Да, јас имав. Не ми сопре воопшто, не се ни намали. Бебе цицаше, па се молзев. Важно било градите да се празнат редовно. Имаш мастит?
Да, т.е. мислам дека е мастит, ама ми се намали млекото т.е. капкс по капка тече само со рака, со пумпа ич. И на бебе не му тече, се нервира и сам се трга од таа града. Во спиење повеќе му ја подметнувам, се надевам дека исцицува нешто...
Мама можеби имаш затнат канал. Ставај топли облоги пред молзење и пред цицање за да се отворат каналите.
Да, имам болки. @IRBBB ставам облоги, нема ефект... Едит: според сѐ шо прочитав, не ќе да е затнат канал.
Провери да не имаш како грутче стврднато и болно, ако да масирај го често и пред подој топли облоги и масажа, а после подој облоги со ациди борици, мене тоа ми помогна. И молзење само и бебе почесто на таа града.
Да, слободно. Не навлегува во крвоток активен јаглен, се исфрла преку столица. Безбеден е и во бременост и за време на доење.
Colief како го давате со доење? На него пишува во 15мл млеко да го растворам и да давам со лажиче па да продолжам со доење... Ми нема смисла ова за 20 дена бебе. Јас во лажичка капнувам млеко и 4 капки и го оставам 15мин па го давам пред доење, има ефект така?
Не облоги. Ќе земиш во пластично шише мало од 0.5/0.33 врела вода ќе ставиш и со него ќе масираш кај што ти се грутките ,во насока накај пупката пред цицање ,ќе пушти ако е затнат канал.