнала вакво нешто. Значи да си го вакцинирам ако е така
Синко имаше секрет и го влечев со аспиратор. Прашав и матичната така ми објасни. Вели многу е често кај бебиња со царски. Вакцинирај го редовно. Една му ја одложив на синко заради анемија и ептен тешко му беше, нозете го болеа бидјеќк одеше.
Ја одложив 5валентната едно немаше 5кг, а друго тогаш баш имаше мрсули и му ги влечев. Ротата ми рекоа не се одлагала, се примала само тој некој си период од 10 дена, така да нема да ја прима. А сакав
Здраво мајки. Бебето ми има 2 и пол месеци и има ландида во устето и јас имам на градите. Два пати му давав капки нистантин и јас со истите капки се мачкав на градите ама штом прекинам да давам капки за два до три дена се прави со бели точки во устето пак највероватно кај мене не се лекува на градите. Каков крем смеам да ставам јас на градите? Дали канестен е дозволено? И дали да давам пак нистантин со оглед на тиа дека пред 3 дена прекинав со давање а и давав 14 дена со два дена прекин 6 дена давав па два дена пауза и пак се појави и уште 8 дена и давав сега 3 дена пауза и пак денеска има.
Majki vie sto ste samo na doenje koga go doite bebce dali posle gledate da pominat 2sati ili na pomalku od 2sati mu davate da cica.
Едно време гледав на саат да и давам на 2 саати ама некако се лутеше нервозна беше демек сакав некој ред да и воспоставам со цицањето што не е можно па така сега сме 5 месеци и давам кога сака колку сака не гледам на саат,пред излегување цица па кога шетаме знам и после 1 саат да и дадам малку така да правило нема
Кога сака колку сака. Ако не бара повеќе од 3 часа нудиш сама. Ако има жолтица форсираш на 2 часа дење ноќе да се исчисти побрзо.
На 1,2,3 часа. Различно секогаш, најчесто на 2часа. Сега 4месеци има, не бара и по 4-5 сати некогаш. Многу сменуваат од недела до недела.
Мамички, верувам дека повеќето од вас имале маститис.. пред некој ден на левата дојка имав огромна грутка која одвај ми помина со парацетамол, масирање, зелка, и топла вода.. Но одтогаш некако како да ми се намали млекото, бебето ми има само 3 недели и од 3 сати веќе почна да бара на секој сат, сат и пол доење.. Како да проверам и што да превземам ? Да е од шише ќе можеш да водиш евиденција колку испило, а вака ништо не знам .. ве молам за совет
Маститис сум немала до сега ама за бебето да бара толку на брзо да цица јас мислам дека е нормално. Мало е уште за да стои гладно подолго време. Моето тогаш на пола сат-сат бараше. Ако си сигурна дека имаш проблем најдобро советувај се со Јасна Апостоловска или Наташа doenje so ljubov и е профилот на истаграм.
Фала,ќе ја побарам. Проблем имам сигурно, сега на другата дојка и топче ми излезе..на малото му дадов прихрана, а освен кај Александар Ристевски во плодност не знам кај кој друг да отидам а да е исто добар. Овој немало да е на работа до 11ти
Советувај се со Јасна или Наташа онлајн за побрзо. Ќе ти дадат совети, ако треба ќе одиш после на доктор. Со лесно
Мајки, тие што се одмолзувате, дали знаете отприлика колку млеко ви пие бебуш? Сега како за почеток само еден оброк му е од шише, 100 гр ги пие како ништо и после 1час пак е гладен... А ќе треба минимум 3 часа да сме одвоени во наредниот период. Не знам колку да одмолзувам за да му стигне. Инаку 1 месец има.
Koga i da saka mu davam da cica. Pred da izlezeme na shetanje cica ako saka pak i koga sme izlezenii mu davam da cica.