Ај мала помош мајки... Ние сме на ад и помалку цицаме. Сега сме во 4 скок и се изгубивме во просторот. Цица само за заспивање, а шише нејќе да види. И подметнувам шише кога ќе се успие, ама едвај испива 50-60 мл. Полни пелени, каки има два пати дневно. А е плаче за јадење. Претходно се корнеше од плачење за јадење. Се плашам дали и е доволно. Пошто не знам колку исцицува. До сега не сме имале оброк пример самк со цицање за да знам. Млеко е знам колку имам, ваљда малку...пошто цицнува само за заспивање. Прашањето ми е.....колку време цицаат вашите цицалчиња и колку пати во ден.( корегирана возраст 4 месеци сме)
И ние сме скроз исто на ад и 2-3 пати вп денот доење (2 месеци сме) и без разлика колку исцицува, пошто појма си немам колку е тоа, секогаш му давам исто - 100 до 120мл на секои 3 саати отприлика. Израчунај колку пие во 24ч и дали е тоа доволно за килажата, ма да мислам дека вака во скок не е страшно ако 1 недела послабо пие. Можеш да мериш на вага или на педијатар за да видиш дали влијае непиењето на напредокот. Се надевам дека ќе се вратите во нормала побрзо.
Бебе е 8 дена, во болница ни рекоа да ја будиме на 2ч за доење, затоа што новороденче нема само да стане за цицање. Рутината ни е менување пелена цицање и после 2ч исто. Млеко имам и плус се измолзувам. Најмногу да цицала до сега е 15мин во подој, цело време е успана. По 5 мин цица и заспива. Како да знам дека е најадена? На контрола имаше качено по само 5 грама од ден. Ја соблекуваме, ја миеме, дури и ја скубнувам и не се буди. Мислам дека не е најадена. Ми доаѓа вага да купам и да ја мерам пред и после доење.
Малечка е, нормално е да спие толку. Моето спиеше скоро цел ден. Цицаше и пак си спиеше. Најадена ќе знаеш дека е по тоа што е мирна не плачи, полни пелени. Договори се со педијатар да ја однесеш повторно после неколку дена или една недела да ја вага.
Ќе одам за една недела на педијатар ама до тогаш ич не сум мирна. Скоро на секое пресоблекување е мочкана какана, ама 5 мин цицање нели е малку. Не знам ни јас колку да форсирам, да ја будам на 1ч си викам.
Времето на цицање нека не ти биде мерило. Еве мојава од кога е родена цица по 7,8мин максимум. Секој месец качува по околу 1кг, а башка колку што внесуваше во неа, толку и повраќаше. Сега е 6 м и веќе прекина со повраќање или еднаш во ден само. Па еве ја како бумбарка е напраена, раце немам..
Фала мами, ќе почекам до следно мерење, се надевам ќе има качено. На колку време им дававте да цицаат на бебушите кога беа неколку дена стари?
Некогаш на два саати, некогаш на 30 мин, зависи кога си бараше. Моето си покажуваше така шо додека ми е во раце самиот се врти накај мене и устето го става на мојата рака и почнува да „шмука“. Ако почне да се успива за брзо додека е на града, го чешкав по стапалцето или по главче.
Мајка прво смири се и опушти се. Дали знаеш дека и многу бебиња губат од тежината уште на тој прв преглед имаат дури и помалку од тоа што ги испуштиле од болница. Друго нормално е да цица 5мин кога ја доиш толку често. Штом полни пелени и не плаче агресивно како кога е прегладнета немаш апсолутна никаква причина за грижа. Од првиот ден кај мене спиеше убаво се будеше во ноќта на 4,5часа ја пробував да ја будам ама она ке го стегнеше муцето и не сакаше ни да се разбуди ни да цица а полнеше пелени убаво и се откажав решив да не ја будам. На првата контрола после 5дена имаше малце качено, ама на втората вејќе имаше просек 40грама дневно. Пробај и така,не ја малтретирам ни неа ни себе,не ја буди толку често навечер па може ке почне и по повејке време да цица ако е поретко. Прати си го детето не се ослонувај ни на саат ни на времетраење на подој.. јас првите денови бев како тебе само гледав колку е саатот после два три дена се откажав ако она е гладна нема да спие секако ако е здрава права без жолтица ако е со жолтица тогаш е друго
На 15мин. 30мин. 1час,2часа, некогаш цел ден висеше на цицка, ако го тргнев плачеше.. Секогаш различно и тоа е нормално. Доењето е секогаш на барање на бебето, кога сака и колку сака. https://instagram.com/doenje_so_ljubov?utm_medium=copy_link Тука ќе најдеш одговори на многу прашања.
Девојки ај ве молам да ми кажете дали сте пиеле мукоплант на dr theiss за искашлување за време на доеље. На упатството пишува дека нема доволно докази, матичната ми го препиша мисли дека смеам. Мене ми е шубе а ми треба да го пијам, пијам и панцеф
Штом ти го препиша матичен,пиј го слободно. На многу лекови пишува дека треба да се соверуваш со матичен пред да го земаш, да дозволи.
Женски клиндамицин смеам да пијам? На е лактинација стои зелено, во упатство пишува дека не треба да се дои.
Ви се случило да ве болат сите заби? Цела горна вилица ме болат забите. И шо смее за болка да се пие? Аналгин велат не смее, некои смее, а мене ми даваа после царски, а и кога си појдов дома со бебето неколку дена пиев за болка)
Здраво, можеби е глупаво но морам да ве прашам зошто не смее да се кади риба додека се дои и не смее да се кади исто пример колачиња со ореви лешници? Знам за грав зелка грашок дека не смеј ама и овие работи?