Мајки незнам дали има уште некој ваков случај но бебче од комбинирана исхрана на доење и ад се одби од шише. 4++ е и сега веќе недела дена сме само на доење. Ми воведоа ад од почеток бидејќи малото не сакаше да цица но после две недели почна и постепено намалував ад но не очекував дека скроз ќе го изфрли. До сега напредуваше во просек по 1кг но сега бидејќи сме само на доење страв ми е како ќе напредува. Го мерев на домашна вага и некаде 300-400грама напреднал за две недели. Дали е тоа доволно? Исто и за пелените... после шишенце знаеше да се измочка и цела пелена да ја наполни. Сега после подој ја полни до пола. Во просек имаме од 6-8 пелени некој повеќе некои помалку полни. Кака еднаш на ден или еднаш на два дена убава жолта кака. Како да знам дека не е гладен? Мислам дека повеќе и психички ме оптовари педијатарот дека немам доволно млеко и сега сум цела во прашалници, се мислам и кашички да воведам а весел е, не делува гладен само што си бара да цица на сат време и во просек по 10мин ни трае подојот. Јас се изнапишав реферат но ќе ми значи да ми споделите некое советче вака како искусни со ексклузивно доење
Немам искуство со ад, сакам само да ти дадам поддршка, оти сметам дека по ова шо кажуваш бебче не е гладно. Мојот е 2 недели постар, цица 6-7 пати дневно, исто 10тина мин. Полни во просек 5-6 пелени дневно со мочка и обавезно 2-3 кака (ама какач си е од секогаш, инаку на доење е нормално и до 10 дена да не се кака). Не ми е мерен последниов месец, ама по моја проценка има качено 500-600гр, претходни месеци секогаш повеќе од кило. Ти кажувам за паралела, јас мислам дека е супер.
Сетоа ова што го напиша звучи во ред, дека супер напредува. За кашички почекај, тие нема да додадат на килажа, бебето првите месеци од дохрана со цврста храна само учи да јаде, главните калории сеуште ги зима од млекото.
Моето бебе направи вака на околу 2,5 месеци, имав мака уште неколку недели додека не се зголеми моето млеко, после се стабилизираше и остана само на доење. После 4ти месец помалку качуваат килажа, и ова 300-400гр за две недели е ок. Сега е скоро 7 месеци почнав пред 2 месеци со вкусови и полека оброк, но ептен споро оди, така да млекото е уште главна храна и така е до 9-12 месеци додека не почне да јаде убаво.
@IRBBB @Kitten @LjLj фала ви многу мамички Ми значат вашите совети Малце сум исплашена како ќе тераме но мислата дека мајчиното млеко е најдобрата храна што можеме да им ја дадеме ме тера да не се сомневам толку во себе. Се надевам ќе напредуваме добро
Da ne se povtoruvam go delam mislenjeto so drugite. Moeto e samo na doenje 6mes so poveke od dovolno mleko od start i posle 4 mes pomalku kacuvaat na kilaza sekwko taka da super str
Имаше и моето и најверојатно и јас на градите,ќе си раствараш сода бикарбона во превриена вода и со стерилна газа на прстот ќе и го чистиш устето убаво секаде каде што има белко,исто и ти ќе си ги пребришуваш градите.
Бебе 3+ не сака да цица денес. Читам низ темава дека е нормално ама скокот 12та недела помина. Не се лути, мирно е, го земам да цица ама муабет ми прај или цицне и се тргне и му тече млеко по образите ко да не сака да го голта. Некој утешителен збор?
Кај сите изгледа исто се случува. Точно после 3м. мислев ќе се одбие. Уста не отвараше да цица. Седеше и до 6часа гладен. Јас прво го заспивав и полу успан го става на града, си цицаше така. За кратко се врати во нормала.
Само моево со душа чека да цица изгледа 4 месеци најдобра другарка ни е градата Добро сега поретко бара отколку на почеток, али секогаш си цица нормално
Мојот не се делеше ама почна да сменува. Надвор нема шанси да се доиме или ако има некој друг. Таму гледа и цимоли за цицање. Се му одвлекува внимание
И другарка и е иста. Еве четврти скок со цицката го поминуваме. Преку ден не толку, си цица нормално ама мора да сме сами јас и она у тивко и затемнето, иначе а шушне нешто одма се врти да види. Ама ноќе надокнадува ја бара на саат ипол 2 некогаш
Мајки помагајте. Едната града од долната страна ми гори, жештини големи. Болно на допир но нема грутки. Ја празнам редовно, бебе цица и одмолзувам малце. Покрај болката и жештината чувствувам болка во мускулите. Температура немам. Дали е можно да имам мастит ? Што да направам??
стави зелка, исчукај ја малце и стави. Менувај кога ќе престане да лади. И масажа со топол туш, сапунче и нежна масажа. Празнење не ти кажувам пошо знам дека празниш. Пробај вака и следи ситуација. Со лесно и утре да ни пишеш дека си ок
На зелка ми текна ама немам моментално дома, а незнам кај да барам ова време. Сега мерев, имам и температура 38.5 Ациди борициди и лепенки за температута имам дома, да ставам нешто од нив ?