Skroz go potepav kako ostanav trudna. Imas po marketive. Zemi si heineken ili stela tie mi se omileni inace ima i drugi brendovi. Em e ubavo em puni gradite so mleko
Мајки штотуку породена сум, веќе трет ден со пумпица одмолзувам, гради тврди ќе пукнат. Уште сме во болница, малиот е у инкубатор ради мала компликација, но му даваат од моето веќе втор ден. Ставам топло на гради, едната почна по малку да шприцнува другата одвај. Од искуство на почеток по колку би требало од града да одмолзувам? По одмолзување ептен меки ли треба да ми бидат? Кога да очекувам повеќе млаз, и давајте совети како и што да правам. Тука ќе останеме не знам уште колку... се одмолзувам на 3 ч. Советувајте искусните.
Прво нека мине мајка побрзо да си гушкаше бебе и да си цица оно. Вака по мое ова. Не чекај на три часа одмолзувај се почесто, колку количински немам поима додека да ти олесни мајка сега на почеток не верувам и дека би имала мн млеко да шприца, градите масирај ги од горе во насока накај брадавката така пробај исто може да се измолзиш и да ти олесни. Зошто ставаш топло? Нема потреба,топло се става ако има запуштен канал . На почеток ке ти бидат тврди градите можеби подолго време,можеби и после одмолзување да не ти омекнат скроз. Не знам дали треба вака ти сама мајка ке си откриеш што тебе ти прија, самото тело ке ти кажува ова е само мое искуство. Со лесно мајка
Може. Една чаша. Само не чаша од 1литар Јас сега брзо се напив коктел , секс он д бич(не цел, ама 150мл испив) ама откако бебе цицаше, зошто после алкохол 2-3часа не треба да се дои бебето. Иако сме доилки не сме осудени, ако е разумна количина, ако е одговорно, добро спроведено, не е штетно
Ако ти се тврди не чекај три часа, јас во болница сум се измолзувала на пола саат, ќе ми пукнеа. Колку искача- толку, нема некое правило, и така новороденче не исцицува повеќе од 20-30 мл. Треба да одмолзиш додека не осетиш олеснување, дека не се камен. Ако ги одмолзуваш до крај да бидат ептен меки може да се случи да направиш стимулација и стално да ти се преполнуваат. Градите ќе лачат онолку колку е побарувачката. Секогаш на почеток е вака, додека да се стабилизираат хормоните и побарувачка-потрошувачка. Трпение и никако не оставај да се преполнуваат и да те болат. Со среќа и честитки за бебушот!
Одмолзување мајка колку да ти олесни, не до крај да ги празниш градите, така надоаѓа повеќе. Јас еве цел месец скоро ги одмолзував до крај за да ми надојде убаво млеко. Не чекај под саат, кога ги осеќаш тврди и болни, одмолзи се. Количински колку треба да одмолзуваш не би знаела да ти кажам, јас одмолзувам некогаш 10мл некогаш по 60мл. Другарка стандард 100+мл измолзува... Топло мислам дека не ти треба, тоа ако имаш запушен канал па да опушти. Провери по градите ако осеќаш грутки тогаш масажа со шише со топла вода може да ти помогне. Брзо да си се гушкате со бебче
Топло ставам дека не сака да тече, држам термофор 20мин и почне да тече со пумпата, вака без топло одвај оди влечењето.
Сега ти надоаѓа млеко за тоа така, само масирање од горе према брадавката. Мене ми беа така тврди ко камен неколку дена, а со пумпа едвај 10,15мл вадев. Ке се среди мајка не се плаши. На почеток и толку цицаат малку количински 20,30мл. Ке почне да си цица бебе дај боже уште денес да ти го донесат па ке се среди полека.
И јас првите денови се одмолзував. Количински првите три - четири дена немав скоро ич по 5-10 мл на 3 саати одвај. После 4-5 ти ден почна да ми надоаѓа по 20-30 мл. Само упорно, и ако имаш можност таму туширање со топол млаз помага, замоли некоја од сестрите-бабиците да ти ги истиска градите. Третиот ден мислам највеке болат зошто надоаѓа млекото, ке се среди за неколку дена. Со лесно и живо и здраво да ти е бебчето, што побрзо да се гушкате.
Еве подобар е па денес верпјатно ќе се гушкаме и ќе пробуваме цицање, но со моите рамни брадавици ќе видоме како ќе биде. Порачав медела силиконски или томи типе па ќе видиме како ќе се оправаме.
Na pocetokot site tesko vleccat, mali se nemaat sila. Jas nemam ramni pa pak izvlekuvav prvo so pumpa bradavicata na posle davav na bebe. Ova traese nekoja nedela posle ojaca si ja fakase sama
Ќе бидам упорна да се оправиме. Сега педијатарот ми рече 10мин на града ако не влече да дадам измолзено пд шише.
Информативна слика за тоа колку мл млеко е потребно за новороденче првите денови. Колку е големо неговото желудниче. За сите што сме се двоумеле дали имаме доволно млеко.
Да ве прашам нешто... 33та недела сум, а немам никакви промени на градите, ни зголемување, немам болки, меки си се и мали брадавиците исти како претходно, дали е нормално? Се плашам дека нема да имам млеко...
Е зошто да немаш?Уживај си ги последните деново во трудночата и ич не му ја мисли.Овие последни недели посвети ги на едукација околу доењето,фат, стимулација итн.Па кога ќе се роди бебече,примена на теорија во пракса, ќе го ставаш на града што почесто и ќе пишеш тогаш дали имаш или немаш млеко. Не ги фаќај градите да не предизвикаш предвремен пораѓај и со лесно.
Истото ми се случи, градите 3 ден ми се наполнија, тврди камен. Измолзував колку да ми олесни, не до крај. Тоа траеше една недела и потоа ми се среди. Едната брадавица ми е помала па од таму цицаше со силиконска. Сега е две недели бебуш почна да си ја влече, цица без.