Не мислев на мед на бебе да се дава туку ти дали смееш да конзумираш? Да не се излачува преку млеко па да направи алергија?
Нема врска. Моето прифаќа се досега, и цуцла лажалка и шише. Ама цице си е цице, за ништо не го менува
Те сфатив тебе на што мислиш ама изреагирав на постот на >Nenna<, колку што разбрав она на бебето дала мед. Инаку јас лично не јадам мед, ниту во бременост јадев, ниту сега дур дојам, по совет на гинеколог и педијатар.
Дали ќе сакате да ми дадете некој совет околу доењето, може и во пп. Каква храна најчесто внесувате, што избегнувате? Дали имавте потреба од пумпа за измолзување итн...
Јас буквално 6 месеци сум на месо, риба, ориз и компир за главно јадење, овошје си јадев нормално, од зеленчук не јадев краставица, зелка, марула и домат и мешунки, а млечни производи не јадев воопшто до скоро. Ваква исхрана имав поради тоа што мојов бебуш имаше страшни грчеви до полни 4 ипол месеци, после почнаа постепено да му се намалуваат. Исто изгледа е интолерантен на лактоза, затоа што неколку пати кога пробувам да внесувам млечни производи му се јавува крв во каките,моментално пак пробуваме на совет на педијатар. Сепак, се препорачува разноврсна исхрана ако бебето не реагира на некоја храна посебно, за жал кај мене реагираше на скоро се. Пумпа купив рачна откако се породив, ја користев интензивно првите 3 месеци, сега ја користам кога треба да оставам млеко.
Ни цуцла сака ни па шише. Има нагон на повраќање од се. Една цуцла мислев ќе ја засака ама ништо. Сега веќе не нудам повеќе, порасна. Ако треба да пие нешто му давам од стаклена чаша. Јас јадам мед, незнаев дека не треба. Јадам се и сешто, никогаш не сум пазела на ништо. Тој не покажал знаци дека му смета нешто.
Јади си слободно се , доилка треба разновидна храна да јаде. Со некои потешки раб ќе пазиш ќе јадиш помали порции само , ако има претерани реакции ќе намалиш па и ќе избегаваш скрос. Ако не јадиш се неможи да знаиш дали му смета нешто , па да го избегаваш. И така и вака ќе има грчеви - ако има , а може и уопште да нема , минимални тегоби само. Исто и мед конзумирај си. Пиј чаеви за доилки , чаеви за грчеви ти и супер ќе сте. Бебо кај мене немаше мака со грчеви , имаше само 2-3 дена тегоби некои на околу 2месеца кога беше и толку. До 5-6м секоа ден давав пробиотик и јас пиев чаеви , мислам дека се тоа делуваше добро. А мојата исхрана од салам ни с немаше се јадев , пазев на одредени раб само , како грав , зелка .
Мене педијатарот ми кажа дека мед може да се јаде додека се дои, пошо секако повеќе од лажиче две нема да јадеш. А од толку малку не се лачи нешо посебно во млекото. За да би имало некаква реакција треба цела тегла да изедеш.
Јас покрај чајот од хипп зедов и лактил капсули од нив сум мн задоволна.Имав мн стресен период мајка ми почина и од стрес ми се намали млекото.Ама капсулите,мн течности бебе на града повеќе и успеавме да го повратиме.Супер си напредува и на ексклузивно доење сме.
Нормално е едната града да ми се полни повеќе? до сега 6 месеци супер ама сега како чудно ми е ,еден подој е од една страна другиот од друга кога цица од левата десната одма како да ми се преполнува и капи претходно не беше така
Бебешките ги зимав , Хип , бекутан , хумана . А за доилки Лакта Микс и на Хумана ги пиев , секоа ден.