Веќе ти посочија да побараш совет од лактациски консултант. И јас на почеток водев битка со доењето, бебе беше и на града и со ад. Имав рани од што лошо ме фати бебе на почеток и бавно ми поминуваа, па поради тоа беше комбинирано со хранењето. Околу месец време ми беше потребно додека да премине само на цицање. Полека почнав да намалувам со ад и да си фаќам ред со доење. Во ниту еден момент никој не ми кажал дека после цицање не смеам ад. Се сеќавам дека имаше моменти кога после цицање бебе си продолжува да плаче, па и правевме дохрана од 30мл со ад. Мој совет, следи си ја интуицијата и нормално знаците од бебе. Според мене не е грешка и после цицање ако понудиш ад. И никако не се откажувај од доење, само упорност и ќе се најде решение. Ако бебе не сака да цица, понуди го после 30мин. Или фаќај го пред заспивање, или одма после будење.
Ќерка ми 5++, се вакцинирав прошла недела со Фајзер. Не дека чекав нешто да потпорасне, него прележавме корона во 5ти месец бременост, па и јас и она бевме пуни со антитела, а секако не планирав да шетам по кафани. Си ја доев најнормално, супер сме си. Во однос на вакцините нејзини, прашав прошли пат кога бевме, докторката рече врска нема едно со друго, кога сакаш вакцинирај се. Во ноември, кога имаше она 3 месеци, се вакцинирав и за грип, исто доев одма.
Нема врска едното со другото. Мене педијатарот ми кажа слободно да се вакцинирам после 40 дена од породувањето кога сакам и најнормално да продолжам со доење. Не напомена дека треба да темпирам со вакцините од бебе. Примив прва доза Фајзер кога бебе беше нецели 2 месеци и го однесов редовно на вакцина.
Дали некоја мама има слична ситуација како мојата… Бебе е испуштено со 3800 г од болница.. 10 дена подоцна бевме на контрола и повторно 3800 г … само на доење е ..
Мајка слични сме. Ако измолзувам и му давам нема проблем си пие, ако цица некој ден до поручек е задоволен после морам дохрана оти вришти за јадење. Денес цица и цел ден вришти бара уште, давам дохрана. Молзам и по 120мл но поручек сме во офанзива на голема побарувачка. Педијатар ме советуваше ако има потреба да давам дохрана. Не знам како да се задоволиме само со цицање. Пукнав од нервози со доењево, не ее откажувам но веќе ми е грев што толку вришти.
Дали пиеш чај за доилки? Би ти препорачала Лактамикс или Хип. Исто така Лактил таблети едно пакување да си земеш. Во исхраната гледај да вклучуваш житарки,јас скоро секој ден сутлијаш јадев,покрај другите. Од житарките се создавало повеќе млеко. Пиев и сок од јаболка,вода,јогурт и чај. Моето бебе кога се роди беше мрзливо,а јас упорна за да цица,па така бидејќи послабо напредуваше во почетокот после секој подој му давав со шише мое измолзено млеко. Така теравме некаде до 40 дена и после си фати ред на града. За 1 месец напредна и повеќе од очекуваното,а најбитно никогаш не посегнав по адаптирано млеко(иако имав купено за не дај боже). Најмрзлив беше ноќе за цицање,па така на прво будење ноќе добиваше одмолзено млеко во шишенце. Важно е прво да понудиш града,па потоа одмолзено млеко. За да не се нервира бидејќи не тече одма млекото од града(како од шише) стимулирај брадавица да надојде млеко,две три капки одмолзи,размачкај на брадавица и понуди на гладното мече
Чај за лактација три пати на ден, боза, безалкохолно пиво, се по реф, храна фокус на здрава. Еве сабајелево понудив, боже пази дека ќе закачи. Вчера вечерта бар повлече едно 5-6 пати. Пробано и со стимулација со пумпа пред нудење, не ми влијаеше. Фала за советите и споделеното искуство.
https://www.e-lactation.com/en/ketoprofen-pr/ Еве конкретно за кетоналот, а на странава во иднина можеш да проверуваш лекови кои можеш или не да ги пиеш додека доиш.
Луѓе како се справувате кога им почнуваат заби? Ме гризна, па уште тегне со забите, до срце ме заболе
Еве и јас со таа мака, најмногу ради тоа и што цица цела вечер сакам да ја одбијам веќе. Сакав да прашам, што за во текот на ноќта? Млеко друго не прифаќа, сок не сум ни понудила.. 1 год е, дали е во ред да не пие ништо дур спие навечер?
Уф секојдневно, а запчињана одвај пркнале! Само немој како мене, еднаш писнав од памет го извадив, се изнаплаче
Јас летово кога бев да се вакцинирам, во вакциналниот пункт ми рекоа дека бебе треба да има најмалку 3 месеци. Доилки со Фајзер вакцинираат фиксно, немаш да бираш. Нормално си доев цело време. За неговите вакцини никој ништо не ме ни праша ниту ми кажа, па фала богу одлично ги поминавме. Ако ти е шубе темпирај ја твојата вакцина спрема неговата сметајќи дека на 21 ден имаш ревакцинација.
Јас се вакцинирав пред 3 месеци, во консултација со трансфузиолог и имунолог, нема врска што викаат на 3 на 2.цел свет и трудници се вакцинираат,