Сите сме поминале низ тоа, не дека сме биле и ние поприсебни и не сме паничеле Јас на почеток такви кризи имав, бебе плаче не сака да цица, јас со него плачам зошто не цица, и тоа неколку денови траеше. Можеш да пробаш пред доење со пумпа малку да одмолзиш и да стимулираш спуштање на млеко (или рачно одмолзување), па да го понудиш тогаш. Кај мене успеваше доење кога е пред заспивање, или одма како се разбуди, додека е уште сонлива.
Смири се, штом полни пелени нема што да му ја мислиш, столицата ќе мења нијанси, само да не е бела/црна. Плус качува на килажа, не стагнира или губи. Две кила за месец ипол е повеќе од одлично. Плус качување во килажа не е линеарно, знаат во неколку дена нагло да качат, затоа мерењето треба да биде месечно. Веќе ти пишаа, најверојатно сте во скок според однесувањето. Исто и ако има грчеви ќе бара цело време да биде на цицка. И син ми првите два месеци се будеше со плачење, па не помислив дека е гладен туку си имаше мака со мешето. Дали ти се буди во раце ако спие?
Во раце ако спие не се буди, некако како само да му треба љубов периодов...полни пелени, мочка и се тоа има по 2-3 какани во денот... Сега баш му сменив златно жолта беше, немаше многу ама нормална столица... Пробувам да го ставам на левата града вришти, мислам дека таму ми се има намалено млекото поради тоа што ин не сака да ја фати... Десната ја фаќа, па пушта и плаче... На чекор сум мислам да му дадам ад, многу ми е жал кога го гледам како прави со устето како гладно да е.. го земам во раце, го местам за на града и вришти, му давам и чајче, си го пие лакомо, тоа најмногу ме разочарува... Штом го пие чајчето, дека е гладен. Порано градата ни била утеха за се, сега буквално ги осеќам меки, како празни. Со пумпа кога пробав електрична ништо не извади, неколку капки само..
Ти си знаеш мајка. Со оглед на пишаново најмалку што можам да те советувам е прво консултација со педијатар за дохрана. Тоа што истата може да се купи на секој чекор не е оправдување да се дава бидејќи детето е нервозно, спие само во раце и пие благ чај. И консултација со лактациски консултант доколку сакаш да продолжиш со доење.
Иста беше и мојата во тој период кога ја ставав да цица плачеше, а кога цицаше, ептен кратко цицаше 2-3 минути максимум 5 минути. Јас ми се чини од шо мислев дека не е доволно ја форсирав на цицка цело време и од тоа повеќе не сакаше да цица. На крајот испадна дека малата е ептен ефективен цицач за 3 минути успева да се најаде, значи посилно влече. Меки гради, ништо не значат јас моите кога ќе ги фатам мислам ништо нема во нив. Млеко повеќе од 20 милилитри никогаш немам извадено со пумпа. Јас еден куп плачки и стресови имав што не е убаво ама ете не ми снема млеко. Биди малку по самоуверена бебето полни пелени, напредува.
Изгледа тој период е, исто ја фаќа градата 2-3 пати ќе повлече и ја остава, и дека помеки градите и имам чувство дека воопшто не цица... Мислам дека од читање се и сешто на гугл ме има фатено паника и од коментари на домашните од типот ете плаче гладно е или ете го исплазува јазичето гладно е и на секои 10 минути му ја бутам градата... Ќе го носам денеска на педијатар да го мериме овие денови дали е ок вака, па ќе видиме, едино што малку се сомневам е што можеби носето му е затнато, па тоа да му пречи..некако така ми диши овие 2 дена.. А самодовербата на почеток ми беше плафон, потоа откако почнав се да читам, мислам дното го допрев...
Откако не испуштија од болница за 4 дена на одмолзено и цицање качивме 180гр, по една недела само на доење качивме 140гр од причина што педијатрите ме тераа помалку да му давам ради компликации во болницата и јас го кочев. Беше 3 дена вознемирен, непрепознатлив бебе. Вчера на преглед ми рекоа давај колку сака и кога сака. Вчера развив мастит, тт 38. 3 го доев често и беше пак истото мирно бебе. Денес од 9ч до 4ч се сме на цицка, меки ми се и мислам дека не е најден пак е раздразливи и вознемирен, око нема склопено од 9 сабајле. Пијам амоксиклав. Може ли да ми се намали млекото?
Мајка исчитај ја убаво темава мн ќе ти помогни, имам и јас пишувано, сите сме поминале таков период со бебчињата, сега ми текнува дека исто така се тегнеше од града, мене меки градите тоа плаче плачев и јас, верувај период е и ќе помине. Ние еве веќе година време се доиме успешно, иако никогаш не сум имала тврди гради ниту сум успеала да измолзам со пумпа повеќе од 50мл.Следи полни пелени и качување на грамажа. Се надевам ќе ни пишеш пак со позитивен исход.
Ја не знам дали домашните освен 'немаш млеко' гладно е да кажат друго знаат. Место да бидат поддршка они ете немаш млеко гладно е плаче,пу бре. Дете што е гладно не кака 2,3пати и тоа жолта кака и не качува 800-1000г за не полн месец. Така да имаш млеко, бебето плаче од што е бебе. Да даваш АД на овој напредок за мене е малце лудничаво извини
Зошто да даваш помалце да цица ? Заради некој проблем или да не качува многу на килажа? Празниги градите редовно. Кај мене не се намали млекото после мастит и антибиотик.
Заради давење со млеко во болница и аспирација на млеко од бели дробови. А он еве испи од мене 70 и ад 30 и пак не заспива. Ме збудале денес ќ.
Едно прашање до мајките кои не ги дојат бепчињата во текот на ноќта. Дали ви се намалува млекото со тек на време затоа што бебе не цица, или се измолзувате секоја вечер? Јас прво се измолзував после 5 часа од последно доење, после продолжив на 6, па еве стигнав и до 7. А за да издржам до сабајле, треба 10 саати да поминат од последното доење. Не знам дали би можела толку. Кај мене бебе веќе 2 недели не се буди за цицање, ама јас секоја вечер сум со пумпата во рака, обично 6-7 саати од последното цицање. Страв ми е да не ми се затне пак некој канал ако не испумпам навечер. Стварно ми е мачно веќе да станувам секоја вечер за тоа, пошто бебе често плаче во сон и така заспана седнува и плаче во креветчето. Морам да станам и да ја легнам, некоја минутка, две, додека се смири, па јас си легнувам. И ова се случува некои 7-8 пати секоја вечер. И плус молзењето. Некако многу ми се фаќа станување. Не секогаш успевам да презаспијам. Како да имам новороденче, а веќе 7+ сме.
Деугарки, имам прашања во врска со измолзено млеко. Колку време стои на собна темп? А колку во фрижидер? Ако сакам да го стоплам после како да го направам тоа? Како ќе знам колку сум го стоплила? Фала виии
Фала за линкот. Дополнително прашање тоа што е измолзено на собна се дава темп или треба да го стоплам пред да го дадам?