Не цица помеѓу оброци? Некако мала е за да има само еден подој и три цврсти. Јас не би дала Ад, туку би понудила и во друг термин освен пред спиење.
Пробај во раце да ја држиш, а не легната на кревет. И моево од скоро одбива легнат да цица. Ако протестира знам и да шетам низ соба дур цица и така секогаш сака.
Мојата е на ад, ама исто така не е по млекото. Едноставно не сака да пие. Дали 300мл испие во 24ч,ма ни тие не ги пие. Еве кутијата од 800гр ми е отворена 2 цели недели, трета почна и уште има од неа. Навечер пред спиење пие обавезно, а преку ден кога како. Цврсти оброци си јаде без проблем..
Па во раце станува уствари, ако е на кревет легната се фаќа за панталоните и се исправа, или ќе се сврти на другата страна и пее, само да не цица Само и само за заспивање или во сон, а меѓуоброк не сака никако...
Околу брадавицата ми се појави црвенило. Што може да е? Ноќеска цицаше околу 20-21 часот па после дури околу 4 часот и многу ме болеше цицката ама и многу ми се спиеше и продолжив да спијам. И што да преземам, лист од зелка немам.
Исто беше ќерка ми. Прв месец 1090гр, втор 500, трет 350, четврт 270гр итн... родена 2975гр, на 10ипол месеци е 7700гр здраво право бебе, на ексклузивно доење до 6ти месец. На сите контроли ни велеа се е во ред, едноставно малку качува на килажа, и тоа е во ред. Некои бебенца качуваат по 1,5кг на месец, некои по 300гр. Знам дека сто пати е повторено но ако качува на килажа, макар и 250гр а не стагнира или намалува, ако полни пелени, ако е весела, активна воопшто не треба да се грижиш.
Здраво, дали е нормално бебе од 14 дена повеќе да спие , стане руча и пак заспива на сабалје знае само да е будна околу 3 часа. .. За доење цицката не сака да ја фати цело време ја плука а млеко има доволно и мораме со шише... Дали ќе се научи да цица и нормално е толку да спие ?Не можеме никако да ја разбидиме да биде будна, ако е будна тоа е 15 тина минути и пак заспива ?
На мојата мислам дека до месец дена очите неможевме да и ги видиме, фамилиите бараа да им сликаме слики кога е будна, ама тешко се наоѓаа такви моменти, нормално е за толку мало бебе, потребен им е сон и храна за да растат, пробај расоблекувај ја за да цица, и постојано да ти е на града и да се успива и пак да цица се е тоа нормално. Сепак советувај се да нема жолтица, ако сакаш да продолжиш само со доење постојано нека ти е на града се додека не го усоврши цицањето, ќе фати, тоа е инстинкт кој го имаме со самото раѓање, на поголеми родени бебиња им е полесно на помалите потешко, ја на почетокот кога мислев дека е гладна и не влечи добро ја доранував со шприц,дека со самото шише им е полесно и затоа одбиваат да влечат од града.
Женички помагајте.Морам изгледа на операција на слепо црево.Ама по операцијата сакам пак да си го доам бебето.Што мислите дали е можно?Имала ли некоја мајка операција и после успешно да доела? Цел ден си плакам по бебето.
Ova so @Kaetana da se konsultiras. Jas vaka laicki razmisljam deka ako ne ti snema mleko nema zasto da ne dois post operacija ama valjda ke treba da molzis da.odrzis mleko tie denovi stoznam....stvarno na pamet pisuvam konsultiraj nekoj laktaciski konsultant. Znam vo Germanija ste sigurno imas nekoj tamu
Не можам да најдам каде е сликата за анестезии дозволени при доење. Само една или две беа со препорака целосно да се избегнуваат. Слепо црево е лесна операција ама не може со спинална кај нас. Ако може со спинална таму исто како царски да си имала, ке може да си доиш.
Да не плачеш мама. Обавезно да се консултираш со лактациски консултант, да ти помогне околу ситуацијава. А можеш да го доиш после секако, баш брзо читав дека после престанување на доење уште месец месеципол останува млеко во градите и можеш да го вратиш бебе на цицање во тој период.
Исто би те советувала да ја консултираш Наташа. Она мислам летово правеше операција, па споделуваше за доењето. Со лесно да поминува операцијата
Мајки фала ви за подршка.По 12 часа недоено бебе се молзев .Излегоа само по 2 капки од двете гради.Градите не ми се тврди.Мислам оти вода толку не сум пиела очекувам по операцијата да пијам и се надевам да се врати млекото.
Има некој користено вагиналети Neo Penotran Forte додека дои? Гинекологот ми ги препиша знае дека дојам, а во упатството читам дека не треба да се користат додека се дои
На многу лекови пишува така за доење и бременост. Ама ако лекар ги препишал и знае дека доиш, добри се. На сајтот пребарај дали се комптибилни, го има постирано неколку страни наназад.
Доколку не сте во тек, кај @Kaetana на инста има објави за донирање мајчино млеко. Криво ми е што оваа иницијатива се случува сега. Имав премногу млеко на почетокот, и добри 7-8 месеци молзев вишок. Со задоволство ке го подарев на некое бебе.